Среда, 27 Јули 2016   
АЛБЕРТ СОНИКСЕН: „An Underground Republik“ of Manastire - „JeniMaale“

(Подзeмната република на Манастир –„ЈениМаале“)

cekutkov
Пишува: Ѓорги Чекутков
  
Авторот е историчар 

soniksen
Алберт Сониксен, Ѓорги Сугарев 

Денес кога Македонија се бори за својот гол опстанок, кога кодоши, шпиони, предавници и душмани (домашни и странски) крстосуваат во Македонија и јавно работат и пропагираат уништување на со многу жртви тешко изборената независност на  Македонија неопходно е да се сетиме на некои настани од минатото.

Имено, потребно е да се укажи дека таквите изроди секогаш имало во Македонија. Меѓутоа, исто така, неопходно е да се потенцира дека тие од историјата ќе останат за навека обележани со црни букви, а за нивните дела ќе се страмат нивните потомци.

Во минатото нашите претци односно Македонија со овие изроди се справуваше на „еден посебен и единствен начин“.

Следните редови му се посветени за еден настан кој се случи во далечната (23 март стар стил / 5 април нов стил) 1906 година.

Имено, визијата на македонскиот корифеј Дамјан Груев за „Подземната република“ можеше да се сретне и се применуваше во некои градови на Македонија односно во одделни нивни маала.

Така, во Штип за подземна република на градот се сметаше населбата Штипско „Ново село“.

Во овој поглед и Манастир-Битола не беше исклучок и таа имаше своја Подземна република. Tоа беше населбата „Јени Маале“(„Гени Маале“). 1

Имено, на ова можда најпатриотско маало од многуте маала на градовите во Македонија, името „An  Underground  Republik“ of  Manastire - „Jeni Maale“- (Подзeмната република на Манастир –„Јени Маале“) му го даде Американецот со Англиско потекло познатиот новинар, патописец и публицист Алберт Сониксен.

Тој по Илинденското востание – 1903 година доаѓа на Балканот. Најпрво во почетокот на летото 1904 година, престојува во Бугарија и откако се запознава со состојбата, на крајот од месец февруари 1906 година доаѓа во Македонија. Додека престојуваше во Бугарија тој дознава дека најзначајниот и најорганизираниот округ на МРО беше Битолскиот револуционерен округ. Овој непобитен факт го мотивира да престојува во Битола, Јени Маале и Битолско. Неговиот престој и дружење со членови на Битолскиот револуционерен округ го искористи во целост да се запознае со состојбите во Македонија по Илинденското востание, делувањето на соседните пропаганди и други битни случувања. Подоцна овие сознанија ги искористи да го напиши својот труд „CONFESSIONS OF A MASEDONIAN BANDIT“„Исповед на еден Македонски четник“ кој на Англиски јазик е објавен во 1909 година. Во ова дело тој многу добро и автентично ја опишува состојбата, животот на населението и начиниот на применување на законодавството на МРО во Битолскиот револуционерен округ, Битола и посебно во Јени Маале преку конкретни и вистинити настани. Тој одреден период престојуваше во Битола, претежно во оваа Битолска населба и за Јени Маале ги употребува зборовите „Една подземна република“.2

Помеѓу другото тој го опишува животот во Јени Маале, односот помеѓу Ѓорѓи Сугарев  и Петар Лигушев, осебно се осврнува на предавството извршено од П. Лигушев, лицемерието за вакви случаеви на Турската власт, изречената смртна казна од органите на Битолскиот револуционерен округ и нејзиното извршување.

2

А. Сониксен за случајот Петар Лигушев забележал: „Лигушев бше изведен на суд и за исчудување на сите, турскиот обвинител стана и драматично го изобличи како предавник, кој што им служи на двете страни и ги лаже обете. Тие го испратија на доживотно заточение во една од тврдините на Мала Азија, каде што тој бездруго беше во најголема сигурност. Подоцна беше ослободен и се врати во Битола, каде беше убиен на улицата, како што беше убиен и неговото несреќно орудие Ѓорѓи“. 3

Поточно, по дадената амнестија од страна на султанот кодошот Лигушев беше ослободен од турската власт и се врати во Битола.

Што се однесува до предавникот Петар Лигушев ќе наведам и тоа дека него бргу го стигнува заслужената казна.

Имено, од многуте битолски маала најзначаен белег во жалната македонската историја оставило патриотското „Јени маале“. Во него се родиле многу патриоти и се случиле многу настани, а еден оставил посебен но, црн белег.

Лицетo Петар Лигушев во Битола и Битолско е познато по својата негативна конотација. Тој беше син на фурнаџија кој беше доселен во „Јени Маале“ од едно битолско село. Петар Лигушев во хиреархиската поставеност на ВМРО бил секретар на Битолскиот окружен комитет.

Месец март 1906 година П. Лигушев изврши едно од најболните предавства во Македонското револуционерно дело.

Поточно, овој изрод од македонскиот род поради лична омраза, лубомора и завист го извести кајмакамот од Битола за движењето на четата на војводата Ѓорги Сугарев.

Османлиската власт во однапред поставената заседа успеа да го ликвидира легендарниот битолски војвода Ѓорги Сугарев и неговата чета.

Настанот се случи на 23 март стар стил / 5 април нов стил 1906 година во месноста викана „Чукарите“ кај битолското село Паралово.

Поради овој чин на предавство Битолскиот револуционерен округ му изрече смртна казна, а задачата да ја изврши му беше доделена на Битолскиот окружен комитет. Истата не беше експресно извршена бидејки за да го заштити Османлиската власт го прати во „заточение“ во занданата Подрум Кале во Мала Азија. Сепак, по 2 години и неколку месеци кога никој не очекуваше, а најмалку самиот Лигушев егзекуцијата се случи во „Јени Маале“.

3

Споменикот на легендарниот битолски војвода и член на Битолскиот револуционерен округ Ѓорги Сугареви неговата чета, жртви на предавството извршено од шпионот Петар Лигушев

Поточно, два дела од оваа патриотска населба се именуваат со поимите „Горно средсело“ и „Долно средсело“.

Сокаците и чикмаците од ова маало биле од стари и трошни куќи. Во една студена и мрачна зимска ноќ, декември 1908 година во „Гени Маале“, по неговата амнестија од лицемерната затворска казна (изречена од Турските кадии) и враќањето во Битола, во еден од сокаците на „Долното средсело“ , кога најмалку се надеваше и очекуваше беше егзекутиран шпионот Петар Лигушев. Покрај неговото мртво тело остана да свети газиениот фенер како единствен неемсведок за смрта на предавникот Петар и да го отслика крајот на еден изрод.

Егзекуцијата ја изврши член на Битолскиот револуционерен округ, кој бил роден и живеел во ова маало, притоа остави порака и писмо со следната содржина:

„Секој, да знае, да се памети, за да на се повтори и никогаш да не се заборави“.

Од текстот на пораката може да се заклучи дека атентаторот беше интелегентна и учена (школована) личност. Понатаму помеѓу другото на пораката беа уште испишани и зборовите од познатите пароли на ВМРО кои предизвикуваа страв и трепет за непријателите на македонскиот народ:

4

„СМРТ ЗА ШПИОНИТЕ И ПРЕДАВНИЦИТЕ“,4

„РAКAТА   НА   НАРОДНАТА  ВЛАС Т   КАЗНУВА“,5

„М О Ж Е   ДА   СЕ   З А Б А В И ,  НО  Н Е М А  ДА  СЕ  З А Б О Р А В И“6 и

„РАКАТА  НА  ВМРО  Е  ДОЛГА“.7

На овој начи, кога за одредена личност ќе се изречеше смртна казна, се применуваше законодавството на ВМРО во Битолскиот револуционерен округ, во Битолското маало кое Турците го викаа „Јени Маале“ (Ново маало), Македонците „Гени Маале“, а Американецот Алберт Синиксен во својот труд „CONFESSIONS OF A MASEDONIAN BANDIT“ -  („Исповед на еден Македонски четник“) го нарече „Една подземна република“!.8

Следниот ден, кога се отворија кепенците на битолските фурни и меани, но и долги години потоа, битолчани го раскажуваа и прераскажуваа овој настан.

За предавството и егзекуцијата на шпионот Лигушев во Битола и Битолско често се раскажува и денес.

Меѓутоа, за жал додека сеуште имаше живи сведоци ни еден историчар не покажа интерес и храброст да истражи и да го идентификува името на терористот-патриот кој го егзекутира овој изрод, поради што, тој факт остана енигма за историографите до ден денешен.

Како што укажав погоре, за да се егзекутира една ваква опасна личност атентаторот требаше да поседува посебни карактеристики. Сепак, едно е сигурно, тоа можеше да го изврши храбар, но пред се мудар, учен (школован) и интелегентен член на ТМОРО притоа со манири на терорист, а такви мора да се признае во тој период, во Битолскиот револуционерен округ, Битолскиот окружен комитет, Битолскиотмесен (градски) комитет и Јени Маале ги имаше малку.

Всушност, во прашање се две-три личности.

Може: да се претпоставува, да се нагаѓа, да се шпекулира со името на непосредниот извршител, но со сигурност неможе да се тврди.

Тоа е начинот на кој нашите претци се пресметуваа со кодошите, предавниците и шпионите на кои народот му го дадоа името „изроди“, а со кои во минатото  Македонија се справуваше на „еден посебен и единствен начин“.

5

Со овој текстот му го честитам 113 Илинден на сите чесни и патриотски определени Македонци родени во Јени Маале, Битола, Битолско и Македонија, кои живееа, но и оние кој денес живеат во Македонија и далеку во дијаспората Америка, Канада, Австралија и Европските земји.

Посебно на сите Генималци распространети насекаде ширум по Светот.

 

______________________________________________________________________________________________________________

1-Името наБитолската населба „Јени Маале“е турски збор  и во превод значи „Нова Маала“, меѓутоа македонското население го изговараше „Гени Маале“, а жителите „Генимаалци“. И денес населението сеословува како Генимаалци.

2- Алберт Сониксен, „Исповед на еден македонски четник“(Albert Sonnichen, CONFESSIONS OF A MASEDONIAN BANDIT) - Duffield company, 1909, преведена на Македонски јазик 1997, Скопје, 122..

3-Алберт Сониксен, „Исповед на еден македонски четник“(Albert Sonnichen, CONFESSIONS OF A MASEDONIAN BANDIT) - Duffield company, 1909, преведена на Македонски јазик 1997, Скопје, 195.

4-За шпионите и предавниците секогаш се изречуваше смртна казна..

5- Спомени на Дамјан Груев, стр. 20.

6- За искажана голема омраза кон ВМРО (А:Станболиски), за извршени предавства или убиство на некој член на МРО и слично се изречуваше смртна казна и тогаш на тој грешник му беа одброени деновите кога и да беше каде и да беше личноста била наоѓана и егзекутирана, бидејќи за ВМРО важело правилото: „Може да се забави, но нема да се заборави“.Повеќе години по овиј настан на 9 јуни 1923 година, Премиерот на Бугарија Александар Станболиски кој се обиде да ја уништи ВМРО беше егзекутиран на нај суров начин. Види: Александар Цанков, Бугарија во бурно време, „Спомени“, Софија, 1999, 168-169... 

7- По изречената смртна казна грешникот се криеше во Македонија, Бугарија, Грција и по други европски држави, во нивните градови, но секогаш ќе го  стигнеше заслужената казна и за опомена на други се оставаше паролата . „РАКАТА НА ВМРО Е ДОЛГА“

8- Алберт Сониксен, „Исповед на еден македонски четник“(Albert Sonnichen, CONFESSIONS OF A MASEDONIAN BANDIT) - Duffield company, 1909,112.

Алберт Сониксен

_____________________________________________________________

18- Алберт Сониксен е роден на 5 мај 1878 годин, во Сан Франциско САД. Како млад на 21 година во 1899 година бил учесник во американската експедиција за Филипините и одреден период бил во друштво со бунтовниците. Од оваа авантура во 1901 година ја напиша својата прва книга. По крвавото задушување на Илинденското востание од 1903 година, покажал интерес за МРО односно за нејзината борба за Македонската кауза. Контактирал со Македонските емигрантски кругови во САД и како секретар на Македонскиот комитет во Нујорк ја посетил Македонија. Во почетокот престојува во Бугарија и отаму се префрлува во Македонија. Од февруари до ноември 1906 година, престојува во Македонија, претежно во Битолскиот револуционерен округ односно во Битола и во нејзиното најпатриотско маало „Гени Маале“ кое го нарекува „Една подземна република“. Најголемиот временски период го поминал во друштво на Лука Иванов, но имал средби и со Ѓорги Сугарев, шпионот Петар Лигушев и легендарниот Дамјан Груев. Бил сведок на штетните последици кој на Македонија му ги нанесуваа туѓите пропаганди. Во 1907 година се враќа во Америка, но продолжува да ја подржува борбата на МРО. Во 1909 година, спомените од неговиот престој во Македонија ги објави во книгата „CONFESSIONS OF A MASEDONIAN BANDIT“ -  („Исповед на еден Македонски четник“). Умира 15 август 1903 годин, во Вилимантик, САД.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.