|
|
Дали дијаспората од Австралија дава само 1000 долари помош? |
Ова прашање има многу одговори. Но едно е сигурно, ова е одговор за цела дијаспора на сите континенти. Нема исклучок. Затоа ќе давам споредба од таму каде ми е базата т.е. местото на живеење. Пред да започнам, мора да кажам дека последниве 7 до 8 години, откако се активираа многу луѓе по интернет и Фајсбук, нема ден да помине а некој да не побара помош и тоа најчесто во пари и давање сметки каде да се уплатат. Знаеме дека многу случаи се искрени, но има и преваранти. Тоа не би можел да го издржи и мулти милионер ако на секој апел помогнеш по нешто. Кога ќе се соберат или уплатат, одговор добиваме од Македонија : Само толку? Одма почнуваат со мајтапење за 5 долари како да мислиме оти е преголемо богатство. Истовремено, најчесто шарените, вадат некои писма на ангилско македонски дијалект и делуваат мизерно, ама што е тука е. Исто така, кажувавме и се уште, како некои изроди и манипуланти слични како шарените, како иста мајка да ги родила, крадат и перат пари од заедница, црква, организации и друштва. Еден пример ќе ви дадам. Во црква која се води децениски спор, влегуваа за велигден и Божиќ од пола милион до милион долари во кеш. Човек одговорен во црквата е секогаш бизнисмен, наводно чесен, ќе ги собере парите во кеш и остави дома да речеме милион, а тој другиот ден, наместо толку кеш носи чек во банка. Има неправилности? Ќе речете нема. Богами има. Тој чек бизнисменот ќе го стави и пријави како донација па така наместо да плати данок милион, на крај е на нула, не плаќа ништо. А кешот му остана дома. Дали разбирате сега каде лежи зајакот? Кого да верувате или веруваме? Тие таму или ваму? Изрод си е изрод, дали таму или ваму - сеедно. Затоа мора да се стави крај и потребна е нова организација за собирање средста и донации за секоја прилика и неприлика во Македонија. Инаку, изродите во дијаспората ќе прават игранки, ќе соберат "некое доларче " за стари крај и ќе ги испокрадат и исперат парите без да осетите ние и вие. А колку таму ќе биде кажано кој и колку дарил, не за фалење колку за проверка дали испариле " неколку " долари ... и тој филм некако не игра. Потребна е нова организација и начин како да се собираат донации во иднина, ЗАТОА ШТО ЗА МАКЕДОНИЈА СЕ РАБОТИ, А НЕ НЕКОЈ ДА ПРОФИТИРА. Соодветно, нема ни 1000 долари да се соберат. Дотогаш размислете и вие таму како да им се стави крај на сите манипулации и Македонецот раат да дава донации на право место и да се гарантира ако се соберат пари дека ќе отидат на права адреса до последен долар или евро.
|