Среда, 17 Август 2016   
А дечките од СЈО донираа?!

kostadin-kerpicoski
Костадин Керпичоски

Во ова време невреме во целиот свет, на целиот балкан па и во Македонија, во овие тешки мигови за граѓаните погодени од невремето и поплавата која го зафати Скопје и околината некој помага и е на терен по петнаесет саати на ден а некој пак се забавува до раните утрински часови во Струмица. 

Како и да е, многу добро знаеме кој каде е и што прави, знае и народот кој излезе кој не во пресрет и кој подаде рака.

Добро ќе киднам малку од темата и ќе ви кажам дека на седница на Влада донесени се следните одлуки:

1.100 проценто обештетување на погодените од невремето.

2.Партиципација на сите здравствени услуги на лицата погодени од невремето.

3. Домаќинствата од кризните региони ќе бидат ослободени од плаќање на месечните издатоци за вода и ѓубретарина во период од три месеци.

4.За сите деца од кризните региони, ученици во основно образование, ќе биде овозможена еднократна парична помош за набавка на училишен прибор.

5.За семејствата од погодените региони од невремето, кои не извршиле легализација на своите куќи ќе биде овозможена бесплатна изработка а елаборат потребен за постапката за легализација.

6.За семејствата погодени од поплавите кој се приматели на парични права од социјална и детска заштита односно приматели на социјална парична помош, постојана парична помош, додаток за мобилност, додаток за слепило, додаток за глувост, помош и нега од трето лице и посебен додаток за деца со пречки во развојот ќе се изврши зголемување на паричната помош во наредните три месеци за 50 проценти.

7.Обезбедување на 30 тони јачмен од државните резерви кои ќе будат наменети без надомест, за сточна храна за земјоделците од погодените региони кои имаат потреба од ваков тип на поддршка.

8.Бесплатна анализа и испитување на почвата

Погоре јас драги мои ви ги наведов осумте сет мерки кои ги донесе Влада на Република Македонија предводена од владеачката ВМРО-ДПМНЕ на вонредна седница закажана по причина поплавата и невремето кое ја зафати Македонија пред само некој ден.

Реков ќе киднам од темата, велам осум големи сет мерки, голема помош и подадена рака кон настраданите од невремето, во продолжение да прашам што освен парада, сликање и умилкување како и глупави зборови направи СДСМ за поплавените подрачја и за луѓето на кои очајно им е потребна помош?!

Една голема нула за нив почитувани или би рекол СДСм како и секогаш така и сега повторно потфрли!

Се враќам на темата, сведоци сме ние како големи Македонски компании НО и странски донираа големи суми на пари за поплавените и зафатените од невремето.

Сведоци сме како лидерот на ВМРО-ДПМНЕ донираше но и помогна со физичка сила во расчистувањето на рушевините. 

Да, да не се заборави а да се напомене сметката која ВМРО-ДПМНЕ ја отвори како политичка партија за да нејзините членови и раковоството може да донираат се со цел да помогнат.

Каде е тука опозициската СДСМ, нивниот лидер и врхушката? Па и нивните членови?!

Всушност сакам да прашам каде се донациите од фирмите блиски до СДСМ добро познати на Македонската јавност?!

И она најважното, каде е донацијата од институцијата СЈО или членовите на СЈО кои знаеме имаат енормно високи плати?

Па добро, на плата од илјада евра проблем ли е да се издвои сто евра и да се донира се со цел да се помогне?

Ниту СЈО како институција, ниту пак поединците од неа не донираа, не кажаа ниту збор, ниту морална поддршка не дадоа!

И тогаш кога на некои луѓе им е најпотребна нашата помош нашето неуставно СЈО се занимава со шамари и закани, решава таму некои ситни случаеви за кои никој и ништо незнае...

Е па драги мои а и драги мои политичари вие и ние сме си криви, точно виновни сме за формирањето на таа неуставна институција СЈО за која нема да важат никакви правни норми, правила, етика....

Институција во која ќе владее хаос, безреди, закани и поткуп!

Всушност едно потсетување до политичарите од врвот, мандатот на СЈО истекува наскоро..немој некој да се прави на ТОШО и да каже дека заборавил или на вонредна седница во Пржино да биде продолжен мандатот на истата институција(анти Македонска).

П.С СЈО, ќе донирате за поплавените подрачја или ?!

Благодарам, народот знае, народот памети !!!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.