Среда, 27 Јули 2016   
СЦИЛИТЕ И ХАРИБДИТЕ ПОСЛЕ ПРЖИНСКИТЕ СЕАНСИ

Petar Krivchevski
Петре Кривчевски

Во име на амбачадорот, црпнатиот и светиот НАТО, после исав преговори „падна“ договор за нови преговори за нов договор. Повлечи-потегни, држ-недај, нати го-дајми го, ти реков-ми рече, притисоци, закани, натегања, нагодувања, подметнувања, наседнувања, нарцизам, егоизам, влечење за уши јазик и партали... но, бидна! Формата без суштина, договорот за договор, би требало да вроди со избори доколку нема нови мафтосувања, маслосувања и изговори. Попарени од млекото во минатото, сакале нејќеле ќе дуваме и на маштеницата во иднина. Та не еднаш се случи Зоран рекол Заев одрекол па да му веруваш. Избори заговараме  - изговори бараме, сега-засега да одложиме и од фијаско куртулиме а за понатаму ќе пулиме ќе прајме.

Така, по навика СДСМ се пењави и глава ни пука со најави на победи пред избори за после да не признава порази. Мх-хм, лесно е да загубиш но тешко да поднесеш. Оти, според ними, гласаат сељаци, неписмени, стока, небањати... а кои на петнааести септември во 2002-та беа и искапени и не грешеа при тоа крукчињата во ливчињата позади параваните. Имаше и зошто. Им беа вратени фабриките од узурпаторите, директорите, парите откопани од пирамидите, од секое семејство беше вработен барем по еден и сите благодети на овој свет го пот(пл)иснаа ова парче земја и рака народ та воопшто немаше визи а ниту миграции. Абе мед и млеко, медовина по мустаќи на граѓаните им течеше, е сега што в уста на им дојде Бранко ли е крив? Па што побргу да „прави“ државникот? И да сака не може тој кај секоја сопруга да стигне и да и удоволи и ги задоволи сите нејзини високи, ниски, предни, задни и какви се не ќе и текне страсти и потреби.

Туку да се вратиме на договорот и иако обзнаен да пробаме да одгатнеме што тој крие (ако крие?), дали некому носи предност или по нос, има ли шанси од него да се изроди датум за избори но и испочитува и... сите Сцили и Харибди кои треба да се врват. Јасно е и јавно, целта и стратегијата се несвиткливоста на кичмата, растот на економијата а со тоа и независноста од „нашите пријатели“, или просто кажано - с(г)лавата на Никола. Или рејтингот ќе му се урниса за на избори да се киниса, кои тој ќе ги загуби, или, пак, ако сите напори одново им останат залудни одново и ќе се бараат изговори и одложуваат избори. За тоа време, детее, може тура протести, две-три шарени глупости и триста  други слични исценирани и искеширани тракатанци. Главно, ударно, преку Странското Јавно Обвинителство (кое вон сите резони и да не е уставно за 5 дена ќе се обнови!!!) ќе се кастри рејтингот на човекот кој се дрзна и осмели да им пркоси на политичко-воените колоси и покрај сите нивни носачи на авиони, нуклеарни глави, тајни снимки и јавни (троа завиткани) закани.

Жива есенција: цела една деценија со срце но и со ум тера проекти, градби, зони, работни места... со што веќе им зададе такви грижи кои двоецот без кормилар владетели на Планетава (UK-USA) не сака ниту смее одново да си ги дозволи. Тие подјармиле или збришале каде-каде посилни држави и водачи а ваму едно Македонче, уште и Беломорче, им пркоси и конците им ги мрси. Со, не знам, гасоводи, вардарски долини, кинески инвестиции и конкуренции без нивни амин и дозволи. Наивно! Така само на Марс или потаму, а на Земјата и Месечината постои хиерархија и се знае кој наредува а кој извршува. Или елегантно се поклонува и помилува или еклатантно курбан завршува, зависно од  степенот на коленичење и аголот на рбетот.

Едноставно: им се сака - им се може! Така му пасува  на тој што му пречи смртната казна во Турција а дома уште како ја применува. Светската велесила бр.1 отаде барата која рефлексно и промтно реагира на сигналите од под Биг Бен. Лондон колинг - Вашингтонг атакинг. Факинг, учкур и гаќи, иницијатор и реализатор, сценарист и продуцент, глава и тупаница. Тоа е, кралици може да има стотици ама една е англиската. Еве, принцезата Дајана беше доказ ако мене не ми верувате. И сега ти сакаш рака народ да го остават самиот да бира и тера а ваму б(ц)елиот свет го тероризираат и не го оставаат на мира. Утопија!

Ама луѓе мили, тие ги спастрија Милошевиќ, Гадафи, Хусеин... и редици непослушни лидери на моќни држави, а ќе им пркоси (= бега од узда и самар) некој си Груевски?! Плус си го имаат широкоградиот Заев кој за грст долари би свиткал кичма за секаква употреба (и домашна и меѓународна) и би ја продал својата родена мајка а камо ли и татковина. Ете таа е суровата вистина за жална Македонија, некогашната империја. Од сите страни б(в)алкани, а однатре предавници како скакулци. Еден комита - еден војвода - еден предавник. Така читаме така и гледаме.

Аргументи? Еве ги! Во Букурешт 1913 место на маса бевме на менито, Македонец немаше - Македонија се черечеше. За во Јајце 1943 ситна роса зароси, тивко ветре подувна (ноември!) – пак не можевме да појдеме. Потоа, тие што кренаа глас за Солун место за Срем или куршум добија или попот во бело го видоа. Во 2001 кога Републиката беше одново во пламен, одбранбените министри си тераа бизниси. Кој со тенковски делови кој со расипани паштети, а пак „првиот“ - дилови за поделби. 2015, мај, Куманово, загинати полицајци во акција против упадната терористичка група а Заев се клешти и си прави селфи на местото на злосторството!? И, сетне, после ти бараш држава? Фалш адреса пријателе. Заѕвони кај соседите, јас сум фантом(от) од списокот. 1 од 500 000!

П.С. Знаете кога двете македонски партии ќе се договорат за националните интереси? Кога ќе нема за што да се договараат. Кога и последниот Македонец ќе го снема, ако е млад ќе замине, ако е стар - ќе почине!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.