Среда, 06 Јули 2016   
Вистински момент, референдум за приклучок кон ЕУ!

kostadin-kerpicoski
Костадин Керпичоски

Токму сега мислам дека е вистинскиот момент кога народот Македонски на референдум треба да се запраша дали е ЗА продолжување на преговоротите за приклучок на Македонија кон Европската Унија.

Токму сега е моментот секој од нас Македонците да се запраша дали и после се ние како држава сакаме да сме дел од Европското семејство.

Сведоци сме сите ние што се случува во Македонија во изминатиот период, што се случува во Европа а што во светот, ја знаеме политиката на ЕУ, НАТО и големите светски веле сили!

Да ве потсетам, Македонија веќе неколку години по ред добива препорака од Европската Унија, нашата држава веќе неколку години ги исполнува сите норми за влез во ЕУ и НАТО и се наоѓа пред вратите на ова семејство ама неможе да влезе имајќи спор со соседната држава Грција за името.

Всушност ние Македонците и нашата Македонија немаме ниту проблем ниту пак спор со нашето име, ние сме Македонци, нашата држава се вика Македонија а зборуваме на Македонски јазик, тоа што Грција или било која друга држава има проблем со нас како нација и тоа што тие го негираат нашето постоење е нивни проблем а не наш и сметам дека е крајно некоректно од нивна страна што Македонија пати и страда поради нив.

Да се вратиме на темата, сигурно вие постарите се сеќавате како Словенците први кренаа бунт и се отцепија од СФРЈ?!

Ете токму така и токму тогаш започна распадот на таа федерација на држави нели?

Тогаш време е да се запрашаме што ќе биде со Европската Унија и нејзиното постоење во иднина кога знаеме дека веќе една држава се отцепи од тоа семејство после 40 години членство!

Зарем мислите дека на народот му било многу убаво па затоа на референдум мнозинството на граѓани кажаа ДОСТА Е?!

Мене искрено и воопшто не ме интересира која политичка партија на кој пат е, мене ми е многу побитно на кој и каков пат е мојата Македонија и што е подобро за неа во иднина а не приклучок кон некое семејство на држави само и само од политички причини.

Моето лично мислење кое многу пати до сега сум го кажувал е дека политиката на ЕУ за Македонија е погубна, знам дека ЕУ како семејство веќе не функционира така како што треба и така како што функионирале во минатото и мислам дека ова е почеток на крајот на таа унија и нејзиното постоење!

Апелирам до политичарите во нашата држава ова прашање да го остават на народот Македонски бидеќи народот и обичниот граѓанин никогаш не греши и многу добро знае што е добро а што лошо за него, кога живеел подобро а кога полошо или кога мизерувал.

П.с. Земете ги во предвид информациите дека сите услови на нас како држава ни се исполнети за влез во ЕУ и НАТО заедницата а веќе години наназад сме пред вратите и неможеме да влеземе во тоа семејство.

Бродот кој тоне полека но сигурно патниците го напуштаат, а можеби и брзо?!

Да, референдум за одлука!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.