Среда, 08 Јуни 2016   
Костадин Керпичоски: Нема потреба од предвремени парламентарни избори!

kostadin-kerpicoski
Костадин Керпичоски

Голема лага е барањето на избори од страна на СДСМ! Уште поголема лага е дека тие ќе излезат на истите и ќе победат!

Самата политичка партија се базира на лаги и деструкција!

Која е вистината?!

Вистината е дека тие ниту сакаат избори ниту пак мислат и се убедени дека ќе ги добијат тие избори, ами изборите ги гледаат како единствена шанса да по новиот закон за избори дел од нивните кадри влезат во извршната власт во оваа држава и колку толку се одржуваат за во меѓу време да направат тотален хаос!

Хаос сличен на оној кој го оставија зад себе кадрите на СДСМ(министрите) на 100 дена пред закажаните избори.

Хаос кој би значел на пример втурнување на Македонија во уште поголема и потешка економска и политичка криза!

Всушност јас сум благодарен на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Никола Груевски за тоа што го прифати нивното барање и новиот закон го гласаа и пратениците на владеачката партија па така на 100-те дена пред секои избори граѓаните ќе можат да се потсетат како владее СДСМ, на кој начин им враќа на луѓето и за што истите ги смета и дали воопшто ги почитува. 

Последново укажува на тоа дека овој политички потег на Никола Груевски е многу мудар и ги стави кадрите на СДСМ во шах-мат позиција. 

П.с Да не зборуваме за врхушката во која владее тотален хаос и безредие, немир и превири, меѓусебни кавги и расправии, недостаток на финансиски сретства и што ли уште не НО тоа е и оправдано кога ќе се изнаслушаш "петарди" за себеси како што тоа го направи лидерот на опозицијата..

Да се вратиме на темата, зошто предвремени парламентарни избори кога народот веќе девет изборни циклуси со ред го кажува своето мислење и тоа повеќето од нив пред да заврши претходно дадениот мандат?!

Зошто предвремени избори кога релевантните анкети на повеќе реномирани институти покажуваат дека разликата помеѓу владеачката ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е огромна, исто така и помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев?!

Доаѓаме до заклучок дека предвремени парламентарни избори воопшто не ни се потребни и не треба да ги има бидеќи со нив се закочува работата на државата, се загрозува работата на институциите, се доведува во прашање безбедноста на државата и се трошат огромни суми на пари!

Всушност ако сакаме СДСМ да има свои кадри во редовите на извршната власт само тогаш и повторно велам само тогаш треба да одиме на предвремени парламентарни избори.

Лично јас ниту сакам ниту пак сум го променил моето мислење од пред неколку години за да ми бидат потребни нови избори да се искажам, исто така воопшто не сакам својот револт кон челниците на СДСМ да го изразувам со насилен протест, гладување, уништување, палење и поставување на црвени лини кои доколку се поминат страда и ќе страда Македонија!

Токму затоа, уште еднаш велам дека не сум за предвремени парламентарни избори, или ќе имаме избори или ќе тераме реформи од секој аспект во нашата држава!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.