|
|
СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ СОСЕМА ДОБРО ЗНАЕЛ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ ГРЦИ! |
(Повод: неодамнешната изјава на Претседателот на Р. Грција според која Писмата на светиот апостол Павле биле доказ за „грчкиот карактер“ на Македонија)
Неодамнешната изјава на Претседателот на Р. Грција Прокопис Павлопулос според која Македонија во антиката била грчка и дека еден од доказите за тоа биле и Писмата на светиот апостол Павле спомнати во Библијата, е само уште еден доказ дека основа на спорот за името Македонија што Грција ни го наметна и ни прави проблеми пред светот е историјата! Грчката страна постојано повторува дека во антиката Македонија отсекогаш била „грчка“, па поради тоа никој, освен денешните Грци, нема право да го користи ова „грчко“ име. Македонската страна воглавно молчи, препуштајќи им го полето на историјата на Грците, кои и тоа како умешно го користат тоа пред меѓународната заедница. Но, наскоро ваквата состојба ќе се промени. Од неодамна, во продукција на австралиско-македонската филмска продуцентска куќа „'Lloyd Harrison Entertainment Group“ со извршниот филмски продуцент Џим Стефан и ко-продуцентите и финансиери Горан Котев и Андрија Петревски од Сиднеј, според сценарио и режија на Александар Донски, почнати се подготовките за снимање документарна серија во четириесет епизоди под наслов „Антички сведоштва за вистината дека античките Македонци не биле Грци“ во која ќе бидат претставени свведоштва од над педесет антички автори кои сосема јасно тврделе дека античките Македонци не биле никакви Грци што значи дека Македонија во антиката никогаш не била грчка. Серијата целосно ќе биде снимена на англиски јазик и во тек е собирањето средства за реализирање на истата. Официјалните трејлери на англиски https://www.youtube.com/watch?v=FmvUojEcRwk&feature=youtu.be и на македонски јазик https://www.youtube.com/watch?v=YQltBEKsO74&feature=youtu.be веќе се поставени на Јутуб, а секој патриот што сака да го помогне овој историски проект со огромно значење за Македонците може да го стори тоа преку следната официјална веб-страница: https://www.gofundme.com/aleksandardonski Во една од епизодите ќе биде обработени токму сведоштвата на светиот апостол Павле, кој исто така (наспроти тврдењето на грчкиот претседател) сосема јасно правел разлики помеѓу Македонците и Грците во антиката. Во светската наука добро е познато дека христијанизацијата на Европа започнала преку Македонија, конкретно преку првите христијански заедници што овде ги основал свети Павле. Првите христијани, кои го примиле христијанството на тлото на Европа, биле Македонци. Христијанизацијата на овие Македонци дошла како резултат на второто мисионерско патување на свети Павле (инаку, прво христијанско мисионерско патување во Европа). Да се потсетиме накратко на овој извонредно значаен настан. Откако почнал со ширењето на христијанството низ Мала Азија свети Павле стигнал во Троја. Таму имал видение во кое му се појавил некој Македонец, кој го замолил да појде во Македонија за да им помогне на Македонците. Во „Делата апостолски“ (16:9) во врска со ова читаме: „ПрекуноќтаимашеПавлевидение: стоешепреднегоеденчовек, Македонец, којгомолешеимувелеше: 'ПреминивоМакедонијаипомогнини!'“ Се смета дека ова патување се случило во годините 50 - 52 („Библија“, Загреб, 1983, стр 1248). Ова значи дека првите Македонци во Македонија се христијанизирале по само околу две и пол децении од распнувањето на Исус Христос, што претставува податок за почит. И сето тоа се случило по само два века од пропаста на независната античко-македонска држава, кога смелите Македонци се уште не можеле да се помират со римската окупација на својата земја. Најнапред свети Павле престојувал во македонскиот град Филипи, каде практично била формирана првата христијанска заедница на тлото на Европа. Се смета дека свети Павле бил во Филипи летото во 50 година по Христа.(The Apostle Paul's Visit to Philippi, History of Phillipi, Dr.Clint Arnold and his class at Talbot Theological Seminary,The Biblelands Project. Copyright 1999 by MustardseedMedia,Inc Website:http://www.mustardseed. net). За тогашниот етнички состав на Филипи ќе се повикаме на сведоштвото на еден ранохристијански автор, кој е познат само по кратките воведни коментари за некои од Писмата на Свети Павле од Новиот Завет. Овие воведни коментари се претставени и обработени во книгата „The Gospel History and its transmission“ („Историјата на евангелијата и нивното пренесување“), објавена во 1906 година. Овој анонимен автор го третира етничкото потекло на луѓето на кои свети Павле им ги испраќал своите писма. Така, на пример, под поглавието насловено како „За Галатјаните“, тој пишува: „Галатјаните се Грци“. Под поглавието насловено како „За Римјаните“, тој пишува: „Римјаните се дел од Италија“. Но, под поглавието насловено како „За Филипјаните“, тој јасно пишува: „Филипјаните се Македонци“. Истото го пишува и во поглавието „За Тесалоникијците“, во кое анонимен ранохристијански автор напишал: „Тесалоникијците се Македонци, кои го прифатија Словото на вистината и ја зачуваа верата дури и кога беа прогонувани од своите сограѓани “. (Подетаљно во: "The Gospel History and its transmission" F. C. Burkitt, Gorgias Press, 2006, ISBN: 978-1-59333-529-8). Да ги пренесеме и останатите цитати од Библијата, т.е. од Свети Павле, во кои се спомнати Македонците. Во врска со неговото мисионерско патување кон Рим, Свети Павле пишува: „Влеговме во еден адрамиски брод, кој ќе пловеше во азиски приморски места и испловивме. Со нас беше Аристарх, Македонец од Солун“. („Дела Апостолски“, 27, 2). Во врска со престојот на свети Павле во Ефес, читаме дека тамошните Грци се побуниле против неговите проповеди не сакајќи да се откажат од своите пагански верувања: „И целиот град се побуни и еднодушно навлегоа во театарот и ги одвлекоа Македонците Гај и Аристарх, Павловите сопатници.“ („Дела Апостолски“, 19, 29). Практично, овде свети Павле и неговите придружници Македонци биле малтретиани од Грците во Ефес заради ширењето на христијанството. Свети Павле ги спомнува Македонците и во „Второто послание до Коринтјаните“, каде пишува за собирањето материјална помош за првите христијански заедници: „А во однос на собирање помош за светите, излишно е да ви пишувам зашто ми е позната вашата усрдност, за која се фалам со вас пред Македонците, дека Ахаја, уште од лани, е приготвена и дека вашата ревност поттикнувала мнозина. Сепак ги испраќам браќата за да не се покаже, во овој однос, празно нашето фалење со вас и за да бидете, како што реков, приготвени и ако дојдат со мене Македонците и ве најдат неприготвени, да не се засрамиме ние, да не речам вие.“ („Второ Послание до Коринтјаните“, 9, 1-4). За разлика од Македонците, Свети Павле одделно ги спомнува Грците и тоа на неколку места. За време на патувањето низ Блискиот Исток, во „Дела апостолски“, читаме: „И така пристигнаа во Дервија и Листра. И ете, таму беше еден ученик по име Тимотеј, син на Јудејка која веруваше и на татко Грк“ („Дела Апостолски“, 16, 1). Во врска со престојот во Ефес, исто така во „Дела Апостолски“, читаме: „Тоа продолжи две години така што сите кои живееја во Азија, Јудејците и Грците, го чуја Господовото Слово.“ („Дела Апостолски“, 19,10). И понатаму: „Тоа го научија сите Јудејци и Грци кои живееја во Ефес и страв ги обзеде сите, а името на на Господа Исуса се величеше.“ („Дела Апостолски“, 19, 17). За време на престојот во Ефес Свети Павле им се обратил на старешините на кои им рекол дека им сведочел на: „Јудејците и на Грците покајание пред Бога и вера во нашиот Господ Исус“ („Дела Апостолски“, 20, 21). Но, Свети Павле спомнува Грци и како жители на Солун: „И некои од нив се убедија и се дружеа со Павле и Сила, а исто така и со големо множество побожни Грци и не малку угледни жени.“ („Дела Апостолски“, 17, 4). И понатаму: „И мнозина од нив поверуваа, а од угледните елински жени и мажи - не малку.“ („Дела Апостолски“, 27, 12). Сепак од ова не може да се заклучи дека Свети Павле сметал оти во Македонија живеат Грци затоа што видовме дека тој одделно ги спомнува Македонците од Грците. Ако тој сметал дека во Македонија живеат „Грци“ воопшто не би ги ниту спомнувал Македонците. Ова посебно доаѓа до израз во „Дела Апостолски“ (16), каде Свети Павле прво го спомнува „Гркот“ (16,1), кој бил татко на Тимотеј, а само неколку редови подолу го спомнува и „Македонецот“ кој му се појавил во визијата повикувајќи го да појде во Македонија (16,9). Значи, овде јасно имаме одделно спомнување на двата етнонима. Заради ова спомнувањето на „Грци“ како жители на Солун очигледно дека се однесува на вистински етнички Грци кои таму живееле заедно со Македонците и Евреите. Ако свети Павле ги сметал Македонците за „Грци“, тој ќе рекол дека во визијата му се појавил „Грк од Македонија“, а не „Македонец“. Некој можеби ќе забележи дека именката „Македонец“ овде се однесува на жител на римската провинција „Македонија“, т.е. дека е тоа овде е географски поим. Но останатите извадоци од делата на Свети Павле јасно го негираат ова. Имено, ако тој ги определувал лицата околу себе според нивното административно потекло (од аспект на тоа кој од која провинција доаѓал), тогаш зошто спомнал Грци и Јудејци како жители на Ефес? Овој град (во денешна Турција) се наоѓал во провинција која ниту се викала Јудеја ниту Грција. Понатаму, видовме дека тој спомнал „Грци“ и како жители на Солун, па ако и нив ги определувал според административната припадност, тогаш би требало и нив да ги нарече „македонци“ (со мало „м“) бидејќи Солун се наоѓал во административната област (провинција) „Македонија“. Значи, Свети Павле воглавно етнички ги определувал луѓето, па во тој контекст јасно ги издвоил Македонците од Грците. |