|
|
Личности со милионеки евра во Идризово |
Во денешни услови во КПД Идризово и во другите затворски установи во нашата држава издржуваат казна личности за проневера на финансиски средства изразени во 6 цифрени бројки во европската валута евро. Тие се познати личности од општествено-политичкиот живот во нашата земја. Да одиме по ред, Велија Рамковски-сопственик на некогашната ТВ А1 и тогашниот дневен Весник Време каде финансиската полиција откри т.н. "финансиска пајажина со затајување на данок во милиони евра. Затворска казна издржува некогашниот сопственик и во тоа време телевизиски магнат Велија Рамковски и негови блиски соработници. Единствено во бегство е неговиот син Хеди Рамковски. Новинарот Зоран Божиновски кој пред извесно време е екстрадиран од Србија за издржување на затворска казна. Извесно е дека кај него се наоѓаат дел од прислушуваните разговори кои ги објави со т.н. бомби, аболицираниот (2 пати) лидер на СДСМ Зоран Заев, алијас Бошко Буха. Исто така, од Србија пред извесно време е екстрадиран поранешниот дирек тор на Царинската управа Драган Даравелски кој се товари за проневера на милионски суми изразени во евра. Љубе Бошковски издржува затворска казна во Идризово за проневера на финансиски средства во изборна кампања. Се работи за 100.000 евра. Тандемот Тони Мицајков и Диме Богдан - екс директори на прилепскиот Тутунски Комбинат одлежуваат затворска казна за проневера на финансиски средства во делот со акцизи во прилепскиот монопол. Браќата Слободан Даневски - поранешен Градоначалник на Свети Николе и екс пратеник во Републичкото собрание одлежува затворска казна во Идризово за малверзации со стоковите резерви, а неговиот брат Зоран кој пред извесно време е екстрадиран од Бугарија се товари за тежок криминал во задругата Џумајлија. Останува ростерот на затворската екипа, да се надополни до Д-р Владо Димов за кого е распишана Меѓународна потерница кој како екс Министер за здравство има направено финансиски малверзации во тамошното министертство. Г-динот Димов се претпоставува дека моментално е на некоја клиника во соседна Бугарија. Иронијата да биде уште поголема екс премиерот Владо Бучковски кој е осуден на затворска казна за аферата во јавноста наречена тенковски делови се уште се нема сместено во кампот за одмор и рекреација наречен Идризово. Неколку пати го одлага одењето во затвор под изговор да заврши семестарот (не знаеме кој летен или зимски). Најголем бенефит има бомбашот Зоран Заев кој во 2008 година беше осуден на затворска казна за сторен финансиски криминал од преку 8 милиони евра во аферата наречена Глобал во тамошната негова општина Струмица. Но, тогашниот Претседател на Република Македонија, неговиот мецена Г-динот Бранко Црвенковски го аболицира зајчето. На крајот од ова мое писмо се прашувам колку тежат финансиски овие 1о мина истакнати некогашни личности од општествено-политичкиот живот во нашат земја.
|