Среда, 20 Јули 2016   
Чинот на турскиот народ, кој со голи раце го спречи воениот пуч, само уште повеќе го охрабри македонскиот народ

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

И македонскиот народ може да излезе на улица.

Во последната година од владеењето на американскиот претседател Барак Обама сведоци сме како во светот владее се поголем хаос. Војната во Сирија како да нема крај, исто како и бегалскиот бран од Азија и Африка кој ги руши бедемите на Европа. Напливот на бегалци и мигранти со себе носи бројни припадници на исламскиот фундаментализам. Како резултат на веќе етаблираните и придојдените радикални структури, терорситичките напади стануваат се почести, а жртвите како оние во Франција, Белгија и Турција, стануваат побројни.

Немилосрдноста со која се одземаат невини животи на цивили како во воените и невоените подрачја (аеродроми, плоштади, шеталишта и сл. – Париз, Брисел Истамбул), потоа ладнокрвните убиствата на полицајци и цивили (претежно црно насаеление) во САД, повторно ги ставија на тест меѓуцивилизациските, меѓуетничките, но и меѓурелигиските односи. Се погласни се реториките за христијанско-муслимански судир, за војна од верски карактер.

Ден по терористичкиот чин во Ница, Франција, каде над 80 лица го загубија животот додека го следеа на шеталиштето огнометот по повод прославата на денот на Бастиља, имаше обид за воен удар во Турција. Настаните ја запалија искрата кај Турците, кој застана не само во одбрана на Ердоган, туку против се што му се случува на обичниот народ. На обидот на воската да ја собори демократски избраната власт, народот на повик на Ердоган масовно излезе на улиците и ги сопре тенковите. Ги сопре војниците да не направат грешка за туѓи интереси.

Многумина заборавија дека пријателскиот турски народ ја имаше својата „шарена револуција“. Таксим беше местото на настанот на антивладините протести и последен тест на односите на Ердоган и Обама. Тогаш Ердоган ги стави под знак прашање легитимноста на протестите, најавувајќи дека ќе се справи со сите оние кои не ја почитуваат власта. По Таксим следуваа серија терористичку напади со презнак на ИСИЛ и на Курдите.

Терористичкиот напад на 28 јуни 2016 година на аеродромот во Истамбул кој го извршија тројца бомбаши самоубици беше само еден од серијата терористички напади кои ја погодија Турција во последните неколку месеци. Речиси сегогаш целта беа места со голем број туристи, кои најмногу придонесуваат на економијата на Турција.

Речиси сите терористичките напади имаат заеднички именител. Најчесто се тоа индивидуални напади или неколку лица кои се верски индоктринирани. Тие вршат масакри, ги жртвуваат своите животи и внесуваат паника кај обичното население, додека нивните налогодавачи кои играат на картата на муслиманско-христијански судир, заработуваат со трговија на органи и берзански трансакции.

Турците масовно се спротивставија на не демократските методи со кои некој од надвор сака да ја сруши власта. Ердоган и Путин си подадоа рака и успешно ја пребродија кризата за христијанско-муслимански судир, по рушењето на рускиот авион. Тоа што се случи во Турција, покажа дека Турците се поголеми Европејци отколку самите Европјани. Обидот за воен удар и осудата од Запад, само повторно го покажа лицемерието на ЕУ, САД и НАТО.

Иако спротивставувањето на армијата носи други закани по безбедноста на Турција и целиот регион, сепак народот се спротивстави на промените кои надворешниот фактор со целото свое лицемерие му ги наметнува. Ја тргна воената елита школувана надвор и која за својот комодитет е спремна да ги предаде интересите на својот народ.

Со тоа доаѓаме до сличностите со она што му се случува на македонскиот народ. Тука речиси истиот надворешен фактор, со црвената елита подолг период се обидува да направи мек удар и да ја смени власта. По неуспехот со објавувањето на нелегално прислушуваните материјали, во земјата имаше обиди со терористичка група да се извршат серија напади и да се предизвика паника, но истата беше неутрализирана минатата година во Куманово. Но, наместо црвената социјалдемократска елита да одговара за својата неодговорност, надворешниот фактор, го наметна договорот од Пржино и СЈО, а преку него се закани до патриотските сили на земјата.

Сепак, народот не го кажа последниот збор. Ги чека изборите, кои упорно СДСМ ги одложува. Всушност тие чекаат момент, во кои народот нема да може на демократски начин да го изрази своето мислење. Затоа се прават напори да бидат парализириани патриотите.

Но, тоа може да го изведе народот на улица. Чинот на турскиот народ, кој со голи раце го спречи воениот пуч, само уште повеќе го охрабри македонскиот народ. Така да, доколку има потреба, уште утре може стотици илијади луѓе да излезат на улица, за да стават крај на агонијата во која континуирано ги турка СДСМ и нивните надворешни соросовски спонзори.

Отука приврзаниците на Зоран Заев треба да извлече поука и да не си играат повеќе со трпението на народот, нека не си игра на картата на меѓуетнички судири или пак со промена на името, зошто на сите им е веќе доста. Сите, без разлика на етничка и верска припадност во Македонија сакаат да живеат во мир и просперитет, а ако некој се обидува да им ја одземе иднината тогаш може да се случи народ.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.