|
|
НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ |
ВМРО-ДПМНЕ е партија која ја живее 26-тата година од своето постоење. Никола Груевски е на чело на партијата од 2003 година, веднаш по катастрофалниот изборен резултат на партијата на парламентраните избори на 15-ти Септември 2002 година. По изборите на ВМРО-ДПМНЕ и се пишуваше лошо сценарио, многумина велеа дека партијата е во клиничка смрт а пак други започнаа да ги менуваат партиските книшки и да бараат излез за себе, за моќ и функции во други партии. Мал беше бројот на искрени и чесни ВМРОвци кој останаа до крај верни на идеологијата на партијата и му ја дадоа поддршката на Никола Груевски. Слободно можам да кажам дека во ВМРО-ДПМНЕ по доаѓањето на Никола Груевски започна новата ера. Во партијата имаше место за секој оној кој е чесен, посветен, вреден и работлив човек кој сака да работи за доброто на Република Македонија. Од година во година доаѓаа предизвиците, се случи авионската несреќа на претседателот Борис Трајковски и кандидатурата за претседател на Република Македонија на Бранко Црвенковски, се случи и нов удар врз партијата кога поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски одлучи да ја напушти ВМРО-ДПМНЕ и да формира своја партија. Новата ера во ВМРО-ДПМНЕ почна да биде препознавана кај граѓаните, тимот околу Никола Груевски беше тим со луѓе образовани, луѓе кои зад себе немаа транзициско минато, луѓе кои не припаѓаа на боржуазијата. Првиот реален предизвик на новото раководство предводено од Груевски беа локалните избори во 2005 година на кој ВМРО-ДПМНЕ и здружената опозиција победи во 22 општини низ Република Македонија. Првите парламентарни избори на новото раководство беа во 2006 година кога партијата, новото раководство и Никола Груевски ја сменија сликата за политичарите и политиката во Република Македонија. За прв пат во историјата на нашата држава одредена партија и лидер излегуваат со изборна програма во која се наведени конкретни рокови за реализација и потребни финансиски импликации за реализацијата на истата. Никола Груевски ја смени сликата за политичарот во Република Македонија. Тој постојано е на терен, помеѓу граѓаните. Изборниот резултат на тие избори беше 44 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија. Минуваа годините, се нижеа предизвиците. Од година во година ВМРО-ДПМНЕ стануваше се посилна и посилна. Никола Груевски е човекот кој ја крена Македонија на нозе. Тој е човекот благодарение на кого Република Македонија започна да се менува и да чекори напред, тимот кој тој го предводеше ја симна невработеноста во Република Македонија на рекордно најниско ниво, во негово време Македонија ја живее ренесансата и обновата насекаде се градат патишта, се вложува во образованието, земјоделството, здравството, институциите СЕ! Македонија се менува! Никола Груевски ја прероди ВМРО-ДПМНЕ! Никола Груевски ја врати довербата кај народот во Татковината! Пустите желби на душманите и шаката изродници на Македониот народ за заминување на Никола Груевски ќе останат само желби кои нема да се остварат ниту во нивните соништа. И за крај, порака, порака до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски: Претседателе Груевски, Македонија, народот и ВМРО-ДПМНЕ памети. Знаеме како беше порано а како е сега. Делата се видливи, неможе да има успешен стратег за односи со јавност доколку нема дела. За Вас претседателе делата говорат! Изборите кога и да се случат а ќе мора еден ден да се случат ќе бидат РЕФЕРЕНДУМ на кој народот на Македонија како никогаш до сега ќе гласа РЕФЕРЕНДУМСКИ ќе гласа ЗА МАКЕДОНИЈА НА ЧЕЛО СО НИКОЛА ГРУЕВСКИ!
|