Среда, 31 Август 2016   
Манастирот Св. Морена бил вандализиран од владиката Мелетиј (13)

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Во Преспанскиот крај, во средиштето на некогашното Самулово царство, на почетокот на XIX век се среќаваат и други манастири, кои се разликуваат по својата имотна состојба. Во книгата „Манастирите во Македонија“, по манастирот Св. Богородица Сливничка, авторот Георги  Трајчев не запознава и со манастирите „Св. Петка“ (с. Брајчино), „Сретение Господово“ (с.Дупени), Св Јован Претеча (с. Рмби), Св. Петка (с. Буковик). Посебен осврт авторот ќе направи на манастирот „Св. Морена“ во Мала Преспа, кој бил подложен на вандализмот на грчкиот владика Мелетиј, за кого вели: „злосторничката рака на грчкиот охридски владика Мелетиус, се уништила, за да исчезне споменот од минатото на Самуиловото царство“.

Во средно имотните манастири во Голема Преспа бил манастирот „Св. Петка“. Малата еднокорабна средновековна црква „Св. Петка“ во центарот на манастирскиот комплекс била изградена и живописана во последниот квартал на XV век. Во еден период била запуштена, а за манастирот Трајчев ќе го забележи следното: „Тој манастир се наоѓа во северозападните поли на Баба планина, ... во околината на село Брајчино. Тој е половина час јужно од селото. Црквата е стара, мала и темна (од неопределено време). Живописот е со грчко писмо. Има поменик со грчки и (славјански) имиња  на дарители, запишани без насока, кој каде знаел и каде му текнало. Празникот на црквата е на 26 јули. Тогаш има голем собор од околните села. Наоколу црквата имало зграда со неколку соби, но на 1 јануари 1902 година за време на престојот на една просјачка група од прилепско изгорела. Се предвидувало возобновување на зградата со намера да се отвори пансион и класно училиште во тој манастир за цела Преспа. Недвижниот имот на манастирот беше: околу 40 ниви, ливади и лозја, од кои добиваа 6.000 кг. сено, 20 товари грозје и 100 кг. жито. Жива стока имаше: 50 глави овци и кози, и една крава. Манастирот располагаше и со готови пари, околу 200 турски лири. Се стопанисуваше умешно од селото и имаше амбиции да стане еден од добро уредените манастири, особено ако се отвореше предвиденото класно училиште и пансион. Селаните беа познати по својата љубов кон учењето и својот патриотизам. Мнозина од нив оделе во Америка и економски беа добри.“    

Во Голема Преспа, близу до езерото, на југоисточна насока, ... е расположено селото Дупени, а како што пишува Трајчев „во околината е сместен и стариот манастир Сретение Господово.“ Тој ќе забележи дека „црквата е обновена во 1908 година, а осветена во 1909 година...“ Исто така тој додава дека: „Црквата е великолепна градба, со едно кубе и покриена со марсилски керамиди. Внатрешноста е богато украсена со живопис. Иконостасот е од орев, со издлабени фрески и го чинеше селото 200 лири. При црквата има згради двокатни со соби, чардаци и штали. Во една од собите беше сместено селското училиште. Пред години сите згради биле обградени со ѕидови. Манастирот се управувал од селото и е даден на користење од селскиот свештеник. Тој поседува ниви за 40 кг. семе воденица, гора, жива стока: до 50 глави овци и кози, 2 вола. Има и три манастирски куќи во селото. Бидејќи до (Илинденското н.з.) востание манастирот бил под грчко влијание, имотот се експлоатирал со злоупотреба.“

На крај на својот опис Трајчев ќе забележи дека „историјата на тој манастир е непозната“, но дека било „познато е дека селото Дупени било изградено врз основа на стара населба, чии урнатини се забележуваат речиси на секој чекор. Во околината има урнатини нарекувани „Владикови грамади“ – пишува авторот.       

Трајчев се осврнува и на манастирот Св Јован Претеча крај селото Р’мби, Егејскиот дел на Македонија, за кој вели:  „На северо-западниот крај на селото Рмби, во месноста „Горица“ се наоѓа манастирчето Св. Јован Претеча. Во старо време тука била голем манастир од кој најпосле се забележуваат само урнатини од неголема црква. Со грижата на религиозните селани од село Рмби, црквата беше реставрирана и осветена ... во 1910 година, при што дојдоа поклониците од речиси цела Преспа. Соборот е на 14 јули (ст.ст.), „Отсекување на главата на Св. Јован Претеча“, каде доаѓа многу свет од околните села.

Исто така тој пишува и за манастирот Св. Петка за кој вели: „Не далеку од село Буковик, ... е малата манастирска црква св. Петка. Таа е стара, остаток од некогашен манастир, во кој живееле калуѓери. Црквата е од тогаш по раширена. Нема никакви згради наоколу. Манастирскиот имот е значителен. Тој се користи од селото Буковик, во чија мера се наоѓа...“

Во книгата можеме да прочитаме и за „манастириштата“ во овој крај. Такви како што вели авторот „има во село Арвати, по источниот брег на големото Преспанско езеро. Црквата св. Арангел била некогашен манастир. Таа е многу стара. Посетувана е од разни патници за проучување. Таа служи денес за селска црква. Наоколу има урнатитини од црквите: св. Илија, св. Наум, св. Богородица и до неа многу стари гробишта.“

Во делот за манастирите во Мала Преспа, Трајчев поголем осврт ни дава за манастирот „Св. Морена“, кој се наоѓа во близина на селото Туминец, денес на територијата на општината Пустец, Албанија. За овој манастир кој како и другите македонски светии бил вандализиран од грчкиот владика Милетиј, авторот ќе го напише следното:

„Манастирот е расположен во една живописна котлина, по западниот брег на големото Преспанско езеро... Се наоѓа на 1 час јужно од село Туминец. Манастирот е заштитен од северните ветрови преку високите падини обраснати со зимзелени дрва, ела, смрека,  шимшир и други и иглолисни растенија. Црквата е стара, на името Св. Марена. Таа е реставрирана во 1888 година.

Имало славјански надпис, но злосторничката рака на грчкиот охридски владика Мелетиус, се уништила, за да исчезне споменот од минатото на Самуиловото царство. Тој фанариот ја обиколувал Преспа придружен од зограф и дрводелец. Зографот ги преправал написите од славјански на грчки, а дрводелецот ги рушел ликовите на (македонските) светии. Така тие вандали и тука, во манастирот св. Морена, рушеле, малтерисувале и зографисале. Јасно се забележуваат по сликите новиот малтер и новите натписи. Само над вратата на црквата е останата половината од уништениот натпис, каде што се чита „Света Марена“.

На два – три пата храмот бил опожарен при што е уништен стариот живопис и покривот. Тука и таму се забележуваат слаби траги од стар живопис. Во олтарот и надвор од него има груб живопис од 1888 година со грчки натпис. Над внатрешната врата на храмот имало стар надпис, одпосле избришан.

Црквата е премногу мала, ниска и темна, со мали прозори. Наоколу има три згради со чардаци и соби, а доле штали. Манастирот се управуваше од околните села (Туменец и Коњско) и е во синорот на село Туменец... Недвижниот имот е: ниви за 4 кила семе и гора, а живата стока броеше (во 1910 година) 70 кози, 40 овци, 1 крава и 2 вола. Имотот се експлоатираше од еден селанец, кој имаше обврска да се грижи за манастирот  - да пали кандила, да чисти и мети. Никакви други прислужници немаше во манастирот. Ноќно време тука престојувале овчарите, а дење манастирот бил чуван од едно куче.“        

На крај од овој опис за манастирите во Преспанскиот крај од 1933 година, Авторот ќе не потсети дека Македонија е поделена и дека „ ...тука крај манастирот е пограничната точка која која го дели Преспанското езеро и историска Преспа на три страни и иноверни држави: Грција, Србија и Албанија.“

Мора да зебележоме дека авторот Георги Трајчев бил егзархиски инспектор и ги посетувал сите овие манастири, што значи дека добро ги познавал. Иако денес името на манастирската црква Сретение Господово не го сретнуваме во ресенското село Дупени (каде главна и единствена манастирска црква е Успение на Пресвета Богородица), туку се среќава во селото Р’мби, а за Јован Претеча нема записи, сепак ви пренесуваме како што е запишано во книгата  „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.).

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.