|
|
„ИЛИОН, ЗЕТ-ФЕНИКС и ИС – ИСУС“ СЛОВА НА МУДРОСТА II дел |
Македонски цар со повеќе имиња Според македонската исконска наука, која се состои меѓу другото и од проучување на космичките законитости, новата година започнува на денот XXV-ти декември. Тоа е денот на почетокот на зимата. Тоа е денот на најдолгата ноќ и најкусиот ден. Од тој ден ноќта се намалува а денот се зголемува. На тој ден старото сонце наречено Тешт умира и реинкарнира во младо сонце наречено Бебето ИС-ИСУС. Според божјите и космичките закони, новороденото сонце наречено ИС Илион, за три месеци на ден XXII-март ќе порасне во полниот ден или рамниот ден со ноќта, кога ќе ја оплоди Земјата Македонка со бебето ИС-ИСУС, новородената природа во која се наоѓа и човекот наречен ИС Македон. Целата вселена во која се наоѓа Богот Сонце ИЛИ, кој е дел од едно божество, и земјата со сите рамнини и висини, реки и мориња и сите плодови на неа, како негова придружничка е создадено за потребите на човекот Македон. Поради таа причина Македон е одек на самата природа. Македон е слика на вселената, заедно со неговиот јазик и писмо ЦУТНО (кирилица и латиница). Македонскиот јазик, писмо со именките, како топоними, хидроними и др. се ПРЕЦРТАНИ-МОТИВИРАНИ од природата. Сите научни достигнувања на Македон се преточени во едно верување како вера православна. Верата се состои од персонификација на науката, природата и општеството со човечки фигури во вид на лигатури со скриени пораки. Именката Илион со значење Илиовиот син е всушност синот на Богот Сонце ИЛИ. Божјиот син Илион е роден од Мајката Земја Македонка, поради тоа тој е и син на мајката и како таков тој се именува и како МАКЕДОН. Именките Илион и Македон се однесуваат на новороденото БЕБЕ „ИС“-„ИСУС“ од родителите Богот Татко Сонце ИЛИ и Мајката Земја Македонка. ИС Илион односно ИС Македон, во зависност дали се ословува по татко или по мајка, по неговото полнолетство, кога ќе биде „семен“ (плоден), Богот Сонце ИЛИ на возвишенија, планини и вештачки планини - пирамиди, наречени КИТКИ накитени или КУРИЛО, ќе го проглси својот син за ЗЕТ. Прогласувањето ќе се случи на денот XXII-ри март, со првиот сончев зрак. Тоа објавување се состои од божјиот поглед „Ѕ“-„ЅЕ“ во вид на стап нарекуван од Македонскиот народ ЈАБЛАН. Една од планините китки за прогласување на новиот Зет е планината Јабланица Република Македонија. Помеѓу планината Јабланица и планината Галичица со врвот Елен Врв, од каде излегува првиот сончев зрак „јаблан“, како божје слово, се наоѓа Охридското езеро. На брегот од Охридското езеро помеѓу рибарската населба Канео и светилиштето Канео се наоѓа пештера во која се раѓа новороденото бебе ИСУС Илион-Македон на ден XXV-ти декември. Новороденото бебе со временски период најмалку од 400.000 г, со продожение до денес од Македонскиот народ е нарекувано ИС-ИСУС. (Види книга „Зета Македониа“ стр.104) Од моментот на венчавката, Илион или Македон ќе се нарече Зет Илион или Зет Македон. Сега новопрогласениот Зет всушност е единствениот кој го примил словото божјо или реч божја. Поради таа причина синот божји сега е Зет Енох. Многу подоцна Зет Енох Македонскиот народ ќе го нарече Зет Хермес.
Зетот е Бог и цар на Земјата. Со применото слово божјо, што претставува вкупното божјо знаење, тој ќе владее над својот народ, и над сите потчинети племенски групи, низ целата Земјина топка и со одредената територија подарена од својот Татко Сонце ИЛИ. Поради неговата титула ЗЕТ, тој ќе ја оплоди неговата невеста Македонка, а со тоа симболички ја оплодува и територијата во која владее. Затоа таа се нарекува ЗЕТА МАКЕДОНИА.
Со чинот на прогласувањето за Зет, тој ќе биде единствениот-ЕНОХ, кој од Богот Татко Сонце ИЛИ го прима словото божјо или речта божја, преку сончевите зраци на ден XXII-ри март на врвовите на планините или набљудувачниците, како што е Кокино во Р.Македонија. На тој начин Зетот ќе биде обожествен, Бог на Земјата. Прогласувајќи го Таткото ИЛИ за божество, тој ќе биде рамноправен на својот Татко Сонце во создавањето на Рајот Македониа. Тој ќе биде и негов гласник, а целото божјо знаење во вид на јазик, вера и наука, во која спаѓа меѓу другото и писмото и медицината, ќе го пренесе на својот род Лаврод - Македонците. Симболите со кои се одбележува Зетот Хермес се стап со една извиткана форма која потсеќа на црв или змија и петелот со својата песна која гласи „КИ-КУР-ИКУ“.
Зетот е всушност стап, јаблан, столб на македонскиот храм, литус со кој се лови и во кој се чува енергијата од Бог, во вид на дух божји Македон. Зетот односно стапот е енергетска антена која го прима божјото знаење, пристигајќи по прав, најкус пат од Богот Сонце до Земјата Македонка. Ова верување, покрај другото, поради оваа и други причини се нарекова ПРАВОСЛАВИЕ. Лек за душата, како храна божја е божјата светлос или погледот „ЅЕ“, како дух божји Македон. „Со песна твоја и божја светлост, се ранам.“ (Дешифриран текет). Погледот ЅЕ е првиот сончев зрак - јаблан. Оплодувачката моќ на ЈАБЛАН пристига од Бог како молња во форма на буквата „Ѕ“. Таа е кривата линија на стапот во вид на змија или црв. Симбол на Зетот е стап со змија, што претставува „курило“, симбол на исцелителната способност на зетот како лекар КУРТИС, лекар на душата, кој во одреден период на Македонскиот народ е нарекуван Асклепиј. Негов симбол за лекување ќе биде стапот со кривата линија како змија.
Зет Хермес, Македон, Асклепиј. [Engraved from an original in the then Museum Pio Clemens in Rome Galerie Mythologique, Recueil de Monuments by Aubin Louis Millin, Paris 1811.] Симболиката на змијата е во тоа што таа ја менува кожата, таа реинкарнира. Отровот на змијата се користел како лековита материја. Зет Асклепиј со својата моќ ги лечел луѓето на одредени возвишенија нарекувани КУРИЛО. Такви возвишенија или пирамиди има низ целата Земјина топка Македонка. Едно од тие лековити места е и во република Македонија на светата планина Водно. Тие светилишта се Мало и Големо Курило. Сончевиот зрак на ден XXII-ри март во 5:15 часот со изгрејсонцето, поминува преку Големо и Мало Курило, удира во пирамида на плодноста, каде се зачнува плод, бебето ИСУС. Сончевиот зрак по права линија се спушта на манастирот Св. Илија, со значење Македонскиот Бог Сонце ИЛИ и манастирот Св. Пантелејмон, хрисијанизираното име на Зет Асклепиј. Во подножјето на Мало Курило се наоѓа населбата Курило, како лековито место, со три храма. Едниот храм е детска болница, вториот храм е лековитата вода во манастирот Св. Јован Крстител - Капeштец, и третиот храм е ноќевалиштето со исцелителна моќ. Секое македонско светилиште си има свој конак. Зетот Енох е таткото на науката, основач на астрологијата и откривач на алхемијата. Детали од неговиот живот, иако е поминат голем временски период, најмалку од 400.000 г., може да се пронајдат секаде низ светот. Сето она што синот божји Зет Илион - Македон го примил од Бог и открил, го пренел на својот род Лаврод. Пренесувајќи го вкупното божјо знаење на своите сограѓани, тој ќе го добие прекарот Зет ИС ДОН, ДИОН, ДИОНИС.
Зетот ДОН, ДИОН, ДИОНИС всушност е ИС детето на мајката од ниските земји покрај реките, или тој е дете на пролетта. Тоа дете е Зет МАКЕ-ДОН. Зетот Дон или Зетот Македон е првиот глобализатор на светот, - во Зета Македониа Европа во временски период од најмалку 400.000 г. македонска ера, - во Зета Македониа Востанија (денес наречена Азија), најмалку од пред 130.000 г. македонска ера, - во Зета Македониа Лом на Дон, најмалку 20.000 г. македонска ера (денешна Австралија), - Зета Македонија Божјиот Лом, најмалку 125.000 г. македонска ера (денес наречена Африка), и - Зета Македониа Прекуокеански Цут, најмалку 100.000 г. македонска ера, (денес наречена Америка). (Книгата „Зета Македониа“ ја нема во продажба. Таа може да се купи од авторот на меил Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на телефон +389 78 264 106). Aвтор: Бранко Сотировски
|