Среда, 10 Август 2016   
Смилевскиот манастир „Св. Петар“ е нем сведок на Илинденските настани (10)

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Манастирот „Св. Петар“ е нем сведок на настанитие околу него за време на Смилевскиот конгрес 1903 година, а „ако може да зборува, ќе ни раскаже за херојството и саможртвата на востанатиот македонски народ, кој под водство на Ѓорѓи Сугарев, Ѓакон Евстатиј, Георги Мончев и други, влезе во неравноправна борба со 12 илјадната армија на Бахтијар Паша. Ќе ни раскаже за херојството и саможртвата на Смилевчани, без разлика на пол и возраст, за маченичката смрт на 73 смилевски жртви (мажи, жени и деца).“ Овој манастир „поради својата стратегиска местоположба го виде величието и падот на турскиот режим, величието и падот на српскиот режим, величието и падот на бугарскиот режим. Нема друга светиња која има видено толку величии и падови во така краток период, како што има видено Св. Петар Смилевски“. – пишува  Георги Трајчев во својата книга „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.).

Во смилевската корија, опкружен со столетна шума и во препознатлив песнопоен амбиент, се наоѓа манастирот “Свети Петар”. Се претпоставува дека е стар повеќе од 150 години и се вбројува во нашите најпознати културно-историски споменици. Уште во далечната 1933 година, авторот на делото „Манастирите во Македонија“, прилепчанецот Георги Трајчев за изгрбата и растежот на овој манастир пишува:

„Тој се наоѓа во раскошна котлина, под билото на Бигла планина, во соседство со селата Боишта (Демир Хисар) и Ресенските села: Златари, Кривени и Лева Река (Љорека). Во постаро време пред 70 години, на тоа место имало само неколку стари дабови дрва. Во еден од нив имало дупка од која истекувало вода која се користела поради своите лековити својства. Во тоа време на сон му се нарачало на Смилевчанецот Петар Гарец (чиј род потекнува од село Гари - Реканско) да ги постави темелите на манастирот. Тој се погрижил за помош, која ја собрал од околните села, а воглавно од селото Смилево, одалечено 1 час по јужната насока. Бидејќи Смилевчани се мајстори, со помош на целото селско население (жените носеле камења на грб), за една година ја издигнале црквата. Таа е средна големина (10 Х 7 м.) и со нартекс од надвор, без одделение за жени. Црквата е светла и со убава корабовидна форма без фрески на ѕидовите. Иконостасот е изработен од селаните, а иконите се дело на Галичките мајстори – зографи. Споменатиот Петар станува прв настојник на манастирот. Тој правеше огромни напори за да успее. Подоцна се изградија две соби, а потоа уште три – сите под еден покрив. Собите се на високо над шталата. Има фурна и манастирска кујна. Собирот се случува два пати во годината: на Петровден и Свети Петок (Велигден). Собирот е посетен од околните села, дури и од големото влашко село Гопеш. Имотната состојба на манастирот беше средна. Имаше ниви, гора и малку жива стока. По смртта на првиот настојник, на тоа место беше поставен Захарија Стојанов, кој семејно се прибрал во манастирот и таму живеел до Балканската војна.

Балканската војна го затекна за игумен на манастирот монахот Козма, родум од Солунско, светогорец, кој се вбројува како брат на Слепченскиот манастир Св. Јован. Отец Козма влегува амбициозно во својата служба и манастариот набрзо се опоравил. Се здобил со ѕевгар волови, ги орал нивите, ги развивал градините, создавал овошни расадници, купувал коњи, овци. Така тој ги поминал непречено првите три години на српското владеење. И Првата светска војна го затекнала на истата служба. По катастрифата на Србите, неможејќи да ги гледаат неговите (македонски н.з.) чуства го земаат од манастирот и кај местноста „Илова равнина“, над село Смилево го убиваат маченички, бодејќи го по телото со бајонети. Погребен е во манастирот.

Така загина уште еден духовник на кого му било предодредено да не ја дочека  слободата.  По неговата смрт, ушравувањето со манастирот го превзеле синовите на првиот игумен Петар Гарски.“

Историјата за изгрдбата, растежот и луѓето кои се заслужни за опстојување на овој манастир, авторот ги темели на сведоштвата кои му ги дава старецот Павле Трајков Галов. Со оглед дека овој манастир се наоѓал во средиштето на историските настани за време на Илиндеското востание, Трајков за неговата историска улога пишува:   

„Смилевскиот манастир е мал и бидејќи е уште нов, не е многу познат надвор. Тој всушност е жив сведок на онаа епопеја, која го носи славното историско име Илинденското востание. Тука, околу тој манастир, во средината на месец април на 1903 година (ст.ст. - н.з.), се случи големиот Смилевски  конгрес, на кој присуствуваа сите окружни чети на Битолскиот округ на чело со Борис Сарафов. Тука беше и Даме Груев, туку што пристигнал од својот далечен прекуморски пат Подрум–кале. Тука било донесено историско решение на револуционерна Македонија, да се дигне востание на македонскиот роб. Три месеци подоцна, на 15 јули 1903 година (ст.ст. - н.з), пак оттука, од висините на Бигла, во соседство на манастирот “Св. Петар“, од Главниот Штаб на ВМРО се понесе повикот до македонското население за востание. Истот манастир е нем сведок  на разурнувачките настани околу него за време од 21 јуни до 15 август истата година (ст.ст. – н.з.).

Ако може да зборува, (манастирот) ќе ни раскаже за херојството и саможртвата на востанатиот македонски народ, кој под водство на Ѓорѓи Сугарев, Ѓакон Евстатиј, Георги Мончев и други, влезе во неравноправна борба со 12 илјадната армија на Бахтијар Паша. Ќе ни раскаже за херојството и саможртвата на Смилевчани, без разлика на пол и возраст, за маченичката смрт на 73 смилевски жртви (мажи, жени и деца). Манастирот ќе ни раскаже како издивна убавото Смилево со своите убави и богато украсени куќи, со своите уште поубави храмови, цркви и училишта, од кои, за кратко време, останаа да стрчат само пепелишта и урнатини – жални остатоци од некогашното величина. 

Ете што виде смилевскиот манастир. Неговата местоположба го правеше да знае и гледа многу нешта од нашата револуционерна дејност. Манастирот беше крстопат за легални и нелегални дејци. Тој беше главниот пункт во тој крај, кој го поврзуваше револуционерниот Демир Хисар со Ресенско, Битолско и др.

Истиот манастир, поради својата стратегиска местоположба го виде величието и падот на турскиот режим, величието и падот на српскиот режим, величието и падот на бугарскиот режим.  Нема друга светиња која има видено толку величини и падови во така еден краток период, како што има видено “Св. Петар - Смилевски“. Ете тоа е историското значење на овој манастир. Интересно. Додека Бахтиар паша го поштеди животот и имотот на манастирот, иако знаеше дека од тука се разви востаничкото знаме, христијанска Србија, необрежаните Срби, постапија пожестоко спрема него, кога маченички го убија игуменот Козма, само заради неговите  (македонски) чуства. (О темпоре о морес)“.  

Говорејќи за овој манастир, авторот ни дава и една интересна забелешка за Мијаците. На крајот тој ќе напише:  

„Свети Петар бил многу почитуван од реканското население (Мијаците). И Смилевци, кои потекнуваат од реканските села (Гари, Тресонче и др.) го посветиле својот манастир на Св. Петар. Стариот учител Тасе (Анастас) Гичев Башев, кој учителствувал во Смилево пред 45 – 50 години, раскажува, дека големата почит кон Св. Патар се должи на некаква традиција во врска со тој Христов ученик. Истиот учител тврди дека во она време во Смилево имало до 200 имиња, луѓе кои се викале Петровци (мажи и жени).“

Манастирот “Свети Петар” кој е составен дел од историското минато на Смилево, уште во 80-години на минатиот век смилевските неимари го возобновија, со што е исполнет аманетот на игуменот Петар Гарец.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.