Среда, 29 Јуни 2016   
Грција одамна ги поткопа темелите на ЕУ заради македонското прашање!

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Анархијата и корупцијата која долго владееше во бриселските ходници, потоа непочитувањето на демократијата и правата на обичниот европски граѓанин, како и толерирањето на земји како Грција, конечно резултираа со Брегзит на Велика Британија. Глобалистичката политика на ЕУ капитулира пред британскиот народ кој јасно рече НЕ на таквата политика и ја изненади елитата во Лондон и Брисел, која сега со сите сили се бори да ја врати контролата.

Многу одамна, заради македонското прашање, грчката деструктивна политика се одрази на виталните елементи на Унијата. Таа со својот однос во европското политичко општење ги неутрализира и ги елиминира прогресивните сили кои одамна почнаа да сметаат дека Европа веќе не е заедница кон која треба да се стреми и за која треба да се работи.

ЕУ и НАТО за Македонија се суште примарна цел. Но, дали некој треба да се стреми кон Европската заедница која  поради своите политики со кои ги урива цивилизациските норми се повеќе го губи угледот во светот. Таа одамна наликува на СФР Југославија, од времето пред нејзиниот крвав распад, па Британците на време на референдум му кажат НЕ на таква Унија.

Факт е дека Грција ја уништува Европската унија. Прво, со заканите за вето, кои потоа земаа замав од други земјите членки. Тие ставајќи ги личните интереси пред се, им се закануваа на земјите кандидати, така да сеевропските интереси станаа споредна работа. Второ, со непримерното грчко трошење што резултира со економска криза и закана со Грекзит, а која ги доведе земјите членки на ЕУ да се задолжуваат за да го отплаќаат грчкиот долг.

Иако постојат и други причини, како на пример различниот однос на земјите членки кон бегалската криза, сепак однесување на Грција во изминатите години, беа иницијална каписла која доведе до недоразбирања и незадоволство кај земјите членки на ЕУ.

Да се брише еден народ, неговиот идентитет, неговиот јазик и култура, како што бараше Грција да се направи со македонскиот народ, а сето тоа да го плаќаат други, беше сигнал за многу земји членки дека еден ден може да ги најде истата судбина.

Грција заради Македонија ги поткопа темелите на ЕУ, а со референдумот во Велика Британија со кој се изгласа Брегзит како да се најавува крај на заедништвото. Како домино ефект, веќе се најавуваат и други референдуми за излегување од ЕУ. Брисел нема механизми за смирување на проблематичните земји, така што секое напуштање на ЕУ ќе преставува голем проблем. Сето тоа наведува дека во ЕУ е потребна целосна ревизија на застарениот систем кој не и дозволува слободно да дише. Особено не на просторот на конфронтација меѓу САД и Русија.

Реториките на европските преставници не се препознатливи. Особено интригира, но и загрижува изјавата на германската кацеларка Ангела Меркел во која вели дека е потребна акција за да се спречат членките да ја напуштат ЕУ.

Прашањето што се наметнува е зошто да се спречува земја членка на ЕУ да ја напушти заедницата, ако таа смета дека подобро би функционирала надвор од Унијата!? Дали тоа значи и балканизација на Европа, на што предупредува и папата Франциско.

Инаку, на прес конференција за време на враќањето од Ерменија, папата предупреди дека  би можеле да се отцепат "покраините" како што се Шкотска и Каталонија, а тоа би можело да доведе до "балканизација" на Европа. За да може повторно во себеси да ја пронајде силата која лежи во нејзините корени, папата Франциско порача дека „Европа мора да направи чекор кон креативноста и здрава поделба, а тоа значи да се даде повеќе независност, повеќе слобода на земјите до Европската унија.“

Европа денес веќе не препознатлива, таа воопшто не е Европа каква што треба да биде и каква што сакаме да биде. Наместо демократијата и правда, таа нуди двојни стандарди, едни за за нив, за основачите и посилните, други за послабите или оние што сакаат да пристапат. Сето тоа, Македонија од своето осамостојување до денес можеше да го почуствува на своја кожа.

Брегзитот на Британија само потврди дека ЕУ е економски џин, но политичко џуџе. Отука на ЕУ не и е потребно само козметика, туку темелна реконструкција на зградата во Брисел, зошто може се да се сруши како кула од карти. Во нејзината реконструкција не може да учествуваат само основоположниците на заедничкото живеење во Европа, зошто Европа не е само нивна, таа е на сите европски народи, па и на Македонците. Потребно е решение во кое ќе учествуваат сите народи на Европа, решение со кое сите ќе бидат задоволни, зошто едни од други зависат, а од нивното заедништво зависи и иднината на Европа.

Меѓутоа, никој нема право да ги држи македонскиот народ надвор од ЕУ, ниту пак со сила безимени да ги внесе внатре во ЕУ. Тоа не може да се направи ниту со опозицијата предводена од лидерот на СДСМ Зоран Заев, зошто никој, па ни тој нема право да тргува со македонското име.  

Затоа, државите на ЕУ мора да ги отфрлат старите навики и нефункционално уредување и да создадат нов облик на Унија. Европа во која ќе има место за сите и во која нема никој да му го оспорува правото на било кој народ, па и на македонскиот народ да се нарекуваат - Македонци, Европа во која сите подеднакво ќе се развиваат и во која сите ќе се чуствуваат равноправни и задоволни. Само така нема да има напуштање на Европската унија.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.