Среда, 24 Август 2016   
СЈО ја започна кампањата на СДСМ!

kostadin-kerpicoski
Костадин Керпичоски

Времето сега работи во корист на владеачката ВМРО-ДПМНЕ.

Само некој ден до лидерската средба каде ако се се одвива по планот би требало да биде потврден датумот за избори(иако со СДСМ никогаш не се знае).

Паниката и стравот во редовите на членството како и во врхушката на СДСМ се видливи од километар.

Нормално дека ќе е така кога од некогаш најголема политичка партија во Република Македонија денес вечна опозиција, без план и програма за работа, без ниту еден проект.

Како изминува времето така и глупостите ќе стануваат се поголеми, се повеќе гафови за смеа и сатира и се повеќе пресметки ќе следуваат.

Така слаби и млитави, со видно намален број на членови, СДСМ како партија посегна по нивната златна рипка, по нивната последна опција или сламка за спас на давеник, всушност дадоа наредба која веднаш стигна до неуставната институција СЈО како и до членовите во неа(повеќето неписмени или полуписмени).

Почитувани од она што се случува во последниот период, само едно е јасно, СДСМ ја потврди спрегата, соработката и директната комуникација со неуставното СЈО и со членовите во таа институција.

Пак ќе ви речам, немаќи идеја што понатаму, челниците на СДСМ издадоа наредба за измислување на случај, отварање на постапка, пресс конференции и медиумски хаос само и само да и се наштети на владеачката ВМРО-ДПМНЕ.

Добро, ги разбирам што посегнаа по политичка партија но по лидер и обичен човек како Никола Груевски?! Или можеби важи онаа стара добра дека во политиката е се дозволено?!

Всушност, СДСМ и врхушката издале наредба за отварање на случај против лидерот на најголемата политичка партија во Република Македонија, г-дин Никола Груевски, случај кој воопшто не е битно како ќе заврши ами кој треба да помогни во уништување на рејтингот на истиот човек.

Случај во кој обвинителите од неуставната институција СЈО ќе бараат мерка домашен притвор или мерка претпазливост (одземање на патна исправа) за лицето Никола Груевски!

И сега да ве прашам, освен самите тие има ли некој друг кој верува дека Груевски може да избега од Република Македонија особено ако се земе предвид дека во моментот лидерот на оваа партија ужива екстремно висок рејтинг и внатре партиските анкети покажуваат соодност помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од три према еден?!

Параноја пријатели, страв и омраза, гнев во нивните души, пустош, ЈАС ИЛИ КОЈ, тоа е тоа што ги раководи овие луѓе во животот и токму затоа и од тие лични проблеми и комплекси неможат да одат понатаму, нагоре....ами остануваат пиуни на некого засекогаш!

Јас искрено посакувам Никола Груевски да ја докажи својата невиност на суд за било кое дело за кое е обвинет, се со цел да се смали просторот за манипулации и малверзации со јавноста од страна на СДСМ  и медиумите блиски до нив и до СОРОС.

Би сакал да се докажи се да, и тоа на отворена за медиуми расправа, судска парница бидеќи сепак се работи за видна и јавна личност.

На крај би ви кажал дека овој пат за разлика од минатите неколку може да бидете поспокојни бидеќи СДСМ очигледно се спрема за избори, се спрема за пораз и за непризнавање на истиот со најразлични алиби.

Спремноста за излегување на избори за нив ја најави неуставната СЈО!

П.С јас би ве замолил да работите по сите правила и прописи особено по оние правните а не по политичка ничија воља-до дечките од СЈО!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.