Среда, 10 Август 2016   
Позитивен македонски национализам

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

„Единствено македонскиот национализам беше во состојба да се справи со сите порази, нанесени како во македонска душа, така и во македонската земја и култура.“ – пишува синот на Сергеј Мисирков во својата статија за изборите во Македонија во 1946 година објавена во „Отечествен фронт“  (2. X 1946 год).

Сергеј Мисирков (Одеса, 1906 – Софија, 1960) е лекар и пратеник Народно собрание на Бугарија, син на филологот Крсте Мисирков.  Сергеј е роден во Одеса, а медицина завршува во Софија. Во 1935 година бугарската полиција го испрашува во врска со резолуцијата на Коминтерната по Македонското прашање и процесот против ВМРО (Об.) Во 1940 година се сврзува со левичарските и македонските кругови од Македонскиот литературен кружок.

Кон крајот на Втората светска војна учествува во антифашистичката борба, а  во 1945 година пишува статии за македонскиот народ од кои дел се објавени во Македонија. Во текот на 1946 – 1947 година тој е пратеник во Народното собрание на Бугарија, а во 1956 година, архивата на неговиот татко Крсте Мисирков ја предава во Скопје, каде останува до денес.

По повод изборите во Македонија во 1946 година тој како нариден пратеник ќе објави статија „Отечествен фронт“  (2. X 1946 год), во која ќе го забележи следното:

„Податоците за одржаните минатата недела избори за уставотворното народно собрание на Народна Република Македонија соопштуваат за невиден ентузијазам, за речиси стопроцентно учество на народот на изборите и за полната и апсолутна победа на македонската влада и на Народниот фронт.

Предадено со сувите конвеционални новинарски изрази, ова соопштение не е доста убедливо за просечниот читател, а може да ги постави прашањата: дали навистина е толку голем ентузиазмот меѓу македонскиот народ и дали е толку апсолутна победата на владата и на Народниот фронт.

За да одговориме на прашањата, треба за момент да се потсетиме на долгите страдалнички години на македонскиот народ, на неговата обесправена положба, на неговите епски борби за ослободување, за културна независност и равноправност со другите балкански Славјани.

Од последните децении на минатиот век, та дури до пред две години македонскиот народ ја играл улогата на монета за поткусурување меѓу балканските и европските народи во зависност од нивните временски засилувања или ослабувања, од нивните тајни сојузи и договори. Територијата на Македонија требало дури да служи дури за остварување на фамозниот Drang nach Osten (Продор на Исток), подготвен пред минатата европска војна од Австро-Унгарија.

Македонија беше станата арена на бугарски, српски и грчки влијанија, на црковни борби, на културна инвазија, а најмногу на стопанска и економска конкуренција. За сметка на тие борби земјата заостана во културен (писменост) и економски однос, со одвај ли не првобитно обработување на земјата и нез никаква индустрија.

Единствено македонскиот национализам беше во состојба да се справи со сите порази, нанесени како во македонска душа, така и во македонската земја и култура.

Македонските патриоти ... се кренаа против сите форми на фашизмот (бугарски, српски и германски), вдахнувани од идеите на македонските преродбеници и револуционери, умееја да го обединат околу себе целиот македонски народ, умееја да изградат сопствена самобитна култура, да го утврдат својот литературен јазик и на тој начин да постигнат полно единство не само меѓу Македонците, туку и меѓу сите други, без исклучок, народности во Македонија (Турци, Албанци, Власи, Евреи и т.н.).

Македонскиот Народен Фронт со својот речиси четиристоилјаден состав е наполно сраснат со македонското население. Кандидатите на Народниот фронт сите без исклучок се луѓе поминати низ тешки борби и му се познати на народот и се сакани од него. И поради тие причини изборите во Македонија се поминати не само при полн ентузијазам, туку и во вистинска општонародна свечаност. Затоа е апсолутна и победата на Народниот фронт...“

Со ист невиден ентузијазам, со речиси стопроцентно учество на народот е забележан на Македонскиот референдум за независност одржан на 8 септември 1991 година, кога е прогласена независност од СФР Југославија.На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.807 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85%, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,26% (односно 72,16% од вкупниот број на граѓани со право на глас).

Македонија до крајот на годината ја очекуваат избори, но и на овие избори е потребна сплотеноста на македонски народ, ентозијазмот кој го имаше македонскиот народ по Втората светска војна  и ви 1991 година кога започна да ја гради незавсна и суверена Македонија. Та борба не заврши, таа треба да продолжи, а за тоа е потребен позитивен национализам кој ќе го обедини македонскиот народ без разлика на етничка, полова или верска разлика. Само така можеме да се справивиме со предизвиците со кои се соочуваме.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.