Среда, 03 Август 2016   
СМРТ ИЛИ СЛОБОДА ЗА МАКЕДОНИЈА!

kostadin-kerpicoski
Костадин Керпичоски

Најголемиот национален а и православен верски празник ИЛИНДЕН.

Коњаницата пристигна во Македонското Крушево!

Сите сме возбудени, трепери телото и морници не лазат по кожа кога војводите поминуваат покрај нас!

На среќата и нема крај, верувајте! Се радувам што сме свесни, што сме братски настроени, што народот има разбудено патриотско чуство, се радувам што си ја сакаме нашата една и единствена татковина, Република Македонија!

Сегашност, минато и иднина, тоа е едно, тоа е спој на искуство и младост, сила и мудрост!

Ништо не се сменило драги мои пријатели, и тогаш и сега е време комитско. И во минатото и денес а и во иднина драги мои ќе има луѓе кои си ја сакаат но и такви кои за грст пари би ја продале татковината!

Ништо не се сменило пријатели бидеќи сите многу добро знаеме како завршувале предавниците во минаттото низ историјата, верувајте дека така ќе биде и денес и во иднина!

Знаеме ние браќа и сестри, Македонија страдала, страда и ќе страда од внатрени предавници НО искуство не научи на мудрост и трпение а времето пак со себе ја носи казната за таквите!

Хмм, велат дека животот ти дава да избираш, имаш можности, всушност секој ден е нова можност, токму поради тоа драги мои Македонци на вас е изборот дали ќе бидете патриоти, вистински и искрени , исконски македонци или пак предавници како некои наши сограѓани!

НЕ! Не, во никој случај Македонија нема да падне во бездна, во безсознание, нема да биде на колена, рекле постарите дека една ластовица пролет нема да донесе па затоа водејќи се од оваа поговорка знаеме дека неколку луѓе нема да и наштетат на нашата татковина, нема да дозволиме да и наштетат, ќе ги запреме, ќе ги спречиме и ќе ги сотреме, подобро е да се спречи од колку да се лечи!

Токму затоа драги мои Македонци и Македонки ве повикувам сите да станете на нозе, да се издигнете над проблемите, да го разбудите патриотизмот во себе, да ве води љубовта кон татковината и да се бориме до последна капка крв за татковината, за светото парче земја, за малата но толку посакувана а само наша Македонија!

Уште еднаш ви го честитам големиот национален празник ИЛИНДЕН, повикувам на мир и соживот, многу љубов и разбирање, многу здравје и размислуваје со ладни глави во овие тешки мигови за Македонија!

СЛОБОДА ИЛИ СМРТ ЗА МАКЕДОНИЈА!

ДА ЖИВЕЕ НЕЗАВИСНА, САМОСТОЈНА, СУВЕРЕНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

ДА ЖИВЕЕ ОРГАНИЗАЦИЈАТА!

ДА ЖИВЕЕ ИДЕЈАТА!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.