Среда, 10 Август 2016   
СНЕГ ДО КОЛЕНА, ЗИЈАН ДО РАМЕЊА

meri-georgievska
Д-р Мери Георгиевска

Меџународната заедница веќе подолго време ми игра по нервниот систем и по мојот систем на вредности. Таа, меџународната игра на картата дека ние, Македонците што си ја сакаме нашата Tатковина полека ќе си се помириме со судбината. Нè става на чекање. А како што рекол големиот Иво Андриќ-  „Да заразиш некого со чекање, тоа е најсигурниот начин да завладееш со него. Тоа значи оној што чека да го направиш непокретен и безопасен, потполно и засекогаш, а таа измама на чекање е поцврста од секој затвор и појака од секој оков, но, со многу среќа и вештина, од затворот може да се побегне, и од оковите може човекот да се ослободи, но од измамата-никогаш, па дури ни тогаш“.
Стапицата ни ја местат ден за ден, дата по дата и што е најстрашно веќе може да се каже и година за година, оти ова исчекување трае поприлично долго. Сè со цел да се согласиме дека ако сакаме да живееме, тогаш треба да го откупиме нашиот идентитет.

 

Колку скапо ќе не чини откупот?

Како што секојдневно гледаме по Тв станиците планетава не само што се врти, туку се врти во вид на огромна ротациона бина, на која се сервира лагата спакувана во пакет целосно лишен од вредностите и човечкиот ум, која што е поголема од што може да се изџвака, камо ли да се голтне.

Едно е само сигурно. Човекот (кога велам човек, мислам на човештво, овде и секаде) е измамен. Истото што се случува на големата слика, се случува и во малата, односно обратно би било уште посоодветно, зошто светот функционира по пат на рефлексија.

„Патот нагоре и патот на долу е еден ист пат“, рекол Хераклит.

Во Македонија некои инструирани од надвор со помош на комуњариве решиле да ги измешаат поимите, зошто едноставно така им одговара- херојот да го препознаваат како издајник, а издајникот како херој. Од ова последново нема да имаат фајде, зошто еднаш веќе бил препознаен како издајник.
Бандитите се препознаваат како чесни луѓе и обратно. Никој веќе не се наоѓа во својот „дом“. Етимолозите наскоро ќе имаат многу голема работа на реконструкција на поимите и нивното значење, ако светот продолжи да се врти со брзина на илузијата, циркуската енергија, како и обезличувањето на општествата, нивните вредности, човекот и неговиот мир.


Редот се помири со фактот дека треба да биде разбиен од „вистината“, а „вистината“ одбива да биде натерана назад во редот, со што се самоубива од заседа.

Најпосле, како што се надеваат овие од меџународнава, грозјето не било кисело само поради тоа што лисицата не можела да го добие, туку било кисело само поради таа одредена лисица. За следната лисица, грозјето ќе станело слатко.
Си мислат дека полека, без многу врева, ќе го однесат ВМРО ДПМНЕ во fade out. И ние, народот, нема да почувствуваме, оти нели ние сме стока, да ми извини стоката што го кажа ова. И дека како такви, оти нели ние сме мнозинство, вмровци, патриоти, најголемото гласачко тело во државава, 500.000 народ туку така недоветно ќе си заминеме во fade out од вербата и Верата, од љубовта кон Македонија, од Сонцето Македонско, од Светата земја, од политичката сцена на демократијата, за да останат само обоениве комуњари, кои две години произведуваат бесмислени жртви на демагошките олтари во име на борбата за слобода по изабениот модус на манипулација. И за да не нè убиваат, нè заразуваат со чекањето кое полека нè одржува на тивко како што ќе рече Андриќ, убивајќи ни ја надежта.

Дали комуњариве навистина и амбициозно се надеваат дека ќе овенеме и ќе исчезнеме како што овенале и исчезнале многу предци и народи на идентичен или ист начин!?!?
Да, префрлени сме на мртвиот колосек на исчекувањето без крај и без цел. Тоа е точно. И тоа трае предолго. И тоа станува неподносливо.

Две години производство на тероризам на душата. Продавање на земјава парче по парче, идеал по идеал, достигнување по достигнување, евро по евро, во соработка со внатрешните непријатели и меџународнава небаре современи терористи-џихадисти. Па џихадистите барем преземаат одговорност за она што го прават. Комуњариве очигледно е дека не се во состојба да преземат одговорност, камо ли власт. Они за среќа се само пропаганден орнамент без никаква вредност и со изминат рок на траење, кој лае од застарена гордост за гола власт.
Ги видовме со децении колку „успешно“ ја истиснаа државава од секаде. Ги видовме како тесно ни го скроија името, како ни уништија 25 години таканаречена транзиција кога додека демек презентираа коалициски микс на политичка моќ и гангстерски бизниси од кои вртоглаво се богатеа на сметка на народот, кој немаше ниту една привилегија, кој беше немилосрдно отпуштан од фабриките и работните места (се додека не дојде ВМРО ДПМНЕ на власт), вртоглаво се богатеа додека ни ја тииииит младоста или повозрасните години на многумина, изнесувајќи од земјава суми што се надевам ќе им бидат доволни за многу десеттици нивни поколенија (да не ги мислам), додека народот беше на просјачки стап, невработеноста на највисоката стапка, а општеството политички, морално, културно и сеопшто астенично, при тоа кобајаги мултикултурно.

Доаѓаа на власт со бескрупулозно украдени избори и со сељачката парола: „Кој губи има право да се лути“, небаре излезени од комедиите на Нушиќ. Истите се и сега, преоблечените во скапи брендови бившите пионери и Тито-југенд активисти кои глумат хит издизајнирани политичари и шефови на невладини организации, со цел преку измама, без работа и предавство да катапултираат кон врвовите, при тоа немајќи политички компас кој би им поткажал лево ли се, десно ли се, во воздух ли се или на копно, центар ли се на светот, но со сигурност неретко се во Брисел за да поткажат или искодошат.
Сè повеќе се прашувам дали ќе сe избориме со малку поконкретни решенија да ја откорениме чумава што напредува во целта да ја обезграничи и обезличи Македонија и во последно време да нè натера да поверуваме во најголемата небулоза до сега- а таа е дека ќе има фер, кредибилни и демократски избори во првата декада на Декември?!?
Дали верувате сеуште дека ќе има избори кога на планините ќе има снег до колена?!? Дали они мислат дека ние ќе поверуваме дека ќе има избори кога стотици села по планинските предели каде ќе има снег до колена, независно дали се албански или македонски села (за мене е тоа едно исто), и дека луѓето ќе бидат спречени да слезат или да се качат до гласачките места?!?
Дали они веруваат дека во тие вообичаено студени денови (нели Декември е студен месец, да им објаснам на меџународната, пошо може не знаат) ќе излезат на гласање хронични болни, инвалиди и многу други обесправдени од природата луѓе?!?
Или, така им одговара на стомакозборувачите од меџународнава. Декември драги мои е стапица под реден број, заборавив кој. Ние тоа го знаеме. Не сме вчерашни. 
Но, што ли ќе чекаат комуњариве сега?
Комуњариве сега ќе чекаат Чудо. Но, Чудо кај комуњари не се случува. Они се вртат во кругот, најдобро опишан од латинската поговорка- Запали го она што си го обожувал, обожувај го она што си го запалил. (“Incendi quod adorasti, adora quod incendisti”).

Чудото сега треба да се случи кај нас. Чудото се случува кај сплотените, кај оние кои дишат како едно, кај разумните. Чудото ќе се случува кај оние што ќе бидат будни во мудроста и мудри во зората. Чудото ќе се случи кај оние што ќе одбијат да веруваат во глупоста- „Секое чудо за 3 дена“.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.