|
|
„Манастирите во Македонија“ - Македонската земја на прво место по бројноста на манастирите (2) |
Подготвил: Тихомир Каранфилов „Македонија иако најмала по површина и население меѓу соседните балкански држави, држи рекорд по бројот на преживеаните 155 манастири и разрушени 90 манстири – вкупно 245 манастири. Уште еден доказ дека во земјата каде се родиле св. Св. Кирил и Методиј, Климент и Наум, Јоаким Осоговски, Гаврил Лесновски, Прохор Пчински и други национални светци, всушност била културно-просветен центар...“ – пишува Георги Трајчев во својата книга „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933). Трајчев е свесен дека меѓу дебелите ѕидови на нашите старославни светини манастирите, на тие Божји домови каде се запалени светилници во кои маслото никогаш не догорува, се ковала судбата народна. Тој знае дека племенските и народните бисери се сохранети во скровиштата на нашите манастири, дека таму се зачувала целоста и неповредена нашата вера и јазик. Во време кога непријателите со сила, лаги и фалсификати на науката и историјата, сака да го обезличат македонскиот народ и име, во време кога е потребна една поинтензивна работа од сите синови на Македонија, тој објавува повеќе книги за Македонија. Трајчев воден от тие причини ја припреми книгата – „Манастирите на Македонија“ во кое е собрано се што се знае за нив (до колку тоа му беше овозможено), од домашни и странски извори (околу 30 бугарски, 22 србски, 5 руски и др.), кои на многу места ги дополни со свои податоци и сведоштва, со свои набљудувања и изучувања на самото место, како училишен егзрхиски инспектор. Тоа еден интересен и значаен труд за огништата, од каде пламна искрата на сознанието за големината на македонскиот народ. Познато е дека во Македониоја, по примањето на христијанството, се појавило и монаштвото, по византиски образец и тоа од тука, особено од Охридско и Преспанско езеро, од западна Македонија се шири кон север и исток, на југ. Во македонските краишта, земјата на големите подвизи и дела, како земја длабоко религиозна, манастирите се посеани на сите страни. Благодарение на тој здрав штит, зад кој и денес се крие крепкиот народен дух, тој е неповреден и многу силен. „Во славните и херојски македонски земји има зачувано денес над сто и педесет манастири, во кои измачениот човечки дух се засилува и во кој, по благоволение Божје, е сохранета скинијата со родните закони. А таму има уште и други околу сто манастири, чии рушевини спомнуваат на големината на народот. На малиот Балкански покуостров, страдалната, но горда во бедите, македонската земја држи првенство по бројноста на манастирите“ - пишува Трајчев. На светите браќа равноапостоли каде е родната лулка? Светците: Климент Охридски и Наум, чиишто праведен дух лебди над нас и не води по чисти, прави и осветлени патишта, каде ја развија својата творечка дејност на благочастие, верска ревност и родољубен подем? Во времето на цар Самуил, во Света Гора бил изграден Зографскиот манастир, но и многу други за времето на македонската династија на престолот на Византија. Трајчев во својата книга „Манастирите во Македонија“ во кратки црти ги опишува манастирите во Света Гора и дава посебен осврт на Хилендар и Зограф, кој што го градат тројца браќа од Охрид. За манастирите во Света Гора кои за време на владеењето на Турците биле еден од главните центри на источното христијанско искуство, еден вид школа за тоа искуство, тој ќе напише: „Во 1912 година, пред Првата балканската војна и подоцна пред Првата светска војна, кои предизвикале раселување на населението на Балканскиот Полусотров, во Св. Гора живееле 10.200 монаси од кои: 3615 Руси, 2027 Грци, 340 Бугари, 288 Власи, 18 Срби, 52 Грузијци, 180 послушници од разни народности, 2.500 работници главно Бугари и Грци. Дел од грчките монаси се Бугари, Власи и Албанци по потекло, но служејќи во грчки манастири и скитови, се изјаснуваат за Грци. Поради настаните незгоди во текот на војните и економските проблеми бројот на монаштвото се намалува. Некогашниот наплив на поклоници и дарители престана: руското и бугарското монаштво и работниците се намалуваат, манастирите осиромашија; млади монаси малку пристапуваат; Св. Гора, која од X век служи за стража на православието, за огниште за огниште на благочестие и книжевна работа, сега изнемоштува. Ако не настани промени во денешниот световен режим, Атон наскоро ќе се запусти и ќе се претвори во огромен црковен музеј и библиотека, ако и тие не бидат распилени. Па зарем во Света Гора не грејна ли Сонцето за укор и изобличување на оние, кои се срамеа да се нарекуваат Македонци! Видливо е дека авторот тука не ги спомнува Македонците како посебен народ. Со оглед на времето во кое живее и каде живее, каде ја објавува книгата, не може да се очекува и нешто повеќе од него. Иако, често пишува за македонски бугари, тој сепак во одредени моменти ја истакнува посебноста на македонскиот народ и Македонија, што ќе се види во идните продолженија. Инаку, во својот опис за Света Гора, авторот меѓудругото ни ги изнесува и следните податоци: „Атон го завзема источниот полуостров на Халкидики. Манастирите се расположени по двата брега на полуостровот. Само Зограф, Хилендар и св. Павел се во внатрешноста. Еден од друг манастирите се на половина до два часа раздалечени. По Балканските војни и Букурешкиот мир Атон му припаѓа на Грците. Денес Св. Гора се управува согласно еден устав, утврден од грчките власти. Дваесет манастири според старешинството го завземаат следниот ред: 1. Великата Лавра – Св. Атанасиј, 2 Ватопед, 3. Ивирион, 4. Хилендар, 5. Св. Дионисиј, 6. Котлумуш, 7. Пантократор, 8. Сиропотам, 9. Зограф, 10. Доксиар, 11. Каракал, 12. Филотеј, 13. Сомонпетер, 14. Ставроникита, 16. Ксенофен, 17. Григориад, 18. Есфигмен. 19 св. Пантелејмон и 20. Костамонит. Во духовен однос, сите манастири зависат од цариградската патријаршија, а во внатрешното управување, секој манастир е слободен со своја самостојна власт. Тое е на два начина: општежително (кога сите монаси се хранат во заедничка општа кујна) и не општежително (кога секој монах се грижи за прехранување, како добиена награда). Граѓанската власт се преставуваат преку свој гувернер, со седиште во Кареја.“ Трајчев во својата книга дава кратки белешки за инородните манастири за кои вели: 1. Великата Лавра Св. Анастасиј е неопштежителен манастир. Основан е од средства на византискиот император Никифор Фока во 963 година од монахот Атанасиј од Трабзон. Се наоѓа на јужниот крај на полуостровот околу 7 часа одалечен од Кареја. Се смета за постар манасир. Зградите му се цели дворци. Соборниот храм е Св. Благовештение, а годишниот празник му е на Св. Атанас, 5 јули ст. ст. Григорович видел (1844) 10 славјански ракописи... 2. Ватопед е неопштожителен, втор на Атон, а прв по богаство. Се наоѓа на источниот брег и е основан кон крајот на X век. Храмовиот ден е св. Благовештение. Има хрисовула од Иван Асен II за владеење на серското село Семалто. 3. Ивирон е неопштожителен, расположен на источниот брег и основан во 970 година, од грузискиот кнез Јован Турникиј, византиски војсководец. Храмовиот празник е Успение Богородично. 4. Дионисиј е општожителен, основан од монахот Дионисиј (од Горенци, Костурско – н.з) и возобновен со средства на императорот Алексиј Комнен III Трапезунски. Тој е на западниот брег. Соборниот храм е Рождество св. Јован Претеча. Датира од 1547 година, кога наново бил возобновен од влашките војводи. 5. Кутлумуш е општожителен, блиску до Кареја. Основан е во XII век од византискиот цар Алексеј Комнен. Соборната црква е Преображение Господово (Преображение на Господ Исус Христ– н.з). 6. Пентократор е неопштожителен, расположен на северниот брег и основан во 1270 година од Алексеј Стратигополус. Посветен е на Седржител, а храмот е Преображение Господово (Главната црква, разположена во внатрешността на манастира, датиранаа от 14-и век, е посветена на Преображението на Господ Исус Христ. Поради недостаток на место, црквата е сравнително мала и зографисана от мајстори от Македонската зографска школа – н.з). Најблиску е рускиот скит св. Пророк Илија 7. Ксиропотам е неопштежителен, основан пред X век. Се наоѓа на западниот брег. Во XVI век, султанот Селим II дарил грамота на манастирот. Соборниот храм е Св. Четириесет маченици. 8. Дохиар е неопштителен, на западниот брег, основан во XI век. Соборниот храм е Св. Арангел. 9. Филотеј е неопштежителен, расположен на далечниот источен брег, храмот е Св. Благовештение. 10. Симонпетер е општежителен. Соборниот храм и Рождество Христово. 11. Св. Павел е општежителен, на западниот брег. Храмот е Сретение Господово. Кон XIV век имало многу монаси славјани. Околу него се скитовите св. Ана, Мала св. Ана, Катунакија, Кераша. И тука имало многубројно славјанско монаштво и славјански ракописи. Англичанецот Роберт Керзон (Robert Curzon 14th Baron Zouche – н.з) во 1837 година нашол 200 тома бугарски и српски ракописи. Како скромна награда игуменот му подарил на Керзон 3 евангелија. Едно од тие било и прочуеното илустровано евангелие на бугарскиот цар Иван Александар, сега во депоата на Британскиот музеј во Лондон. 12. Ставроникита е неопштежителен, расположен на источниот брег. Храмот е Св. Никола. Тој е најмалиот манастир. 13. Ксенофон е општежителен, на западниот брег, со храм Св. Ѓорѓи. Тој се слави со своите славјански ракописи. 14. Грегоријат е општежителен, на западниот брег, со црква Св. Никола. 15. Есфигмен е општежителен, на источниот брег, со храмот Вознесение Господово. 16. Св. Пантелејмон е руски општежителен манастир, расположен на западниот брег, со нови грамадни градби. Тој беше најбогатиот манастир, со 1500 монаси, а денес 400, кои опаѓаат. Соборниот хра е Св. Пантелејмон. 17. Костамонит е општежителен, расположен на севорозападниот дел на полуостровот, со храмот Св. Стефан. 18. Каракала е општежителен, на источниот брег, со храмот Св. Апостол Петар и Павел. Трајчев посебно ќе осврне на манастирите Зограф и Хилендар, како и славјанските скитови и келии за кои во својата книга дава опширен извештај, а за кои ќе пишуваме во следното продолжение. Со ваквиот пристап тој не само што му помага на донешната наука, но и дава на идните поколениа вистинска слика за Македонија, за нејзиното далечно и блиско минато. Како автор на редица дела од ваков вид, Трајчев истовремено им дава на денешните и идните поколенија еден труд, во кој на читателот му се возобновува и освежува духот, му се кали вољата, се потврдуваат религиозно-моралните вредности, а родољубивите чуства пламнуваат во стихиен пожар, кои го носат со невидливите ангелски крила кон сонцето. Подготвил: Тихомир Каранфилов (продолжува)
|