|
|
Македонскиот народ на браникот на татковината! |
Всушност незнам кој повеќе, дали владата на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, дали народот Македонски има заслуга за победа, победата која Македонија ја слави, за поразот, поразот кој малата Македонија им го нанесе на големите веле сили! Се прашувам, дали е доведен во прашање кредибилитетот на Европската унија? Дали е доведен во прашање кредибилитетот на Америка? Дали всушност Македонија кажа стоп на погубната политика која странскиот факор ја води кон балканот и балканските држави, се разбира помалите?! Велам Македонија извојува, Македонија победи бидеќи во Македонија не се реализира сценариото и не го гледавме филмот кој пред некој ден директно го гледавме во Турција. За сета среќа во Македонија нема граѓанска војна, нема воена непослушност и нов обид за ПУЧ, иако тоа е за нас познато и тоа слично со Турција, страдавме и ќе страдаме од внатрешните предавници! Ви реков незнам кој повеќе придонесе, дали народот кој имаше трпение кога тоа беше и повеќе од потребно, дали стабилноста која актуелната влада и ја дава на државата, дали мудроста на Никола Груевски или пак општата аболиција која Иванов ја даде?! Кој помогна најмногу незнам ама знам дека оваа Македонска коалиција вроди со плод, со многу труд и многу работа, мудрост и трпение, македонија ги зачува своите граници но и своите граѓани живи и здрави-фала му на бога! Јас, според моето размислување и политичката анализа знам дека ова сега веќе добро познато сценарио требаше и беше наменето за Македонија! Јас знам дека доколку се случеше вакво нешто ние сега како поединци, граѓани но и како држава не ќе знаевме каде ни е крајот и незнам дали ќе постоевме како таков народ и како таква држава! Колку е само поголема Турција од Македонија територијално но и по број на жители, сепак малата Македонија остана на нозе! Драги мои пријатели, јас повеќе пати сум рекол дека нашата држава и во минатото и сега била на колена но секогаш се издигала над се и издвојувала битки од кои излегувала посилна и појака! Токму затоа во овој момент јас велам благодарам Никола Груевски, благодарам ВМРО-ДПМНЕ и ви благодарам на вас браќа и сестри МАКЕДОНЦИ! Македонија продолжува да чекори по вистинскиот пат! Библијска Македонија е свето парче земја!
|