|
|
Македонија непозната земја (terra incognita) - надгробниот напис на Самуил (8) |
Подготвил: Тихомир Каранфилов „На бреговите на Преспанското езеро, кон крајот на X век, се случил важен историски настан – основање на Самуловото царство. Кога Византијците во борба со Русите ја завзеле источна Бугарија со нејзините главни градови во 971 година, во Македонија се радувале на политичката слобода. Таа била управувани од четворицата синови на комитопулот Никола, кој живеел во областа Мокра на југо-запад од Охридското езеро и потекнувал од племето Брсјаци. По краткото царување на најстариот брат Давид, власта ја превзел најмалиот брат Самуил, кој царувал од 977 – 1014 година. Самоил ги избрал Преспа и Охрид за свои престолни градови.“ – пишува Г. Трајчев во својот дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.). Георги Трајчев во својот дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), во кое ги опфаќа манастирите во рамките на географските и етничките граници на Македонија, пишувајќи за црквите и манастирите во Преспанско, во својот веќе препознатчив стил дава една прексрасна слика и за овој регион и изнесува досега непознати детали за пошироката јавност, како што е например на кој начин е откриен надгробниот натпис на Самуил. Авторот во своето дело објавено во делачнета 1933 година за Преспа ќе забележи: „Затворените котлини и езерски области, како што е областа на Десаретските езера, преставуваат добри места за востанија и за зајакнување на самостојните владетели, зошто такви места лесно се заштитуваат. Преспанското езеро, заградено со високи планини, со изобилство риба во езерото, која преставува вкусна храна за време на долгите пости, нуди удобни места за манастири, цркви и испоснички келии. Затоа крај Преспанското езеро се создала основа за интензивен религиозен живот. Траги од стари монументални градби, цркви и манастири се среќаваат на многу места покрај брегот на езерото, особено пак на островот Ахил и Голем град. А и зачуваните до денес стари цркви и манастири во Препспанската котлина не се малку. Славното минато на овој крај во Македонија предизвикувал жив интерес во научниот славјански свет: Руси и Срби, не еднаш извршиле научни истражувања. Прв од славјанските научници кој го посетил овој историски крај, бил рускиот професор Григорович (1845 г.) Во летото 1898 година Рускиот архелошки институт во Цариград презел научна екскурзија во западна Македонија, на чело со својот директор проф. Ф. Успенски и проф. П.Н. Миљуков. И српска мисија, на чело со проф. Цвиич го посетувала тој крај. Од тие страни мисии, требаше да слушнеме процена за историските старини, останати од Самулово време, која процена не секогаш била строго непристрасна. Дури егзархиските органи, учители и духовништво требаше, требаше да чуе укори од поменатата руска мисија и обвинувања за „вандализам“ зошто умислено ги уништувале грчките споменици и надписи, кои ги менувале со славјански. Одговор, за тоа тешко и незаслужено обвинување на адреса на егзархиските органи, дадоа редовите во сегашниот печат (в. „Новини“, г. 22. бр. 95), каде фактички се докажа дека токму обратно е правено. Грчкото духовништво за да го избреше секој доказ на славјанската кножевност и писменост смислено го вршела тој вандализам. Особено во тој однос се истакнувал охридскиот фанариотски владика Милетиј. Така е тоа кога странски научници вршат проценка без да биде добро информиран. А и за бугарските научници Македонија беше непозната земја (terra incognita).“ – пишува Трајчев. Откривањето на нагробниот натпис на Самуил во 1888 година, предизвикал сензација во тогашниот славјански свет. Откриен под необични околности, овој епиграфски извор, напишан со кирилско писмо од 6500 година од т.н. создавање на светот, предизвикал низа расправии во научниот свет. За неговото откривање и за мислењата на тогашните научници, Трајчев вели: „Во црквата Св. Герман е најден најстариот славјански писмен паметник. Тоа е цар Самуиловиот натпис од 993 година, кој е првостепено значење за нас. Надписот е од епохата на Св. Климент и 77 годи го одделува од времето кога бил врежан од св. Климентовата смрт. Најден е во селото Герман во 1898 година од руската археолошка мисија на чело со професорите Успенски и Милјуков. Откривањето на нагровната плоча се случило приследните околности. Во 1888 година селаните почнале да градат нова црква, прилепена до самата западна врата на старата мала црква, која служела за гробница на св. Герман, Цариградски патријарх (715 – 730 г.) кој живеел тука во прогон? При раскопување на подот на црквата, пред олтарот е најдена надгробна плоча, свртена со натписот надолу. Траги од гробот немало, зошто плочата била поставена во ред со други плочи, кои го формираа подот. Во тоа време селото било патријаршиско, но плочата останала незабележана од љубопитното око на фанариотските органи и бил прикриена под св, Престол. Во 1895 година селото го посетил битолскиот руски конзул и прашал за плочата. Сепак, некои не знаеле за неа. Подоцна доаѓал и српскиот конзул од Битола и нудел 700 наполеони на црквата за да ја земе плочата, но никој не знаел за неа. Само епитропот Гине Наумов знаел, дека има плоча и каде се чува. Во 1898 година Успенски и Миљуков вложиле голем труд за да ја видат плочата. Тие имале препорака од Егзархијата до селото. Откако стана позната плочата, таа не се криеше веќе. Та се чуваше во олтарот на новата црква, свртена со надписот од кај ѕидот. Учените професори Успенски, Флорински и Миљуков ги дале своите белешки за неа во Извештајот за Рускиот археолошки институт во Константинопол (IV, вип. I, за 1899 год)... Проф. Јордан Иванов. кој го посети тој крај пред хурието (1907 г.) дава кратки белешки за надписот во книгата „ Бугарски старини од Македонија“, а поопширно во студијата „Историско арх. белешки за цар Самулиовата престолнина во Преспа“ (Известија на Б:А:Д: 1910 г.). Содржината на надписот сведочи дека имаме работа со семејната гробница на цар Самоил... Бидејќи суштествениот дел е зачуван, професорите лесно го обновија целосниот текст на надписот. Еве што пишува: „†въ имѧ ѡтьца и съина и с҃таго дѹха азъ самоип(л)ь рабъ б҃жи полагаѫ памѧть ѡтьцѹ и матєри и братѹ на кръстѣхъ сихъ• имєна ѹсъпъшихъ никола рабъ б҃жи ... ѣ давдъ написа ... въ лѣто отъ сътворєния мирѹ ѕ҃• фа҃• инъдикта ѕ҃•“ За време на балканските војни плочата останала незабележана од српските власти, кои го окупираа тој крај. По Букурешкиот договор селото Герман припадна на делот под окупација на Грција., но плочата целосно беше скриена. Но, за време на Првата светска војна, поточно во 1916 година, натписот е пренесен во Софија од етнографот на Првата бугарска армија писателот Стефан Костов. Долго време во научниот свет се воделе дискусии како оваа надгробна плоча се нашла во Св. Герман. Биле поставувани разни тези, а за дилемите кои постоеле, авторот на книгата „Манастирите во Македонија“ ќе забележи: „Не е јасно, дали плочата била на самата гробница или била подготвена подоцна од Самуил и ставена веројатно на нова гробница во Преспа каде се пренесени коските на споменатите покојници. Втората мисла изгледа поверојатна, вели проф. Иванов. Одкако ќе ги оставиме настрана разните информации, кој ги дава овој најстар камен надпис со (славјанско) писмо, Самуиловата плоча не интересира поради се и по самото место на откривање во селото Герман. Самуиловата семејна гробница се наоѓала или во самата престолнина на островот Аил или во селото Герман каде е и откриена. Ако го прифатиме првото, треба да се согласиме дека плочата била пренесена од престолнината во Ахил во Герман подоцна по разрушувањето на престолнината. Втората претпоставка дека плочата бил уште од крај време во Герман не тера на помисла дека таму во Самуилово време имало манастир, каде биле оставани на упокоение останките на царските родители и браќа, или дека во долината на Герман се наоѓал омилен царски спокој (гробишта) и дворци. Во корист на селото Герман говорат и следните факти. Еден грчки надпис над вратата на нартексот во старата црква на село Герман посочува дека црквата била подигната при Цариградскиот патријарх св. Герман (715 - 750), подоцна презографисана во 1006 година (во времето на Самуила) и на крај наново зографисана во 1743 година. Старите спомени и натписи биле повод за местното население, според кое селото го носело името на патријархот Герман, кој таму живеел. Поминал се и бил погребан во црквата.. Релативно пак прашањето, кој имено Герман треба да се подразбира, цариградскиот или (охридскиот), треба да признаам дека сите податоци говорат во полза на (охридскиот) патријарх. Така во времето на Самуил охридскиот патријарх всушност бил Герман, кој првично бил во Воден, а подоцна заедно со пренесувањето на престолнината во Преспа, дошол и тој таму. При презографисањето на црквата во 1743 година лесно било од грчките заинтересирани страни да се стави во написот дека е основана во време на св. Герман Цариградски, а во населението да се разгласи дека на истиот .. гробот е во селската црква. Од споменатите погоре учени само проф. Иванов бележи, дали тука имаме работа со семејна гробница на цар Самуил или плочата е пренесена од друго место. Ако се има во предвид непривлечноста на село Герман..., би можело да се претпостави дека плочата е пренесена тука од друго место. Селото Герман е највисоко во Баба планина. Околината му е прозаична (еднолочна), голи ридови без растенија. Два длабоки дола го пресекуваат селото. Патот за селото води низ тесни, коњски патеки. Селаните не поседуваат крај селото никаква работна земја. Оддалечено е од езерото околу 8 – 10 километри. Старото село се наоѓало на друго место, кај Маркова нога, меѓу селата Наколец и Дупени, близу до Езерото. Во Преспа има места многу по привлечни и поживописни за кои може да се претпостави дека служат за царски „мавзолеи“. Такво село е Дупени, расположено недалеку од Езерото, по падините на Баба планина, обрасното со густи буки и елки, оросени од бујни планински поточиња. И тука има манастир Сретение Господово. Освен тоа селото е изградено над урнатини од стара населба, веројатно некој град, бидејќи во периферијата на околу 5 километри има урнатини. Во околината на селото се наоѓаат црквите Св. Илија, Св. Ана, Св. Врач, Св, Петка, Св. Никола. Цели се: Св. Атанас и Св. Архангел. Кај црквата св. Атанас има урнатини познати под името „Владички грамади“. Сигурно тука било седиштето на митрополитот Друго село со живописна околност е Рудари. И тоа е расположено на западните падини на Баба планина, обраснато со густа гора, богата со вода. Околината на селото изобилува со урнатини од стара населба и цркви. И тука имало буен живот во древно време. Дел од урнатините се нарекува „Калето“ и кај него има извор наречен „Царев кладенец“. Дали имаме работа со некоја царска резиденција? – се прашува авторот. Во својот опис за црквата Трајчев ќе го забележи следното: „Старата црква св. Герман служи за олтар за новата црква. Формата на црквата е со едно кубе, а внатре има 4 столба. Страничните градби се во вид на крст. Влезот е од југо – запад, а во северо-зпадниот дел е гробницата на св. Герман, покриена со камена плоча во неправилна форма. Црквата е неколку пати поправана, но во своите основни црти, го сочувала стариот тип. Таа е долга 9 м., широка 6,70 м. Градена е од кршени камења. Тули има само по сводовите и арките. Има нартекс. Црквата е крстовидна, куполна од впишаниот тип крст. Три полукружни апсиди се потпрени непосредно до трите надолжни кораби... Протич ја датира црквата од 993 година, а В. Иванов од 1006 година. Според мене посигурна е датата од 993 година, кога е поставена плочата на цар Самоил над семејната гробница, ако не и постара зошто: или црквата – гробница е изградена од Самуила од 993 година или била затекната во таа година. Црквата е со ниски прозорци. Куполата е слична со таа на Трескавец. Не ли е тоа доказ за епохата на основањето на тие два храма – цар Самоилово време. Г-дин Мавродинов според архитектонските белези ја датира црквата св. Герман од XIII век. Ете уште еден доказ дека историските дати не се совпаѓаат со архитектонската епоха. Како е возможно црквата св. Герман да е од XIII век, кога имаме писмени историски докази - надгробна плоча на Самоил од 993 г., дека таа постоела од порано. Ако се прифати датата од XIII век за основана, како се најде споменатата плоча тука? Треба да допуштиме дека таа плоча се криела, била непознато до XIII век – кога во византиско и српско владеење над Македонија, станала позната и прибрана случајно во црквата св. Герман? И друга историска доста верна не дозволува такво тврдење. Како што е познато селото го носи името на св. Герман. Не може да се дозволи дека било обратно – селото Герман да му го дало името на црквата. Од историјата е познато дека во времето на цар Самоил, Герман бил патријарх, кој е погребан во таа црква и на чие име е посветен храмот... А Грците смислено ја извртиле таа историска вистина, кога над внатрешната врата напишале дека св. Герман бил грчкиот патријарх Германос, починат и погребан тука (715 – 750 г.), а презографисан во 1006 година. И проф. Миљуков тврди дека црквата е постара од 1006 година. Ако пак всушност, судејќи по архитектонските белези на црквата се гледа разлика меѓу историската дата на црквата и архитектонската епоха, тоа би требало таа “игра’ на епохите да се оддаде побрзо архитектуната измена, отколку на историската дата, особено кога за тоа имаме историски пишани споменици, какви што се Трескавец (прилепско), хрисовула на св. Душан и нагробната Самоилова плоча. Внатре црквата е покриена со фрески. За историјата на нејзиниот живопис наоѓаме надписи не сосема сигурни вели проф. П.И. Миљуков, кој заедно со проф. Успенски ја посетиле Преспа во 1898 година... Натписот на нартексот над влезот гласи: „Тука ја напишавме некогашната дата. (Црквата) се воздига во времето на св. Герман, патријарх Цариградски; втор пат се зографиса во годината од Христос 1006; тоа е трето зографисање во годината 1734 (И-в. ибид) Друг натпис на западната страна на црквата гласи: „дека храмот се зографисал на трошок на христијаните од с. Герман, за време на архиерејството на Партенија св. Преспански и за време на ефимеријата Константин, во годината 1743 м. Септември... Сликите во црквата се во три појаси еден над друг. Долниот појас во целата внатрешност е зафатена со сликите на светците во голема величина. Тука се ликовите на св. Герман, св. Климент и др. Во вториот појас се ликовите на светците во кружна форма (медалјон). Најгорниот појас има слики од Исус Христос, Св. Богородица и др. Селото Герман, а заедно со него и црквата манастир св. Герман, станала популарна во последно време, по откривањето на надгробната плоча од 993 година. Денот на св. Герман се празнува на 12 мај ст. ст. Другиот ден по празникот на св. Кирил и Методиј. Тогаш тука има голем собир посетен од целото население на Преспа. На тој ден јас сум до посетувал манастирот многу пати. Манастирските згради пкпли црквата недостасуваат. Посетителите и гоститте се пречекуваат од целото село, кое броеше 200 чисто (македонски) куќи, каде што се изнесуваат богати трпези за празникот.“ – пишува авторот во својот осврт за манастирот св. Герман. За Македонците од особено значење е манастирот „Св. Герман“, кој се наоѓа во Егејскиот дел на Македонија. Во него лежат моштите на првиот поглавар на Преспанската црква, Герман (Гаврил), потоа на Самуиловите родители Никола и Рипсимија, како и на неговиот брат Давид. Црквата е со впишан крст, што е е најстар пример на црква од овој стил во Македонија.
|