|
|
Испуштени вени! |
Уплатете бесплатно лекување за дечкиве кои протестираат! Кутрите луѓе, вените на нозете им се испуштија, рамената на рацете им се изместија што од фрлање кондоми што од протестирање и движење. Кој знае како да кажам, сепак ги жалам и луѓето кои ги изнесуваат на протест ама и челниците на СДСМ со оглед на фактот дека доаѓаат пеколно жешки денови во Македонија и тие се луѓе и сакаат да одморат на некоја Грчка плажа. Последниве неколку денови добивам информации дека паниката, стравот и хаосот владеат во СДСМ, ќе останат само платениците а со нив кворум нема и што понатмау?! Прашање е што ќе направи врхушката на СДСМ во идниот период или сепак ќе се одлучи за избори и пораз па сите среќни и задоволни ќе летуваат! Незнам, неможам да ги посоветувам само можам да им кажам дека воопшто нетреба да им замеруваат на протестантите ниту пак на нивните платеници, едните верни на СДСМ другите за пари а тоа што станува жешко и потта е видлива е друга работа. Хмм па еве очигледно е од ново настанатава ситуација дека политиката која ја води СДСМ е погубна како за Македонија така и за нив како политичка партија. Јас почитувани неколку пати вака јавно во моите колумни им кажувам и сега ќе повторам дека на власт се доаѓа само по пат на фер и демократски избори а пак избори не се добиваат со деструкција, со хулигани, со дивеење и со плукање како и со ситни медиумски спинови! Па дечки нели доволно ви помогнав? Сега оставам на вашата агенција за советување да го направи преостанатото и вие малку да се соземете со оглед на тоа дека зад нас е еден викен и добро се одморивте во вашите викендички во и надвор од Македонија. Ајде од што ми е грев ќе ви кажам, може да ја погледнете програмата на ВМРО ДПМНЕ па да видите како тоа излгеда и од таму нешто да копирате ама во секој случај ви треба книжуле и добра промоција а тоа што никој не ви верува и нема да ви верува е тоа е веќе прашање за лидерот и неговиот кредибилитет! Е пак сега нема повеќе ништо да ви кажам, ако ви кажам ќе испадне дека сум предавник ама бидеќи ми е искрено жал за вас ви кажав неколку работи што мора веднаш да ги направите! П.с Уплатете бесплатно лекување за дечкиве кои протестираат!
|