|
|
Македонија ќе постои затоа што ВМРО-ДПМНЕ не е само партија, ВМРО-ДПМНЕ е идеологија |
На 17 јуни 1990 година се случи ренесанса за Македонија, се роди ВМРО-ДПМНЕ. Деновиве сите Ние, членови, симпатизери, ветерани, основачи, денес цела Македонија го прослави 26-от роденден на најголемата Политичка Партија во Македонија-ВМРО-ДПМНЕ, нека Ни е со среќа роденденот. Многу успеси и падови, достигнувања, надежи и разочарувања има во нашата вмровска приказна. Денес меѓу нас го нема идеологот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Богдановски, го нема Никола Кљусев, Јордан Мијалков, Костадин Диневски-Динката, Борис Трајковски, чичко Дуле, Митко врапчето и многу други наши сопартијци и патриоти кои се вложија во ВМРО-ДПМНЕ, кои ни го трасираа патот по кој денес ние чекориме. Но, нивниот лик и дело живее во нас, нивниот вмровски дух не поткрева и ни ја дава силата да истраеме во овие премрежија и да одиме само напред. Ова е еден од моментите кога достоинствено можеме да извикнеме,Слава им на сите кои се бореле за ВМРО и за Македонија! Има некоја магија, некој аманет во тоа да се поистоветуваш со ВМРО, да се идентификуваш како ВМРО, утрата да ти почнуваат и денот да ти завршува вложувајќи во ВМРО и за Македонија. Успеавме не само да го зачуваме аманетот на основоположниците на ВМРО, туку и да го пренесеме на оваа денешна младина, која се повеќе ја спознава важноста и значењето на ВМРО-ДПМНЕ како политички субјект и како автентична македонска идеологија. Успеавме да го воздигнеме нашето ВМРО-ДПМНЕ на пиедесталот, да му дадеме нов елан, Македонецот да верува во него како на единствена политичко-идеолошка матрица која го штити неговиот опстој и развој. Денес ВМРО-ДПМНЕ е репер за успех, за градење, за достоинство. Благодарение на сите кои се вложија а некои и го дадоа животот за Македонија, Таа денес застанува на стабилни нозе и покрај предрасудите што нашите политички опоненти ги имаат. Едноставно тие не можат да се помират со фактот дека некој е подобар и поуспешен од нив, дека некој знае да работи за народот, а не само да зема од него. Стремежот на Македонците никогаш не умира, не запира, тој живее во секој од нас. Живее и во овие турбуленти времиња, кога еве повторно некој се обидува да ни го одземе нашето достоинство, да ни го одземе правото на свое определување. Македонското неединство и поделеност е она за што во колективната историска свест на нашиот народ обично се вели дека е една од главните причини што Македонија досега ја немала целосно остварено својата државност. Таквите подметнувања ги форсираат неколку незрели политичари, со поттикнување на незадоволство. Единството за кое ВМРО-ДПМНЕ се бори од денот на формирањето до денес е потреба како леб насушен, особено кога стоиме пред историската можност за остварување на виталните национални интереси. Да му заблагодариме на Господ Бог, да им заблагодариме на сите македонски генерации што како аманет ни ја предаваа МАКЕДОНИЈА за да ја пренесуваме и ние, да му заблагодариме на Претседателот Никола Груевски што не поведе по патот кој води до целта на Македонецот. Македонија ќе постои затоа што ВМРО-ДПМНЕ не е само партија, ВМРО-ДПМНЕ е идеологија. Македонија е наша судбина, Македонија е наша обврска. Нека е среќен 26-от роденден на ВМРО-ДПМНЕ!
|