Среда, 06 Јули 2016   
Македонија сака во ЕУ и НАТО но не по цена на името и идентитетот

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Меѓународната заедница поради своите геопилитички интереси на Балканот долго време го игнорира меѓународното право и пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг кога е во прашање Македонија. И покрај сите исполнети услови, таа неоправдано ја држи Македонија надвор од ЕУ и НАТО, а со тоа ги зголемува безбедносните ризици во регионот. Освен шарената револуција и мигрантската криза, одредени настани укажуваат дека Балканот се наоѓа пред нови турбуленции во кои земјата може повторно да биде монета за поткусурување.  

По самитот на НАТО во Букурешт 2008 година, името стана проблем за интегрирање на Македонија во севроатланската алијанса. Независно од тоа што земјата ги исполни сите услови кои беа побарани од НАТО, познато е дека заради ветото на Грција, Алијансата инсистира на решение за името. Односно да се прифати нешто од Грција што не е прифатливо за македонскиот народ - промена на име и идентитет.

Се смета дека само името е главна причина поради која Македонија сеуште не е членка на ЕУ и НАТО.  

По Букурешт, стратешкиот партнер и т.н. „пријатели на Македонија“, направија огромни напори за да се најде решение. Но, сето тоа беше безуспешно и покрај тоа што грчкото вето значеше не почитување на меѓународното право, Времената спогодба и пресудата на Меѓународниот суд на правдата од Хаг.

Се наметнува прашањето дали Грција е толку моќна за да ги држи сите земји членки во ЕУ и НАТО во заложништво, или пак заради геополитички интереси големите сили сакаат да ја држат Македонија надвор од Алијансата!?

Очигледно е дека Македонија долги години беше условувана за влез во ЕУ и НАТО со решение за името. Но, откако не се успеа заради спротивставување на Грција, овие сили му наметнаа на македонскиот народ игра за сам да се откаже од своето име. Со помош на опозицијата предводена од СДСМ, овие сили започнаа т.н. хибридна војна со цел конечно да му ја скрши кичмата на Македонецот. Меѓутоа, откако ни шарената револуција не успеа да го смени мислењето на обичниот народ, сега започнаа со директни притисоци и заплашувања.

Во пресрет на Самиот на НАТО во Полска, грчкиот претседател Прокопис Павлополус порача дека Грција нема намера да го поништи ветото за Македонија за влез во ЕУ и НАТО, се додека не се реши спорот со името. Истовремено, додека се зголемуваат тензиите на Црногорско-Косовската и Грчко-Албанската граница, ни доаѓаат предупредувања за можни терористички напади во Тирана, Приштина и Скопје, како и посредни предлози за обединување со  Бугарија инаку ќе било лошо по Македонците. На крај, покрај домашаната политичка криза која ја предизвика СДСМ и соросовите невладини организации, доаѓаат и најави за повлекување на преставникот на ММФ од Скопје, но и за кратење на европските пари за Македонија.

Вклучувањето на истите играчи од 1913 година кои учествуваа во распарчувањето на Македонија, наведува на сомнеж дека историјата се повторува  Иако одамна и во најголем дел Македонија ги има исполнето сите критериуми, ваквите континуирани и се понови условувања и закани од страна на соседите и дел од меѓународната заедница, укажува дека дури и да дојде до промена на името, Македонија нема да биде примена во ЕУ и НАТО. Напротив, како територија со недефиниран народ таа ќе ги отвори старите апетити.

Целокупната ситуација доведе до фрустрации кај народот, односно се одрази врз севкупниот живот во земјата, а особено во политичкиот и меѓуетничкиот. ЕУ и НАТО од огроната поддршка која ја имаа на почеткот во земјата, со тек на времето ја изгубија довербата на македонскиот народ.

Поради некоректното однесување на Грција и НАТО и претседателот Ѓорѓи Иванов уште во 2014 г. донел одлука повеќе да не учествува на самити на кои нема да биде испочитувано меѓународното право и заложбите на Македонија. Оттука, на Самитот во Полска, Македонија ќе биде претставена на ниво на Министер за одбрана и Министер за надворешни работи.

Со овој чин, пораката на претседателот е јасна. Македонија не може повеќе да си дозволи НАТО да си поигрува со Македонија, да поставува блокада, уцена и ултиматуми прво да се преименуваме, а потоа членство. Со таквиот однос тие едноставно го загрозуваат мирот и стабилноста не само на Македонија, во целиот регон и пошироко, што е недозволиво за една безбедносна организација од таков калибар.

Историјата не учи дека само политички и воено силна Македонија дава сигурност на македонскиот граѓанин и стабилност на Балканот и Европа. Затоа е потребно целосно обединување на македонскиот народ, потребно е сите кои ги споделуваат истите идеали, без разлика на возраста, полот и верската припадност да застанат во првите редови за одбрана на земјата, односно, секој Македонец е должен да застане во редовите за одбрана на Македонија!

Македонија сака да влезе во ЕУ и НАТО но не по цена на името и идентитетот.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.