|
|
Кој го знае проблемот со МПЦ во Австралија, знае од каде дува ветерот |
Проблемот на МПЦ не е сегашен туку многу одамна и од многу страни замешани уште со изградбата на првата црква. Но едно Македонците не знаат. Проблем немаше да има доколку домашните изроди не превземаа се, првенствено парите за нив и поткупот од комшиските држави и цркви. Кога и да загустеше, се повикуваа на Австралиските закони и посочувајќи го комунизмот како џокер, тие победуваа за себе и својот џеб, на штета на МПЦ и Македонија. Со еден збор од 1957 година, кога се изгради првата црква во Мелбурн, а името Алтис ( христијанско албанско ) преиначено во Алтин, за да на крајот биде погребно напишано Христос Алтис ... нека ви ги отвори очите. Црквата не беше под Македонска јурисдикција, туку под Бугарска. Аналогно Бугарите си ја добија црквата судски (но се смета Алтис дека примил пари) и секогаш МПЦ се избегнуваше или беше во игра кога требаше Грците и Бугарите од љубомора да почнат да му фрлаат на Алтин и компанија убави суми. Сето ова подржано од Масоните тогаш, како и од останатите нивни сојузници, ја прави Македонија да помине низ една голгота. Денес има седум Владици кои ја разнишуваат МПЦ и моше да кажеме дека Третиот Илинден започна. Бегање нема и мора да има чистка, сакале ние тоа или не, истовремено со Заевци и шарените. Доколку ова настојуваме да го избегаваме и да не го соочиме машки и многу студиозно и сериозно, ќе лета државата и ќе ја бараат следните генерации. Кривците ќе бидеме ние неодлучните и полупесимистите. Време за чекање нема. Нема да дозволиме еден обичен монах како и цивил со астономска црковна плата,да бидат поголем од поп, Владика, Поглавар, МПЦ па дури и од Господ. Со неговата секретарка која ги бранат Грците и не убедуваат дека сите наши имиња се од грчко потекло, со еден збор дека Македонија е грчка, знаете сега од каде дува ветерот. Од монахот и неговите претпоставени, двајцата мохиканци струмичани. На здравје !!! Со трет илинден и напред со Господ, или Македонија ќе ја нема.
|