|
|
СЕ’ ИЛИ НЕШТО |
„Волкот крзното го менува но не и табиетот“ е народната со која сакаме да продолжиме и ја вадиме на виделина вистината за политиките, стратегиите, методите и средствата на „стриптизетка“ опозицијата. Инаку кај нас простите, некапените, неписмените и т.н. „не“ граѓаните, што ни се епитетите од ЕВРО-љубителите, стриптизетки ги нарекуваат старите искубани кокошки кои се чистат од фармите и од камион пошто-зошто се (про)даваат по пазарите. Станува збор за компарација која и и҆ доликува на формата без суштина, старата крнтија која бр(м)че а не оде (на избори) и која некои се уште ја нaрекуваат партија. Едни од потреба други по навика. Се нема дилема, неподелено е мислењето дека решение на кризата се изборите. Да, но ќе дозволите, на кои СДСМ ќе победи. Како? Вака, шарено! Со платено и увезено лудило, Соросова пропагандна машинерија и, се подразбира, под чадорот на факторот. Проклето, Белата куќа и старата ороспија исаф милионски држави со милијарди долари демо(н)кратизираа та за оваа педа земја и рака народ и грст им се доволни. Примамливо звучи долу аболиција 56/56 на амбачадорот Га(ј)рет, арно ама не и целосно ако не е 62/62. Фалат уште 5 за „Глобал“ и плус 1 за Заев, единствениот преостанат аболиран политичар. Цар! Но, кога сме веќе кај дипломатов да (го) прашаме: а шо мајка бара нос да пика во македонцките внатрешни работи? Шо не си пули масата во куќата под Водно и околу неа оградата. Толку колку што му следува а не да мудрува и пресудува кој, како, зошто, кога. Какви сме такви сме, колку сме толку сме – „токму“ сме. На крајот на краиштата и да не сме сите „со сите“ што го боли забот него кој е кој што е што? Ај море в ќумец таму внатре или пак сиктер оттука надвор! Состојбите се и премногу јасни. Или вистинските социјалдемократи да им дадат шут карти на неситите гниди и јуди во нивните редови или, пак, како противтежа да се воздигне некоја нова и чиста партија. Автентична, со визија и програма а без приватизација, безработица, безрбетници и слични опашки. Вака, иако горат и се’ ќе сторат (скроз!) да го тргнат Груевски, ќе губат дури мрдаат макар и од било кој од неговите наследници се’ додека овие чуваат национални интереси, нудат програми, даваат отчети, остваруваат проекти и, се разбира, покрај сите пропусти. Вистината е една иако за некого тешка: ВМРО создава со грешка - СДСМ уништува без грешка! Тука споредба нема а камоли и равенство. Затоа и 9:0 ем прпа од 10 па 1000 изговори и бришка од избори. Значи гласно резонираме и јасно констатираме. Смена на Груевски е можна, дума да нема. На ВМРО исто така. Арно ама, се покажа и докажа, ѓаволски тешка работа е инсталирање на СДСМ на власт со оваа корнишон & Луј Витон двојка. Или не барем на подолго. Лимитите на другарите кои се наклонуваат на снимките и поклонуваат на странците се тие и толку: техничка влада во која би партиципирале, широка коалиција, експертска ли (со дел нивни кадри) и слични без избори изнудени хибриди. Скорешна изборна победа за оваа искусена гарнитура е само пуста желба без никаква основа. Тоа е. Времето на едноумието било и поминало а само подзапрело во Венецуела, Куба, Северна Кореја и во главите на слугите на увезената и платена шарада кои тие милуваат да ја нарекуваат револуција. Ако, нека, и петлите и кокошките имаат право да сонуваат орловски височини, зарем не? Па добога кој уште би прифатил и вратил транзициски термити, национални (име, знаме, устав) предавници, пролетери-профитери со милионски банкарски сметки и разно-разни јајца кукавички? Рецидивите од минатиот век и систем и нивните готоваана следбеници полека но сигурно демократијата и коњуктурата ги (о)ставаат тамо и каде што им е местото. На буништето од минатото, црвеното еднопартиско гумно од срп покосени човечки судбини и масовна гробница од чекан смачкани разномислечки глави. Срамната голгота и гола вистина за голите отоци, безмилосни човечки млинови. (Б)една е вистината за постоење и делување на ова матно друштво без никаква свест и одговорност, мутирана сина измама со стара црвена генетика во три варијации на тема. Прво, да се сами власт и тогаш ќе бидат и сити и бубалки. Второ, да се партиципиенти во „шарена“ влада (техничка, преодна, широка...) по цена троа мир – троа немир. И трето, доколку не се воопшто дел од власта - пекол. Колку за опонентите повеќе за граѓаните, па нека му ја мислат сите што прават. На патот (или крстосниците) на вандалите. Тоа е тоа нивно врвно безобразие: или на власт сами или во власт на други - се или нешто. П.С. Шарена рев(з)олуција: импичмент за Иванов, Бејли за претседател а Гарет за премиер. (Бело)светско а наше!
|