Среда, 22 Јуни 2016   
Банана партија-банана лидер!

kostadin-kerpicoski
Костадин Керпичоски

Всушност не во вистинска смисла на зборот банана партија иако наликуваат на тоа но во преносно значење дефинитивно.

СДСМ од некогаш најголема политичка партија во Република Македонија, силна опозиција, денес стана марионета на СТРАНСКИ СЛУЖБИ.

Во последниве десет години од оваа политичка партија нема да ниту план ниту програма за работа, ниту програма со која ќе настапат на избори ниту пак нешто паметно и корисно, денес единствената цел на СДСМ е доаѓање на власт без избори, што е можно подолго задржување на истата во извршната власт во Македонија, блокирање на институциите и попречување на нормалниот живот на секој Македонец.

Денес СДСМ од политичка партија премина во "МАША" која им служи на невладините организации и странските служби!

Добро ги разбирам бидеќи и немаат друг избори и излез, длабоко загазија и можно е да се удават и на овој и на оној начин и сега веќе од како наплатија за истото а неможат да го испорачаат потребното имаат голем проблем но овој пат самите со себе а не со народот Македонски или пак со ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија.

Всушност најголемиот проблем настана тогаш кога СДСМ престана да се бори со своите политички противници на фер и демократски начин, желбата за власт ги обзеде, парите ги земаа и почнаа да работат против својата татковина и против Македонските норми.

Токму сега кога се насочени контра Македонија се повеќе и повеќе ја губат поддршката од народот бидеќи се прочитани како селски буквар и револтот кај нив си расти па затоа во недостаток на интелектуална моќ почнаа со физички пресметки, бојадисување и фрлање на кондоми и јајца.

Ќе ви дадам еден пример, бојата која ја фрлаат по државен имот и Македонски институции да ја искористеа за фарбање на некое од детските одделенија во било која болница и ви гарантирам дека тоа ќе им донесеше многу повеќе политички поени, ви гарантирам дека рејтингот ќе им растеше и ќе беше многу поразлично од колку што е сега.

Што е тоа е....

Продолжуваме понатаму, партијата како партија постоела и сигурно ќе постои но со многу помалку поддржувачи но и тоа не е битно, најбитно од се е да не заборавиме да го спомнеме моменталниот и актуелен лидер на опозицијата г-дин Зоран ПРОДАЕНКО!

Всушност тој е човек кој никој не го сака, не го сакаат ниту внатре во партијата а камо ли пак Македонскиот народ, дури и не го сакаат ниту во својата родна Струмица таму каде што неколку пати претходно победувал на локални избори!

Е па драги мои токму од врхушката и од него како лидер на опозицијата доаѓа проблемот, токму од него почнува се како и рушењето на Македонија, се почнува во момемнтот кога лидерот на СДСМ станува платеник и марионета на Странски сили и странски служби.

И нормално во едно нормално опшество е да биде најомразен лик и да не ја добие довербата од народот кога работи против Македонските интереси!

Резултатот е видлив, рејтингот на СДСМ постојано опаѓа, на протестите имаат по  максимум 5 000 луѓе и тоа луѓе собрани од по сите градови со платен превоз и ручек. Нормално резултатот е за нив поразувачки!

И за крај да напоменам, на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија многу и одговара ова однесување на опозицијата и на нивниот лидер но за жал тоа не смее да се дозволи бидеќи таквото однесување влиае негативно на нашата држава и може да доведе до сериозни проблеми!

П.с Апелирам до сите, до сите Македонски лидери, политичката ситуација во државава да ја сватат сериозно бидеќи во спротивно народот е тој кој ќе застане во одбрана на својата една и единствена, најмила татковина, Република Македонија!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.