|
|
БЕСНИЛО |
Оној што на злото одговара со добро, е добар човек и поседува извесна одмазничка рафинираност. Тоа во моментов го прави Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Господинот Никола Груевски, најголемиот демократ од постоењето на суверена Македонија. Тој, од петни жили се обидува да избегне масовен судир и уште помасовно крвопролевање. Затоа што, ако на шарениве им излезе Македонскиот народ, ниту мојата неизмерна фантазија не би можела да претпостави што би се случило. А вие претпоставувате, нели? Одамна е познато дека Европа, за време на дваесеттиот век беше заразена од беснило пострашно и од самата чума. Комунизмот и националсоцијализмот (фашизмот) и одзедоа 100 милиони животи, но за разлика од чумата, беснилото што две години беснее по нашава држава ни од далеку не е под контрола, камо ли излечено. Напротив, нивните метастази допрва испливуваат на површината како заостанато ѓубриште од побеснети општества, луѓе и разноразна стока. Нели народот за нив е стока впрочем?! Беснилото на шарените и побеснетите шаради вчера, денес, сега и овде очајнички бара modus operandi како таа „спонтано“ да побесни, а при тоа да не добие налик на препознатливите беснила од дваесеттиот век. Денес, сега и овде, идолот на шарадите, Шеќеринска нашла да протестира пред судот и да бара правда- жената која си ги издаваше становите самата на себе си. Па таа треба да е внатре во зградата на судот и да одговара за сторениот криминал. Од што се плашат? Испадна дека се плашат од Прометеј. Лудило. И што ако го урнеа Прометеј? На патот по кој што тргнале, и без сознанието дека на власт по ваков пат ќе дојдат никогаш, па дури ни тогаш, ние ќе им направиме уште 200 статуи, за да имаат што да пипаат. Отсуството на каква и да е морална интелигенција, толку карактеристична за протокомунистите во времето на тоталитаризмот, кај вас придонесува да ја изумите помислата за крајниот резултат. Класика за вашите досегашни достигнувања. На кого му е гајле за крајот? А вашиот крај се гледа. Народот ќе ви пресуди за тоа што си го истресовте материјалниот интерес врз нашата Македонија, при тоа со благоутробие и черевоугаждание на вашите предавнички души. Вака како што сега вашата борба за слобода е издизајнирана, поглупаво и по-демоде не можевте, бидејќи слободата ја имавте, но до власта никако не успеавте да се докопате. Се докопавте до скапо платени дипломи, бездарност, но без власта ништо не ви е слатко ем благо. Врз хоризонтот на општата оскудност од ерудирани луѓе, вие од СДС со продупчен чадор се осмелувате да му додевате на својот народ или стока (како што го нарекувате) со вашите шарени и шарадни присуства, со најобични минус хабенси, стомакозборувачи и циркузанти со предиспозиции за фанатичен канибализам (нели ќе јадете живи луѓе, пупупу скраја да сте), со своите сељачко-стопански паради на полни кофи боја за малтерисување по улиците во нашата Македонија, играјќи на картата дека ние, народот, блажено си мижиме и демек береме душа да ви се спротивставиме, додека вие си го терате своето и доживувате оргазми додека го пипате Прометеј. Стапицата ја поставивте несмасно, а во неа ќе бидат фатени самите автори на ова лудачко сценарио. И тоа само затоа што вие господа или што и да сте немате право на свое мислење. Вие имате право на туѓо меѓународно мислење, а тоа многу боли.
|