Среда, 03 Август 2016   
Манастирот „Св. Отец Прохор Пчински“ е свето место за македонскиот народ (9)

Tihomir Karanfilov-001

Подготвил: Тихомир Каранфилов

„Манастирот Св. Прохор Пчински е расположен во едно живописно место, кај реката Пчиња, погоре од селото Пелинце, близу до српската граница... Пчинскиот манастир стои североисточно од Куманово, расположен на левиот брег на реката  Пчиња, во подножието на Козјак, на границата меѓу Прешовската и Кумановската околија. Во манастирот се влегува преку стари примитивни порти. На сред манастирскиот двор се гледа новата манастирска црква св. Похор, а наоколу се манастирските згради. Една од нив е на два три ката со соби изградени во текот на 1854 – 1862 година со народна помош. Таа зграда е подигната во времето на Скопскиот владика Јоаким и игуменот поп Анто. Освен таа голема зграда, наоколу има други помали. За забележување е тоа што додека во други манастири не било дозволено да имаат камбани, тука имало уште во 1873 година.“ – пишува  Георги Трајчев во својата книга „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.).

На 2 август 1944 година во манастир „Св. Отец Прохор Пчински“, точно во 5:15 часот попладне најстариот по години член на Иницијативниот одбор Панко Брашнаров, учител од Велес, со тивок и треперлив глас, го отвори Првото заседание на АСНОМ со следните зборови:      

„Во овој момент, во ова историско место „Св. Отец Прохор Пчињски“ и на овој историски ден - ИЛИНДЕН -, кога објавувам да е отворено Првото антифашистичко собрание на народното ослободуење на Македонија, душата ми е преполнета со радост и пред премрежните очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропаста на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава.

Во овој момент, земјата на нашите покојници - многубројни народни герои, паднали и посејали коските си по цела Македонија, им станује по лека и они во мир веќе го гледат изгревот на нашата слобода, гледат идеалната дружба на старите Илинденци - на Гоце Делчев и денешните Илинденци - младата македонска војска, и поставените темели за остварението на идеалот на две поколенија, на две епохи - слободна, обединета Македонија...“

По Втората светска војна, границата меѓу Македонија и Србија била кај Ристовец. Иако со најголем дел од имотот му припаѓал на Македонија и бил значаен за македонската историја, во текот на разграничувањето меѓу двете соседни републики Србија и Македонија во рамките на втора Југославија, манастирот „Св. Прохор Пчински“ каде била возобновена македонската држава му бил остапен на Србија. Оваа грешка на тогашното македонско раководство не била поправена ниту за време на разграничувањето меѓу Македонија и СР Југославија во 2001 год.

Постојат многу документи кои потврдуваат дека манастирот „Св. Прохор Пчински“ му припаѓал на Македонија. Така и Георги Трајчев во својата книга „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), го сместува манастирот во Скопската епархија, односно на територијата на македонската земја. Говорејќи за легендите и историските докази за манастирот „Св. Прохор Пчински“, Трајчев во своето дело ќе го напише следното:

„Св Прохор Пчински бил родум од некое село во Овчеполието. Родителите му се Јован и Ана, по народност (Македонци н.з.). Во неговото житие се говори дека родителите му биле благочестиви и набожни луѓе, кои имале еден син – Св. Прохор. Тие уште од детството го воспитувале на Богопочитување и благочестие, а кога пораснал, тие планирале да го оженат и задомат. Меѓутоа, преподобниот Прохор чуствувал во душата дека не го влече световниот, туку духовниот осаменички живот. Во моментот кога родителите решително му предложиле да се ожени, тој се збунил и веднаш решил да го напушти мирскиот живот. Следејќи ја службата во црквата каде ги слушнал утешителните авенгелски зборови „која сака да биде мој да го земе крстот и да оди по мене“, тој го напуштил селото без да се јави на родителите и заминал во гората, каде по долго скитање наишол на мала пештера крај село Старо Негоричане (Кумановско), со убав извор крај неа. Во таа пештера праподобниот живеел цели 32 години, без да види жива душа, освен дивите зверови. Се хранел со диви растенија и со корени и тоа на три дена еднаш. Трпел лишувања, се изложувал на големи искушенија и по цели ноќи и денови се молел со солзи на очите.

Еднаш случајно поминал крај пештерата ловец кого преподобниот го повикал. Ловецот се исплашил кога слушнал глас од пештерата, но, св. Прохор викнал по него: „Диогене не бегај, не се плаши, ја сум човек“. Диоген се вратил за голема радост на светителот, кој го благословил и му предскажал, дека ќе оди во Цариград и ќе стане византиски император. Исто така го замолил, кога ќе стане император да си спомне за него. Потоа, кога почуствувал дека ќе нападнат варвари, св. Прохор ја напуштил пештерата и се прибрал во планината Козјак, каде наишол на друга пуста пештера (над реката Пчиња) и се населил во неа. Во таа пештера св. Прохор починал без да го види и знае некој.

Претскажувањето за Диоген се исполнило. Тој станал император во Цариград (1067 - 1071). Роман IV Диоген си спомнал за св. Прохор и отишол кај пештерата за да го побара. Откако го изградил манастирот св. Георги и кога не го нашол с. Прохор, испратил луѓе да го бараат. Тогаш св. Прохор му се јавил на императорот на сон и му го открил местото на својот престој. Кога ја нашол пештерата и телото, од кое излегувал чуден мирис, императорот заповедал на местото да се изгради мала црква с. Лука, на десно од реката Пчиња и друга голема и великолепна на името на св. Прохор, на лево од реката под с. Јабланица и во неа го положил ковчегот со светите мошти во ѕидот до олтарот, а околу храмот изградил голем манастир, кого го дарил со големи приходи. Од ѕидот каде што биле положени моштите на св. Прохор, истекло свето миро, од кое станале големи чуда, кои ја разнесувале славата на светителот по сите краишта на (Македонија). Од секаде почнале да се собираат луѓе за исцелување и да приложуваат кон новиот чудотворец св. Прохор. Императорот презадоволен од своето дело се вратил во Цариград...

Манастирот се нарекува уште св. Отец. Денот на светецот е на 19-ти октомври (ст.ст.), а се празнува на 19-ти септември. (Потоа) ... српскиот крал Милутин го обновил Пчинскиот манастир. Во почетокот на турското владеење манастирот суштествувал. Во 1489 година црквата била обновена со поддршка на Марин син на поп Радолов од Кратово. И подоцна суштествувал манастирот, каде се чувани книги и ракописи од XV и XVI век. Во  XVIII век имало околу 25 калуѓери во манастирот. Од 1816 г. не го прекинал своето суштествување, иако не е управуван од калуѓери.. Хан ја видел старата црква и долепената до неа двокатна четириаголна кула, со параклис на горниот кат. Тој наишол во манастирот на само еден свештеник.

Манастирот е расположен во едно живописно место, кај реката Пчиња, погоре од селото Пелинце, близу до српската граница. Самиот манастир е полуразрушен, вели Ефрем Каранов, кој го посетил. Во олтарот од десната страна стојат ликовите на Св. Иван Рилски, Прохор, Јаким и Гаврил. Десно од црквата е прилепено здание, целото внатре живописано, преку кое се влегува во скривалиштето каде што текло мирото...

Пчинскиот манастир стои североисточно од Куманово, расположен на левиот брег на реката  Пчиња, во подножието на Козјак, на границата меѓу Прешовската и Кумановската околија. Во манастирот се влегува преку стари примитивни порти. На сред манастирскиот двор се гледа новата манастирска црква св. Похор, а наоколу се манастирските згради. Една од нив е на два три ката со соби изградени во текот на 1854 – 1862 година со народна помош. Таа зграда е подигната во времето на Скопскиот владика Јоаким и игуменот поп Анто. Освен таа голема зграда, наоколу има други помали. За забележување е тоа што додека во други манастири не било дозволено да имаат камбани, тука имало уште во 1873 година.   

Старата црква имала 9 разни одделенија и на неколку пати биле презографисани. Околу 1870 година, Дебарскиот живописец Дичо го зографисал животот и дејноста на св. Прохор. По ѕдовите се гледаат и сликите на старите живописци од Кратово, Дамјан Договчев и неговите синови Георги и Тодор. По разни места низ црквата се гледаат белешки на посетителите. Разтурвајќи ја црковната кула, при обновувањето на црквата, најдени се сребрени монети од Мeхмед I Челеби, по потекло од градот Сер.  Освен манастирската црква и до неа помалата св. Богородица, низ манастирскиот двор имало и други две цркви: св. Архангел Михаил и св. Јован. 

Според преданието манастирот имал големи имоти и на друго место низ околината, но Турците ги присвоиле за свои џамии и теќиња. Сега манастирот поседува: планината Козјак, два чифлика, лозја, 2 воденици по соседните реки, куќи во Куманово, метоси во Врање, место во Скопје и на друго место, со еден годишен приход од околу 50.000 лева, во онаа време.

Од изнесените податоци е видливо дека манастирот св. Прохор Пчински бил во етничките и географските граници на Македонија и дека за него се грижел македонскиот народ. Но и тој како и другите македонски манастири во текот на историјата бил подложен на ограбувања и уништување на македонското културно наследство. Авторот во тој контекст ќе забележи:

„Во манастирот освен книжевна дејност се развивал живописот, како и литогрфското искуство, судејќи по еднаквоста на многу икони. А во текот на XIX век постојано работело училиште за попови и ѓаци... По прикажаните сведителства на Ефрем Каранов и Јован Хаџи Василев познато е дека во Пчинскиот манастир  имало и трет препис на житието на светецот... Четврт препис на житието е најден во Скопската  митрополија... Според житието на св. Прохор, манастирот бил основан во XI век... Над црковната врата има натпис од 1489 година за презографисање на храмот...   

Во Пчинскиот манастир се наредени имињата на Константин (1371 г.), владател на С. Македонија, кој загина кај Ровине заедно со Крали Марко како турски вазал, на неговите родители, на брат му и други...

Од тој манастир потекнуваат два ракописи од XVI и XVI век со минијатурен живопис на евангелистот Марко... Во манастирот св. Прохор Пчински, како што пишува Јован Хаџи Василевиќ – книгите се разграбени на секакви можни начини и тоа кој како што стигнал. Така во 1830 година, еден Русин или Германец, подигнал голем број книги од манастирот. Десет години подоцна, друг Русин подигнал цел товар книги. Грчките владици исто. А и самиот тој во 1878 година, заедно со архимандритот Фирмилијан и богословскиот ректор Е. Милич, ги зеле најубавите книги, 33 на број и сега се наоѓаат во Белград.   

А еве какви сведоштва ни дава Н. В. Просвештенство Скопскиот митрополи Неофит... Гробницата со телото на св. Прохор изградена е во половината олтар од манастирската црква. Светецот е мироточив, си тече пријатен мирис на светото миро од едно дупка од ѕидот. На ѕидот од гробницата, која е во олтарот, јас го открив ликот на св. Климент Охридски, кој што беше затскриен од Србите со голем и тешко подвижен долап. Сликата е со голема старост и со славјански надпис. Старат античка црква, Фирмалијан ја уништил и изградил голема неукрасена црква, а сликата не ја уништил, зошто се наоѓа на ѕидот од гробницата. Близу има село Старац. Ги повикав старците и ги запрашав за светото миро и црквата. Еден старец ми раскажа дека Фирмалијан сакал да ја уништи и гробницата. Почнал мајсторот да работи на јужниот агол на гробницата, но веднаш се фатил и згрчил,  така да престанал со работа и го поправиле нагрдениот дел. Тоа истото го потврдија и другите старци.“ – пишува  Г. Трајчев во својата книга „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.)

Овој свет македонски манастир во кој на 2 август 1944 година е возобновена македонската држава, денес е недостапен за македонската јавност.  Српските националисти пред распадот на Југославија на 2 август 1990 година за првпат го спречија прославувањето на АСНОМ. Од манастирот беше извадена историската поставка и меморијалната плоча. Поради тоа беше изграден нов меморијален комплекс Пелинце, каде денес се чуствува АСНОМ.

Манастирот Прохор Пчински требаше да биде духовен, историски и културен центар и темелник на заедничкиот живот на двата православни народи Македонскиот и Српскиот и на двете самостојни православни цркви Македонската и Српската црква. Тука не треба да постои гранична меѓа на раздвојување на двете држави на Република Македонија и на Србија туку напротив слободен премин на добрососедски пријателски народи и нормална државна и црковна комуникација. Сепак, поради односот на СПЦ кон МПЦ – ОА, наместо Вториот Илинден да се чествува во манастирот св. Прохор Пчински, македонскиот народ е принуден тоа го прави во Пелинце.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.