Среда, 29 Јуни 2016   
Да го одбраниме нашето постоење!

Ljupka Cipuseva
Љупка Ципушева

Имаме историско време, датуми и факти кога Македонецот му дал белег на своето време и го одбранил своето постоење.

Македонците секогаш биле и се`главниот столб во Македонија и секогаш со иста тенденција – условените и потклекнати ,,браќа,, да ги вратат и доведат до иста заедничка цел – а целта била и е Татковината , - да си ја имаме, да си ја зачуваме зошто е наша, неукрадена, не присвоена од други, - зошто Бог еднаш дава Татковина и еднаш дава да се родиш и да живееш.

Нашиот главен чин, во ова наше време е свесност за Македонија, а свесноста да биде автентична, историска, веродостојна, природна и преносна бидејќи нејзината основа е вистината.

Интерес за ваков еден чин изостанува од надежта, од надежната млада генерација која како да нема интерес за својата татковина, и како да е се`   препуштено на возрасната популација, а како пандант на ова, постепено но сигурно најпопуларен интерес за светот станува токму Македонија.

Овој интерес расте во светско движење кое од ден во ден се повеќе ни дава до знаење дека нашата македонска свест тоне, гледајќи го лудилото на шарените домашни и дојдени гниди, дека не сме во состојба да видиме што имаме, дека не знаеме она што го имаме да го цениме и да му ја потенцираме неговата големина, - туку трчаме по ветрот кој не носи во неизвесност на западните буништа.

Интересот за Македонија  остана на возрасната генерација Македонци од широката народна маса – генерација која не поседува никакви институцијални титули и повластици, - а за институција и титула ги презентира делата на своите татковци, дедовци и прадедовци чии души ги влечеме перманентно во ова наше општество.

Уште ли истите ќе се борат за нас ? Уште ли истите ќе докажуваат колку сме ние Македонци и колку сме ние нивната надежна иднина?!

Еве; - нека едно вакво скромно мислење биде потик на ,,татковците,, во бисерни ,,одежди,, по безбројните наши универзитети, нека станат и лидери на нивните студенти за да се чуе гласот на студентите во одбрана на татковината, да му покажат млада и надежна сила на светот , дека иднината не е утре туку денеска, дека Македонија не е вејка на ветрот без сегашност, дека постојат татковци и мајки кои би се гордееле и би ја искажале својата благодарност кон своите синови и ќерки спремни да ја бранат татковината од налетот на светскиот интерс за неа.

Во овој контекст ги изземам институциите како МАНУ, како Друштвото на писатели кои бесрамно се китат со позиции и меѓусебни награди за да станат или останат на позиции -  ,,Академци, без ниедна капната пот за Македонија, за Татковината.

Секое движење има свој извор, потекнува од некоја далечна длабина и навлегува во порите на човечкото друштво по пат на историско научени лекции и наследство, и како такво наследство го имаме како заслуга од минатите генерации, тогаш тоа наследство не припаѓа на некого лично туку на ТАТКОВИНАТА!

Нам, денеска, историјата може да ни запише скромна заслуга ако се избориме да ја зачуваме Татковината онаква каква е без никаква промена.

Чинот на покрет или движење не смееме повеќе да го одложуваме и да даваме шанса на туѓите лични интереси и амбиции- Македонскиот народ е под заклетва на минатото – да секој во свое време има своја мисија со не така лесна задача , исправено да му се претставиме на ова наше време, достојно , културно , гордо и смело пред светот, и да му кажеме дека светските шпекулатори по пат на политичари , филозофи или научници имаат или воопшто немаат сознание која е Македонија , кој е македонскиот народ и зошто постои и опстојува од Искона.

Македонија и македонскиот народ се АПСОЛУТНИ, - никој нема право да каже дека помеѓу земјата и народот има различен дух, ваквата за жал состојба никој не ја разбира, особено не оној кој не е Македонец освен чистиот Македонец, - тогаш – ајде Македонци да го одбраниме нашево денешно постоење!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.