|
|
КОГА БИ БИЛ ЈАС ВО ОПОЗИЦИЈА |
Кога би бил јас во опозиција или уште поубаво лидер на опозиција, како прво би се заколнал во јавноста ако украдам или случајно по грешка одземам денарче од касата на Владата и народот, да ми даде Бог казна најголема и аир да не видам и би дал оставка на лице место. Ако некој од мојата Партија го направи истото, истата казна би му ја посакал и нему или нејзе, сеедно и ќе мора да врати тродупло и плус да ми докаже дека усреќил некој сиромав човек со едномесечна плата. Како опозиција, би ја почитувал секоја една партија, позицијата и би ги барал најдобрите страни да им ги пофалам, а лошите би им ги предочил насамо и настрана. Би оставил народот да каже што има да им се каже и да ни се каже. За мене сите би биле како прво Божји чеда и рамноправни. Нема да има Македонец, Албанец, Турчин, Србин или православен, муслиман, католик или било што ... сите еднакви бред Бога и закон и без протекција. Само добри вредности и дела ќе признавам и ќе мора да знаат дека земјата во која живеат се вика Македонија. Кога јас би бил опозиција или лидер да се изјаснам уште поубаво, кај мене не би имало трте - мрте. Би работел деноноќно да го видам народот како почнува да верува во мене, да сторам стандардот и живеачката да им ја кренам на што повисоко ниво и среќни насмеани фамилии со деца и верба во светот и земјата што ги родила ќе ми биде најголем возврат и плата. Ќе се осеќам како милијардер. Кога би бил и само една минута, јас би бил најсреќен да ве направам посреќен од мене. Ова треба да го знаат и опозицијата и Владата, како и сите комшии и светски сили. Тогаш јас и земјата моја Македонија ќе бидеме посилни од сите и заштитени од Бога. Затоа би имал една порака : Почитувајте се и сакајте се меѓусебно каде и да сте и барајте да ви бидам лидер на опозиција и да ме одберете за лидер преку мои искрени дела. И не заборавајте на крај дека без добра искрена економија, благословена дијаспора, јасни визии да се победи сиромаштијата и никакво крадење од народот... со таков лидер како мене, ние можеме многу повеќе. Иако е некаков сон и утопија, сепак верувам доколку некој ме копира, далеку може да отидеме. До тогаш, Господ нека ја чува Македонија и нека и посака се што и мислам и благословувам.
|