Среда, 24 Август 2016   
Цела неделе биле горени славјанските книги во Св. Богородица Сливничка (12)

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

„Охридскиот грчки владика Мелетиј насилно се обидувал да ги избрише славјанските букви, но откако не успеал ги премачкал со сина боја. По негова наредба во манастирот цела неделе биле горени славјанските книги и други паметници, кои биле скриени во манастирските бочви.“ -   пишува Георги Трајчев во својата книга „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.).

Манастирски комплекс „Св. Богородица Сливничка“ се наоѓа на 3 км од истоименото село Сливница во падините на Баба Планина. Манастирската црква е посветена на Богородица - „Рождество на Пресвета Богородица“. За убавините и богаството на овој манастир  прилепчанецот Георги Трајчев во својата книга „Манастирите во Македонија“ во триесетите години на минатиот ќе забележи:

„По источниот брег на Преспанското езеро, не далеку од селото Сливница, е смесетен манастирот Св, Богородица, во густите дабови и борови шуми. Патот над селото води крај бујната река, која стрмно се спушта од Пелистерските диплени ограноци, минувајќи крај самиот манастир, за да стигне си силен напон и распенета до езерскиот брег. Околината на манастирот е една од најубавите. Таа е цела обрасната со густи борови и дабови дрва. Високо над манастирот се губат во небесните висини Пелистерските конусовидни врвови, криејќи во своите пазуви, доцна през летото ледени пластови – почетокот на бујни планински реки. Манастирските згради скриени низ густите гори, остануваат незабележани од окото на патникот. Тие се гледаат само кога човекот ќе стигне до нив. Веројатно, таа околност ја имале во предвид и бугарските високи воени власти кои за време на Првата светска војна, тука во манастирот го сместиле Штабот кој ги раководел воените дејствија во таа така наречена меѓуезерска станица – Преспанско - Охридски езера.     

Манстирските згради од сите страни се обградени со вискои камени ѕидови. Зградите наоколу не се многу модерни. Во манастирот се влегува преку две големи и две мали порти. Големите се западната и јужната. На западната страна има зграда, реновирана пред 30 години (околу 1900 г. н.з) од тогашниот игумен монахот Гаврил. Таа има осум соби горе и чардак, а долу штала. Сите соби се добри и  чисти. Тие се најдобри во манастирот. Од кај север има втора зграда пак со осум соби и чардак, а долу штала и визба. Источно има трета зграда со соби со оџаци и чардак, а доле печки и штала. Јужно има два големи чардака, а доле манастирската кујна со голем камин  и големи лажици, визба со големи бочви, кои собираа до 100 товари грозје. И покуќнината  на манастирот е голема. Со неа можат да се услужат над 100 души. Недвижниот имот исто така не е мал. Манастирот располага со голем број ниви, ливади, лозја во околните села и на друго место. Во село Претор има чифлик при метохот „Калуѓери“ за околу 25 кг. семе, лозје за 60 товари грозје и ливади за 30 коли сено и др. Во село Курбиново има лозја за 75 товари грозје; во село Грнчари има ниви за 2 кила и ливади за 15 коли сено; во село Сливница има ниви за 10 кила семе, лозја за 10 товари грозје, ливада за 30 коли сено; во Цапари има нива; во село Рмби има нива; во Битола има два дуќани во „влашката чаршија“; во Елбасан има градина со маслиненени дрва од каде годишно се праќани цели товари масло. Освен тоа манастирот поседува големи простраства гора со бор, даб и бука. Жива стока имаше: 74 кози, 5 овци, два коња, 4 вола, 2 крави, едно коњче, 2 прасиња.     

Ефоријата на манастирот е од околните села: Сливница, Претор и Корбиново, а во старо време манастирот бил управуван од ... (патријаршистите) од село Моловиште. Во 1894 година манастирот е сеуште патријаршиски, иако околните 11 села вклучувајќи ја и Сливница се егзархиски. Охридскиот грчки владика Александар го давал манастирот на владеење ту на Маловиштани, ту на разни арнаути кои гледале да го опостушат. Тие грабале и продавале кој колку стигне од имотот. Во 1892 година игумен бил владичкиот внук, албано-елин од Берат, кого (населението – н.з.) го прогониле. Власта, под притисок на грчкиот владика ги убедувал селаните од околните 11 села да го дадат манастирот на грчкиот игумен, но тие не прифатиле.

... Тој беше еден од најбогатите манастири во тој крај но лошо управувам во недалечното минато од   грчкото духовништво, а подоцна и од нашето, така да имотите безобразно биле ограбувани..“      

Манастирот е граден со помош на сите околни села и од населението од подалечните места. Тој од сите страни бил опколен со згради. Се влегувало низ две големи и две помали порти. Во горните делови на зградата се наогале простории за престој на гости. Некои од собите биле сопственост на селата Болно, Љубојно, Герман, Кономлади, Битола, Прилеп, Костур и др. За тоа кога овој манастир е изграден авторот ќе забележи:

„Манастирската црква е заобиколена од секаде со зданија и не голем двор. Таа има правоаголна форма и корабовиден свод. Долга е 8,50 м., а широка 4 метри. Градбата на црквата почнала во 7115 – 1607 година. Живописот е чист и добро сочуван, како во нартексот, така и во храмот. Во нартексот кон северниот ѕид се наредени ликовите на св. Седмочисленици по следниот ред: Ангелариј, Горазд, Климент,  Кирил, Методиј, Наум и Сава. За времето на градбата сведочи ...натписот кој се наоѓа во десно на нартексот.

Целиот нартекс е напишан со разни слики. Исто и внатрешноста на црквата е целата насликана. Фреските се интересни по своите оригинални композиции: во крштението Господово, реката Јордан е во вид на водопад. Друг натпис над влезната врата од страна сведочи за времето, кога е завршена работата (1614 г.). Пак тука во десно има натпис од 1645 г. кој сведочи можеби за времето кога е фрескоживописан ѕидот.  На ред со другите слики близу до олтарот стои лик од млад човек, портнетна фигура во интересен костим.... Сигурно синот Михаил Петков е поставен прв во списокот на ктитори бидејќи подарил 9000 гроша.“ 

Според натписот над вратата во манастирот најголемо учество во изградбата на манастирот според дале следниве лица: Михаило Петков од Битола (9000 гроша), неговиот брат Грујо (1000 гроша), Стојко Милев од Сливница, Стојан и Милко од Ротино, Битола (1000 гроша), Тодор од Љубојно, Јосиф од Харвати (Арвати) и еромонах Стефан од Кономлати (1000 гроша), Сотир и неговиот брат Никола од Бохуно денешно Болно по 500 гроша, еромонах Стефан и Михаил и други.

Михаил Петков со голем паричен прилог овозможил да биде изградена и живописана црквата. Множеството мали, солидно изведени композиции во црквата, вешто обликуваните ликови на светителите, а посебно портретот на младиот Купен, покоен син на Михаило Петков, облечен во карактеристична градска онлека украсена со богати орнаменти, покажуваат раце на вешти сликари, кои во почетокот на  XVII  век се уште  успеваат да го одржат нивото на сликарската традиција во овој значаен културен центар.

Во манастирот постоело  училиште во кое учеле и работеле деца од околните преспански села каде учители биле свештениците, а исто така во манастирот се наоѓала голема библиотека, која бидејќи била на славјански грчкиот владика ја изгорел. АвторотТрајчев за грчкиот вандализам ќе напише:

 „Доле, близу до село Сливница, се наоѓа метох на сливничкиот манастир св. Сава и Варвара. Тука се чува  поменикот манастирски, направен од даска со два капака, на кој стојат ликовите на Давид и Соломон. На внатрешната страна во 9 столба, по три на секоја даска имаше напишани со славјански букви имиња на мирјани: Тодор, Милко; селата Хотино (Ротино – н.з.), Триново (Трново – н.з), Волскина (?) – после иероѓакони, иеромонаси, архиепископи (Никола, Костадин), аргиереи (Доротеј, Мануил, Митрофан, Самуил). Славјанските имиња беа размачкани со сина боја (национална грчка н.з.)  и врз неа пишувани имиња со грчки букви. Тој вандализам го извршил охридскиот грчки владика Мелетиј, кој во обид да го избледне секој спомен во (македонците) за минатото на историска Преспа. Достатачно беше со една слаба промивка  со вода, за да се избрише сината боја и грчките имиња. Поменикот беше облепен со кожа и фанариотот Мелетиј го држел цела недела во вода, за да искисне, и потоа насилно се обидувал да ги избрише славјанските букви, но откако не успеал ги премачкал со сина боја. По негова наредба во манастирот цела неделе биле горени славјанските книги и други паметници, кои биле скриени во манастирските бочви.“

Грчкиот вандализам кон македонското културно наследство се бележи речиси во сите манастири во Македонија. 

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.