Среда, 31 Август 2016   
МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ПРВИОТ НАРОД СОЗДАДЕН ОДЕДНАШ НА СИТЕ ПЕТ КОНТИНЕНТИ

branko-sotirovski

Автор: Бранко Сотировски
www.zetamacedonia.com

ЕВРОПЕЈЦИТЕ СЕ МАКЕДОНЦИ

Од секогаш, кога се обидувале да ги утврдат фундаментите на човечката цивилизација, истражувачите барале цврста потпора во најдревното минато. И таа цврста потпора ја барале во она материјално наследство, кое со своето симболично значење носи порака, т.е. информација за организираниот општествен живот. Така, со насобраните археолошки предмети кои по нивната систематска обработка носат релевантни научни сознанија, се повеќе се утврдува позицијата дека досегашните научни ставови за „древните цивилизации“ треба да бидат ревидирани. Придружувајќи се кон тој став моето истражување го проширувам со нови сознанија преку прочит на стари записи. Имајќи ги во предвид натписите од сите пет континенти, пронајдов заеднички именител на овие археолошки наоди. Според моето истражување, таа најстара писменост, регистрирана на археолошките наоди, не треба да се нарекува со ниедно друго име освен Македонска. Зошто? Затоа што насекаде се провлекуваше дека тој идентификационен, културен и цивилизациски маркер – името Македонија – од најстари времиња бил во употреба, па дури бил и запишан точно во таа форма - Македониа.

zeta1
Карта на Големата Зета Македонија со центарот на светот Македонија.

Друг показател за повисокото човечко сознание и свест на Македонците кое се провлекуваше низ истражаните натписи, е чувството за светост. Со разработката на наодите, таа светост може да се протолкува единсвено со македонскиот јазик и писмо. Тоа чувство кај древните луѓе произлегува од оние пројави во и на материјалниот нежив и жив свет, кои биле лесно воочливи, затоа што биле повторливи. Таа нивна цикличност го потикнала и стремежот на древниот човек да создава дводимензионални геометриски слики но и просторни форми (предмети), кои би говореле за неговото овоземно присуство во претпоставени идни времиња. Ова предзнаење на идечките идни времиња е показател за длабокото разбирање на процесите во реалниот свет. Древниот Македонец се обидел да ја имитира меморијата на самата природа, а прашањето за појавата на македонското писмо е одгатнато со самото тоа што писмото е „создадено во согласност со природата“.

Доказите за оваа теза одат понатака и се присутни секаде околу нас. Па така, ГЕНЕТИКАТА успешно докажува научно - генетска основа за потеклото на Македонците од времето на Античка Македонија и го потврдува она сознание на секој Македонец за неговото потекло, кое самото се наметнува во неговата свест.  

Она што секој Македонец го чувствува и го носи со себе е ГЕНОТ Божји „ЛАВРОД“. Неговиот Божји ГЕН се состои во тоа да биде Господар-Владетел на Земјината топка, да биде ГОСПОД на Земјата. Македонецот со неговиот ген, како син Божји, роден е од Мајката Земја Македонка оплодена од Бог Татко ИЛИ-ИЛ. Тој е  Господ, кој е рамноправен на својот татко во создавањето на рајот Македониа.

Македонскиот ген се состои во јазикот, писмото и верата. Овие три докази јасно се презентирани во книгата „Зета Македониа“. Книгата не се потпира на квази научни истражувања од квази научници од новоформирани племенски заедници низ денес таканаречената Европа и светот. Тоа е така бидејќи тие се квази теоретичари поради пристрасноста и залагањето на ненаучни тези за докажување на нешто што не се брише, а тоа е Божјата милост и милоста на Господарката Мадон-Мадона во однос на синот Македон.

zeta2

Таканаречените научници веруваат во сопствените измислици за потеклото на сопствениот род и го наметнуваат тоа верување на своите слуги, чија цел е бришење на својот темел како Македонци. Една од нивните тези е и лагата за потеклото на денес таканаречените Грци, кои се всушнот безимени луѓе од семитско арапско потекло, доселено на југот од Македонскиот Полуостров, за кои генетичарите успешно докажуваат дека не се Македонци.

Според писмените докази низ цела Европа, обработени во книгата „Зета Македониа“, Европејците се Македонци. Тоа го докажува јазикот, кој квази научниците го нарекуваат „Индо-европски“. Тоа го докажува писмото ЦУТНО (кирилица и латиница) кое е со старост од најмалку 412.416 години а е сеуште во употреба. Тоа го докажува ВЕРАТА ПРАВОСЛАВНА (под права и најкуса линија  во контакт со Бог). Таа вера е верата во Бог Сонце ИЛИ-ИЛ и верата во РЕИНКАРНАЦИЈА.

Книгата „Зета Македониа“ се потпира на изворните записи, сочувани на камен или коска. Тие записи се направени во период од 412.416 г. во ерата на МАКЕДОНИЗМОТ со продолжеток до денес. Тоа е ерата на бескрајни борби со племенски заедници не воведени во верата Православна за реинкарнација. Тоа се денес племенските заедници воведени и заблудени од извртената вера македонска наречена христијанство-католицизам.

На Земјината топка се е Божјо. Воедно во одреден временски период од македонската историја сѐ е на Големата МАДОН-МАДОНА Господарка. Taa oплодена од Бог Сонце ИЛИ е родилка-создател на рајот на Земјата. Сите добра на Земјата, од страна на Таткото ИЛИ и Мајката Македонка се подарени  на нивниот син Македон. Тој на денот XXI-ви март oд Бог Татко ИЛИ ќе биде прогласен за Зет-владетел, господар односно ГОСПОД НА ЗЕМЈАТА. Тој е смртен бог со верба во реинкарнација по смртта, наречен е единствениот Зет, Илион, Македон Хермес, Дон, Дион, Дионис. Господарот-Господ на Земјата. Со применото слово божјо како јазикот, писмото, верата и науката ќе изврши НУМЕРИЗАЦИЈА-глобализација на светот. Сѐ што е создадено од родителите, и сѐ што е создадено од Господ Македон ќе го евидентира и именува на јазик МАКЕДОНСКИ на сите пет континенти, во временски период најмалку од пред 412.416 г.

Западно-европските квази теоретичари, поддржани од сите останати, со мал број исклучоци, се откажуваат од македонскиот ген, јазик и сѐ што е именувано од Македонците (топоними, хидроними и др.). Се откажуваат и од сопствената македонска историја. Сето тоа се случува уште од периодот на граѓанските војни и самоуништувањето од страна на македонскиот град држава Рим. Македонското писмо, вера, наука и обичаите со мали измени се практикувани до денес, но за жал прикажувани како сопственост и дело на некои измислени племенски групи.  

Сопствената заблуда и заблудата на јавноста е во тоа што овие културни вредности се и нивни, НО прикажувани под друго име, бидеќи тие се откажани од исконскиот ген и род со назив МАКЕДОН, МАКЕДОНСКИ, МАКЕДОНЦИ, тој процес на самоуништување, кој се појавил пред 2016 г. трае до денес.     

Ни останува да бидеме истрајни, да истражуваме и својот придонес и плод од таа истражувачка работа да го насочиме кон промоција, претставување во јавноста на вистините за потеклото и името на Европејците. Поткрепа и поддршка на авторите и творците кои имаат свој придонес тие вистини да испловат. Исто така се јавува и нужна потреба да ја изнесеме и презентираме пораката што нашите предци ја оставиле врежана, а таа е зачувување на своето, негување и грижа на околината, меѓусебните односи, бидејќи нивната мирољубива и животонадежна мисла се провлекува насекаде низ дешифрираните натписи во светот. Човештвото сè повеќе пропаѓа, секојдневно, на духовен и на физички план. Тоа остана без квалитетите кои не прават да бидеме она што сме, луѓе кои во себе носат сонце, луѓе кои се грижат за сојот, ројот и родот Македон и луѓе кои ја сакаат природата и пролетта. Да не дозволиме да нѐдоведуваат од корен да го пресечеме и отфрлиме она за што Македонците се залагале, создавање рај на Земјата.

(Книгата „Зета Македониа“ ја нема во продажба. Таа може да се купи од авторот на меил Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на телефон +389 78 264 106).

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.