|
|
Иванов-државник број еден во Република Македонија! |
Доктор Ѓорге Иванов - претседател на Република Македонија, избран за претседател на претседателски избори во Април 2009 година. поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. На фукнцијата претседател на Република Македонија стапил на 12 Мај 2009 година а за втор мандат бил избран во 2014 година. Претходно денешниот претседател бил професор по право и политикологија на правниот факултет "Јустинијан први" во Скопје. За тие кои незнаат Иванов е човек кој многу постигнал во својот живот, мислам на професионален план ама и на приватен се разбира. Иванов магистрирал политички науки најпрво за подоцна во 1998 година докторира. Веднаш потоа како добар кадар и професионалец во својата работа бил избран за асистент а подоцна и професор на факултетот во Скопје. До ден денешен Иванов е можеби човек број еден по она што го има направено и оставено зад себе, по своите дела кои доволно говорат за него и неговите успеси. Доказ за тоа дека Иванов е број еден пред се како човек се бројните признаниа, награди и почести кои ги има добиено и тоа: 2011- Највисок Орден на Малтешкиот ред на „Св. Лазарус“ од Ерусалим 2013- Почесен крст од Европското винско витештво од Ајзенштат 2013- Орден Свети Ѓорги од Куќата на Хабсбург-Лотринген 2015- Почесен граѓанин на Пустец 2015- Специјално одличие „Претеча“ од манастирот „Св. Јован Бигорски“ Нели ви реков претходно дека токму делата се тие кои говорат за овој човек, за неговиот успех и трнливиот пат до успехот. Денес Иванов како претседател на Република Македонија се соочува со политичка и финансиска криза во државата како и со безброј навреди и клевети од страна на СОРОС и опозициската СДСМ. Моето мислење во кое длабоко сум убеден е дека Иванов е главната "фигура" во оваа ситуација и токму тој е човекот кој спречи граѓанска војна, крво пролевање по улиците, физички пресметки помеѓу Македонците и можеби и нова поделба на Македонија. Всушност проблемот настанува токму тука, токму сега кога имаат за што и за која одлука на претседателот да се фатат а претходно мудро си молчеа пред човекот на кого не му се ни до малото прсте. Ќе ве потсетам на обраќањето на претседателот Иванов од пред некој ден и ќе цитирам само една реченица: -Зарем требаше мудро да молчам и да гледам како се дели и парчи Македонија за да состојбата ескалираше и избувнеше граѓанска војна? Со одлуката за групна аболиција која ја донесов совесно и разумно јас спречив вакво нешто и на некого му ги помешав сметките. После завршениот цитат би ве запрашал, има ли некој на кого не му е јасно што всушност направил Иванов со неговата одлука за аболиција?! Има ли уште луѓе кои ќе протестираат против оваа одлука на Претседателот или пак кои ќе протестираат дека таа одлука е повлечена и со тоа правдата е задоволона и важи подеднакво исто за сите луѓе?! Можеби сега ќе се запрашате зошто е повлечена одлуката кога е веќе донесена?! Ќе ви одговарам кратко и јас иако вие многу добро знаете, повлечена е одлуката бидеќи ситуацијата во Македонија веќе не е иста како од пред некој месец! И немам што повеќе да додам за Иванов, за неговиот живот и неговите успеси само ќе ви кажам дека сум горд што имам таков претседател, дека во иднина повторно би го дал мојот глас за истиот тој претседател и ќе испратам апел до вас за поголема почит и разбирање кон врховниот командант на вооружените сили на Република Македонија г-дин Ѓорге Иванов!
|