Среда, 15 Јуни 2016   
ЗНАЧИ, ЧАДОРОТ СЕ ДУПНА ЗНАЧИ

meri-georgievska
Д-р Мери Георгиевска

И ќе продолжи да се дупи! И колку повеќе ќе се дупи толку повеќе ќе не тера да размислиме што чадор ли ќе беше тоа?

Сè додека не дојдеме до единствената преостаната негова логика овде среде осилото на глупоста.

Логиката гласи: Изгледа чадорот не бил за дожд, туку за сонце – значи против самото Македонско сонце, затоа што од него македонската левица во распаѓање добива сончаница, па кај и да е, ќе мора да фати правец под тенда.

До пред неколку дена сонцето на левицата беше Шорош, но и самиот Шорош и тоа во присуство на уште посамиот Хан, кој седеше на 30 сантиметри од него, два пати едно подруго изјави дека тој воопшто не ја напаѓал Македонија и дека тоа го правеле самите Македонци кои што управувале со неговиот фонд!? Погодете што мислел со тие изјави Шорош.
Дали речените од него Македонци се заслужни за тоа што го прават во Македонија или се виновни за истото?
Според  мене ни првото ни второто, туку тој само ја повлекол водата во тоалетот по долгиот запек што го добил од дружењето со македонската левица на заминување. Тоа е знак дека хигиенските причини ќе станат многу важни во политиката и ќе ги надминат по важност логичките.

Значи, чадорот значи се дупна, значи, а значи и тоа дека мораше да се дупне, значи и допрва ќе се дупи штом еден колос како ЕУ значи се држи на сламка, а сламката значи станала сламка со оценка 6,14!?

Цела среќа е што Заев не го признава правосудството на Република Македонија, кое има малку повисоки оценки од 6,14 на чело на увозното правосудство, што е значи најнормална работа во ситуација кога неговата заменичка се облекува исклучиво со увозна гардероба, тогаш зошто тој како врховен шеф на неокомунизмот да не си ги чепка забите со увозно правосудство? И, зошто истиот да не го укине Уставниот Суд ако не го послуша и него како што го послуша Ахмети? Зар сите не се еднакви во демократскиот неокомунизам, готов да умре за демократијата?!

Впрочем денес тоа го потврди и неговиот pret-a-porter портпарол кога ја преживеа сопствената изјава дека во Република Македонија  н и к о ј  не е над законот, а не кажа дека неговиот шеф неодамна изјави дека не го признава правосудството.  

Значи, неговиот шеф, значи е над законот, значи и над магичната 6,14-ка, и  во првата секунда кога таа, значи ќе мора да му откаже послушност значи. Не чудете се. Човекот е автор на разни перформанси од фул колор до црно-бели палети. Ете денес тој пресече- откако аболицијата (освен разбира се само НЕ за него, се укина), договорот од Пржино можел да оживее (се разбира откако тој лично изјави дека истиот е мртов).

Но, Пржино е само една етида. Како што, значи тргнал (да се изразам со неговиот пребогат речник) – ќе даде Господ и Македонија да умре и тоа не затоа што тој ја мрази, туку обратно затоа што (тоа сите го знаат) само така би се здобил со животна шанса да ја оживее! Во таков случај не ќе му треба чадорот и онака дупнат, би го ставил во музејот на македонската борба за слобода и демократија, а самиот би се самоаболицирал до деветто колено, за Европа да може мирно да спие.

Едино што не сум сигурна е дали римскиот Папа ќе му го отстапи местото и покрај тоа што нашиов народен херој и исцелитељ ќе му ги покаже аудио снимките од неговите молитви

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.