Среда, 10 Август 2016   
„HAARP“ системот ја уништи Македонија!

kostadin-kerpicoski
Костадин Керпичоски

Ќе ја започнам оваа моја колумна со длабока тага, жал и сочуство за семејствата на настраданите во поплавите кои ја зафатија Македонија пред само некој ден.

Алармантно и критично сеуште, со можност за нови врнежи во текот на оваа недела, збунети и исплашени во недостаток на храна, вода за пиење и лекови...така некако е сликата последниве денови за Македонија и Македонците. 

Нема да должам и веднаш ќе преминам на главното прашање а ттоа е дали бурата која ја зафати Македонија е ФЕНОМЕН или пак тоа ни го направија намерно со вклучување на нивниот систем за растерување на облаци?!

Сигурно се сеќавате, пред извесно време истово сценарио беше и во Србија и она штто е чудно е како тоа вакви елементарни непогоди се случуваат на држави кои се во некаков конфликт со меѓународната заедница(читај САД).

Хм би сакал да ве потсетам на изјавата на синоптичарите во Македонија, како со вчудоневиденост раскажуваа за тоа дека облаците се движеле со брзина од 70 километри на час, доста силен ветар и одеднаш застанале над Македонија, Скопје и како кофа вода или огромно буре со вода се слеаа!

Зарем ова не ви е малку чудно и симптомаично ако се земе во предвид дека во последниве две децении немало вакво или слично невреме но и ако ги земеме во предвид мерењата и фактот дека за само четири часа наврнаа повеќе од 90 литри вода ?!

Се прашувам а и вам ви наметнувам тема за размислување, дали во Македонија беше вклучена направата на Американците со која се контролира или се става вон контрола времето и природните појави?!

Всуност се прашувам дали политичката криза во државава и давањето на отпор кон меѓународната заедница ни се враќа како бумеранг или пак не казнуваат за одењето контра нивната политика?!

Незнам, немам доволно информации и докази и токму поради тоа мојот сомнеж расти и се развива!

Вистината е болна , постојат две работи кои никој ниту Американците неможе да ги оспори и тоа:

Едната е дека таква чудесна волшебна направа постои и е креирана од страна на Американците а другата болна вистина е дека невремето во Македонија си го зеде данокот!

Данокот го плативме со 20 човечки жртви, со пустош во селата и градовите, изумрен добиток и хаос на патиштата.

Она што повеќе боли е фактот дека најмлада жртва е на 7 или 8 годишна возраст!

Треба ли повеќе нешто да се коменттира, мислам дека е кажано се во очите на тамошните жители кои овие денови зборуваат со солзи!

Ја користам оваа прилика да ве повикам сите на братство, сплотеност и хуманост, сите ние знаедно да помогнеме и тоа кој колку може, кој колку сака и колку умее!

Она што на нас во моментов ни изгледа малку за нив е премногу и е добредојдено!

Македонија завиена во тага!

Македонија завиена во црно!

Македонија жали!

ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ, НИКОГАШ!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.