Среда, 03 Август 2016   
СЕМАКЕДОНСКА ИЛИНДЕНСКА ЧЕСТИТКА!

todor-petrov-3

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

2 август 2016 година, Крушево, Македонија

- Светскиот Македонски Конгрес (СМК) по повод трите илиндена - Херонеја (338 г.п.н.е.), Крушево (1903 година) и Свети Отец Прохор Пчињски (1944 година) - упатува семакедонска илинденска честитка до Македонците во сите делови на Македонија и во целиот свет, до македонските државјани!

СМК по повод 2 август - Денот на државноста, повикува на семакедонско помирување и обединување, заради одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација!

СМК укажува дека и покрај сите разлики меѓу нас Македонците, никогаш не смееме да заборавиме, дека и кога сме противници не сме непријатели, и кога различно мислиме не смееме да се мразиме, засекогаш да запамтиме: Само Македонија е нашиот единствен заеднички именител и содржател! Ако неа ја нема, и нас ќе не снема! Власта е менлива и минлива, но вечни се народот и државата!

СМК потсетува дека, за нас Македонците, името на државата се состои само од еден единствен збор - зборот Македонија!

СМК повторува дека, за нас Македонците, името на државата не е само географија, туку и етнологија и филозофија, идеологија и вера, култура и историја! Името на државата е идентитетот на нацијата!

На овој свет ден, СМК бара од Владата да прогласи безусловен крај на разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка Република, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (The Republika Makedonija), туку на англиски јазик (The Republic of Macedonia), како јасна разлика од истоимената северна грчка и југо-западна бугарска провинција, со меѓународниот код МК односно МКД, и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки: окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 до денес.

Македонците во светот отфрлаат референдум, промена на Уставот и ратификација на меѓународен договор со цел промена на името на државата! Прашањето за името на државата е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога Македонците, граѓаните на Македонија, во апсолутно мнозинство, гласаа “ЗА СУВEРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“, без додавки и без придавки! Одлуката на референдумот е задолжителна за сите, без исклучок!

СМК потенцира, дека промената на името на државата претставува трајна промена на името на Македонскиот народ и името на Македонскиот јазик, затоа што по меѓународно право името на националноста по автомтизам произлегува од името на државата! Промената на името на државата претставува злосторство против човештвото, геноцид врз Македонскиот народ, најтешко кривично дело велепредавство и флагрантно кршење на Уставот и на меѓународното право!

Македонците во светот отфрлаат пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО, поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата и идентитетот на нацијата и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на македонската историја, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија. Европската Унија и НАТО не се достојни за промена на името на државата, идентитетот на нацијата и македонската историја!

Честит Илинден и Денот на државноста на Македонија, за многаја лета и напомош Свети Пророк Илија!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.