Среда, 31 Август 2016   
Медиумски спинови-страв од избори

kostadin-kerpicoski
Костадин Керпичоски

Бевме, сме и ќе бидеме сведоци на лаги, манипулации и малверзации кои се пласираат во јавност од страна на СОРОС и медиумите блиски до СДСМ а се разбира по нарачка на истата таа вечно опозициона партија.

Всушност интересен е фактот дека ова е така нагласено секогаш кога во најва имаме избори, избори кои опозицијата ги бара.

Да, ова ви е нешто слично како и со работата на СЈО, две години по ред не решиле ниту еден случај, не направиле ништо, наполниле џебец и сега веднаш со барања за продолжување на рокот на важност на нивната неуставна институција или пак со креирани дела против власта како најава за предизборна кампања на СДСМ.

Пријатели, интернет порталите сами по себе станаа медиуми, може да бидат оснавани од било кого па и од некој кој воопшто не е новинар и не се занимава со новинарство и токму тука настанува главниот проблем, проблем кој јас би го нарекол финансиски, токму тогаш кога порталот нема прилив на пари па за ситна пара или годишна кирија за опстанок се продава на СОРОС или некоја од нивните фирми ќерки.

Така е, лесно е и едноставно но едно да не заборавиме, оној кој си дава пари тој и си бара нешто за возврат, па така медиумите кои земале пари за проект од страна на СОРОС мораат, се приморани и да не сакаат да го лажат Македонскиот народ.

А јас пак да ве прашам, има ли полошо нешто од тоа да го лажеш својот народ?!

Земете пример, еден куп буквално такви портали, медиуми и радија кои шират лаги и дезинформации во текот на еден ден, а да не зборуваме месец или година...

На крај, лажно информиран народ, паника и страв кај населението и се тоа само и само на штета на граѓанинот, воопшто не е штетата на било која политичка партија.

Ако подобро размислам, можеби СДСМ како политичка партија до некаде има право, треба да се воведи ред и дисциплина, особено ред во финансирањето на медиумите, околу тоа кој се може да биде сопственик на медиум и околу информациите кои и се пласираат на јавноста па така можеби нема да може секој да напише што сака и можеби конечно СОРОС нема да финансира медиуми во Македонија.

А да го забраниме постоењето на СОРОС организацијата на територија на Република Македонија?!-Или тоа е друга тема? Во ред.

Рековте поентата, па едноставно е, сте и ќе бидете сведоци на еден милион спинови, лажни информации на одредени медиуми се со цел стварање на страв и паника помеѓу Македонското население, се со цел ситни политички поени на една политичка партија.

Ве повикувам, апелирам, се што читате и слушате и секоја информација да ја земете со резерва, да размислите со вашата(ладна глава) и да не дозволите ниту вие ниту вашите најблиски да бидат излажани и изманипулирани!

Лажењето на својот народ е најлошо!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.