Среда, 15 Јуни 2016   
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ВМРО-ДПМНЕ

aleksandar-trajkovski
Александар Трајковски

Изминуваат 26 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Партија која е историски наследник на организацијата која дала многу жртви за вечниот идеал на Македонскиот народ за слободна и самостојна Република Македонија.

26 години исправени пред многу предизвици. За жал последните две години најмногу во Македонија се чуствува влијанието на странските дејанија кој никогаш не се помирија а не верувам и дека ќе се помират дека Република Македонија ќе напредува, ќе се гради и ќе зајакнува.

Секогаш кога ќе и тргне на Македонија, кога ќе појде со неколку чекори напред веднаш ќе се соочи со нов предизвик. Две години Република Македонија е заложник на малцинството, две години секојдневно гледаме и сведоци сме на реализација на едно сценарио чија крајна цел е да ја нема Македонија.

Родендените се мигови кога треба да се потсетиме на она што поминало и го паметиме а истовремено и да си зададеме цели кој ќе треба да ги оствариме во годините пред нас.

ВМРО-ДПМНЕ беше партијата која во 1991 година јасно и гласно говореше за самостојна и независна Македонија додека наследниците на комунистичката идеологија сегашни СДСМ а тогаш СКМ-ПДП неможејќи да ја исечат папочната врвца од тогашната Југославија од петни жили се трудеа Македонија да не добие независност.

ВМРО-ДПМНЕ и првиот министер за Внатрешни работи Јордан Мијалков беа тие кои ја запреа регрутацијата на македонската војска за да ја брани тогашната Југославија а жените од ВМРО-ДПМНЕ кога се дозна убиството на војникот Сашко Гешковски излегоа на плоштадите и ги повикаа своите синови, сопрузи и татковци да се вратат во Македонија и ако треба да гинат да гинат за ослободувањето на Македонија а не за туѓите интереси.

Потоа следуваше мрачен период, период во кој ВМРО-ДПМНЕ делуваше вонинституционално со што им даде шанса на СДСМ да ја распарчат Македонија, да го променат името и знамето, да ја спроведат мрачната приватизација и на улица без леб да остават над 200.000 стечајци.

Дојде 1998 година кога граѓаните ја дадоа довербата на ВМРО-ДПМНЕ и тогаш се започна со крпење на штетите кој ги остави зад себе СДСМ, и тогаш се појавија оние кои и кројат црна кошула на Македонија и го направија воениот конфлик во 2001 година. Креаторите, мислителите на оваа каша тогаш кога се вршеше целосната мобилизација на резервисти за одбрана на Македонија велеа оставете ги, тоа е ВМРОвска работа како да Македонија е само на ВМРО-ДПМНЕ.

Дојде големиот 15-ти Септември 2002 година кога се случи големото ветување дека новото лице на политичката сцена Бранко Црвенковски вети по еден вработен од секое семејство народот на Македонија ја даде довербата на СДСМ и што се случи потоа се продаде ЕСМ, се спроведе терторијална поделба во Република Македонија со која ги продадоа граѓаните на Кичево, Струга и други делови од напатена Македонија.

На темниот тунел се виде една мала светлина, 5-ти Јуни 2006 година, се оддржаа парламентарни избори. За прв пат на политичката сцена се појави тим предводен од Никола Груевски со конкретна изборна програма, со наведени проекти и термини за нивна реализација. Започна преродбата на Македонија. Започна нова страница од Македонската историја која значеше напредок, развој и обнова на уништената Македонија.

Напредокот на Македонија повторно стана трн во око на странските инфилтрирани служби. Исто како во 2001 година се започна со незаконски прислушкувани материјали, материјали кои се фабрикувани во фабриката која ја обелодени македонската полиција. Се беше планирано за Македонија да западне во голема криза и оние кои го започнаа напредокот да ги снема. Удрија токму на столбовите на Македонија, удрија врз клучните лица кои на плеки ја чуваа, бранеа и градеа Македонија. Најпрво удрија по полицијата, по одбраната на Македонија и успешното водење на полицијата справувањето со големи акции и предизвици следеше повлекување на Министерката Гордана Јанкулоска и Директорот на УБК Сашо Мијалков луѓе на кои народот на Македонија катаден им благодари за се што направија за нашата Македонија.

Се постигна политички договор познат како договорот од Пржино. Побараа влез во Владата без избори, побараа оставка на претседателот на Владата, побара мнозинство во ДИК, побараа реформи во медиумите, побараа и формираа политичко специјално обвинителство, добија и откажаа два термини за оддржување на предвремени парламентарни избори. И тие и нивните чадори, ментори и заштитници се свесни дека Македонскиот народ ја живее 25 годишнината од својата независност, дека народот во овие изминати години виде и утврди со кого си има работа. Единствениот спас во кој верува и Заев и странците им останува политичкото специјално обвинителство предводено од Катица Јанева. Од разденување до затемнување смислуваат, креираат и бараат начин како да го оцрнат водството кое ја започна преродбата на Македонија. Читаме и неможеме да веруваме си делат плати, си ангажираат таканаречени експерти. Оставаме и чекаме, имаме трпение..

Македонскиот народ не ја наведна главата пред тиранијата половина век ги издржа и ги победи, нема ниту сега да потклекне.

Гордо крената глава сабја не ја сече и тоа на дело ќе го докажеме!

Среќен роденден партијо Македонска!

Среќен роденден партијо народна!

Си издржала и поголеми предизвици ќе го издржиш и победиш и ова!

Среќен роденден ВМРО-ДПМНЕ!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.