Среда, 01 Јуни 2016   
Што би направиле со осум милиони евра?!

kostadin-kerpicoski
Костадин Керпичоски

Актуелниот лидер на опозицијата заедно со уште петмина други лица во средината на месец Јули 2008-ма година за случајот "ГЛОБАЛ" заврши во притвор за криминал тежок 8 милиони евра.

Наротски кажано дечкото незаконски и против сите правни норми во државава се стекнал со 8 милиони евра, пари кои до тогаш биле државни.

На 3-ти Август 2008-ма година со поптис на тогашниот претседтел г-дин Бранко Црвенкоски беше потпишана аболиција со што практично прекина гонењето на лидерот на опозицијата.

Што е поентата? Е па лидерот на опозициската СДСМ до ден денес е единствениот аболициран политичар кој пригабил 8 милиони евра државни(народни) пари. Истиот тој човек преферира за премиерската позиција денес, носител е на насилните протести организирани од СДСМ а финансирани од СОРОС и е прв противник на аболицијата донесена од страна на претседателот на државата г-дин Ѓорге Иванов со чија аболиција требаше да престане политичката криза во државава.

Замислете, парадокс-аболициран политичар уште е во политиката и преферира за премиерското место воедно и бара во Стразбург да биде повлечена аболицијата а секоја вечер знам, сигурен сум дека моли бога да не се случи тоа затоа што практично не само теоретски ќе одговара за сторен голем криминал каде казната е најмалку три а и до пет години затвор.

Замислите тој човек е сеуште во политиката и се нарекува политичар?! Само наречен лидер!

Јас имам друг предлог кој се надевам дека од повеќето вас ќе биде прифатен, мислам дека е навистина добро да се симне таа аболиција и лидерот да си одговара(и онака тој сака да си одговара за стореното кривично дело) парите да се вратат во државната каса. Потоа секој денар од нив да биде распределн што за плати, што за пензии, што за нови проекти а дел да биде и поделен на оние најсиромашните и најзагрозените во државава. Што мислите?

Па нели е подобро парите да се вратат кај сопствениците? Не не, не сме се разбрале, не само да одговара туку и парите да ги врати, бидеќи народот нема ќар од тоа што некој ќе одговара за украденото!

Јас мислам дека токму тогаш кога овој човек само наречен лидер ќе одговара за своите дела и постапки токму тогаш ќе се врати правдата во државава и вербата во судството иако јас на пример верувам во истата институција.

Ех драги мои пријатели, колку треба да си дрзок, безобразен и безчуствителен за да украдеш огромна сума на пари и денес не само што си познат бизнисмен ами и да си политичар, само наречен лидер и да преферираш за премиерско место.

Па добро како ќе не води тој човек? Ако од позиција на политичар украл толку многу пари пто ќе биде кога ќе му дадеме да ни ја води државата? Ќе остане ли нешто од неа? Мислите ли дека ќе има барем за плата? Јас мислам дека Македонија ќе престане да постои како таква од момемнтот од кога тој човек ќе дојде на власт.(НЕ ВЕРУВАМ ДЕКА НЕКОГАШ ЌЕ ДОЈДЕ)

Значи, извлековме заклучок дека само наречениот лидер е човек кој сака правна држава, верба во судството и неговите органи и затоа ќе бара повлекување на аболицијата изречена за него со која му е простен арамилук од осум милиони евра!

Хмм, кој ти знаел дека човек има искрени намери....

Еве незнам, цела Македонија е во заблуда, ќе дојде ли денот Д кога тој човек ќе одговара па "сите ние" по него?!

Никогаш немој да гласаш за криминалец!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.