Среда, 31 Август 2016   
Поигрувањето со нациналните и со државните интереси е најголемо зло кое може да го снајде македонскиот народ

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Македонија мора да биде спремна на предизвиците кои доаѓаат

Објавените документи на „Отворено општество“ на Џорџ Сорос откриваат дека американскиот миљардер го искористил своето огромно богаство за создавање на глобален хаос и обид за инасталирање на својот неолиберален програм. Во обид да ја дестабилизира Русија, со насилен илегален државен удар ја уништи Украина, ја потикна масовната миграција која ја дестабилизира Европа и го поларизира светот. Во таа негова глобална “игра“ ја дестабилизира

Македонија, Србија и целиот Балкан.

Европа е во хаос. Нејзиниот просперитет, прогрес и опстојување се доведени во прашање, особено по бгрегзитот на Велика Британија. Мигрантско-бегалската криза и континуираните терористички напади и закани по евроските престолнини и поголеми градови предизвикуваат страв и паника кај европејците. Сето тоа предизвикува милитаразација на земјите членки на ЕУ

и преземање на проекти кои водат кон целосна контрола на населението (Се предлага укинување на парична готовина и имплантирање на чипови преку кои ќе се врши трансакција).

Препораките на германската влада како дел од „концептот за цивилна заштита“ населението да се спреми за најлошото можно сценарио и да обезбеди залихи на храна и вода кои би траеле и до десет дена во случај на национална катастрофа, предизвика панично купување и празнење на полиците на продавниците и шопинг центрите. По оваа најава, граѓаните да се спремат за

најлошо, покрај храна и вода, дошло до масовно купување на оружје и не-смртоносно оружје не само во Германија, туку и во Франција, Швајцарија, Австрија и Чешка.

Експертите тоа го толкуваат дека Германија се спрема во блиска иднина или за воена конфронтација со Русија или пак што е многу поверојатно со масовни граѓански немири поради доаѓањето на голем број мигранти-багалци.

Соросовите документи покажуваат колку „Отворено општество“ е штетно не само за добробитот на Европа, току и за Балканот. Штетното делувањето на соросовите невладини организации и те како го почуствува Македонија. Невладиниот сектор заедно со опозицијата предводена од СДСМ ја предизвикаа шарената револуција со цел да се сруши легално избраната влада и веќе подолго време ја држат земјата во заложништво блокирајќи ги институциите на власта. Со оглед дека народот одамна ги има прочитано и соросовите организации во земјата и опозицијата, последните прават се само да се одолговлекуваат договорените избори.

Македонија заради ваквиот однос на опозицијата и невладиниот сектор е во сериозна криза. Битката меѓу владеачката партија и опозицијата е развиена до степен на крајна непомирливост. Блокирањето на институциите и преземањето на краткорочни потези само од инает многу шати скапо ја чинеле државата, но и понатаму се користи од опозицијата само да се оневозможи ВМРО ДПМНЕ да постигне уште подобри резултати. Така да со право владеачката партија ја нарекува опозицијата гробари на македонската економија. Но, опозицијата не се само гробари на македонската економија, туку доколку продолжат вака тие се потенцијални гробари на македонскиот идентитет, на македонската култура, односно гробари на Македонија.

Курсот кој го држеше владеачката партија и кој даде завидни резултати на политички, економски и стопански план мора да се задржи. Не смее владеачката партија да и дозволи на опозицијата да го наруши

стекнатиот углед и да ја наруши безбедносната состојба во земјата. Не смее да се дозволи внатрешно партиските поделби во земјата да ги парализираат безбедносните сили.

Предизвиците се големи и наместо опструкции сега треба да се биде конструктивен.  Тешки времиња доаѓаат. На тоа опоменуваат речиси сите. Само пред два месеци поранешниот заменик шеф на ЦИА, Стивен Мајер изјави дека според него најопасно место на Балканот во моментот е Македонија, не само поради проблемите меѓу македонските Албанци и православните верници, туку и поради тоа што меѓу самите православни верници во

Македонија постојат несогласувања. Тој ќе додаде дека постојат големи шанси за менување на  границите на Балканот.

Оваа изјава веќе наоѓа поткрепа во тензииите на Црногорско-Косовската граница. Поради противење на албанските националисти за договорот за разграничување на Косово со Црна Гора, како што пренесуваат Црногорските медиуми, припадниците на антитеростичките единици на безбедносните сили на Црна Гора на границата со Косово поставиле снајперисти и митралески гнезда на караулите поради стравување од евентуални судири.

Иако по посетата на американскиот потпретседател Џозеф Бајден страстите во Приштина се намалени, сепак протестите можат да ескалираат. Повеќе страни ги потврдуваат информациите дека безбедносните служби на Црна гора ја зголемиле будноста, бидејќи тензии се очекуваат на 1 септември кога Собранието на Косово треба уште еднаш да се обиде да го усвои договорот.

Ако се навратиме во минатото, тензиите меѓу Црногорците и Албанците во овој дел секогаш биле предзнак на поголеми судири кои го зафатиле Балканот!

Затоа додека сите грабаат напред, се припремаат, ние не треба да се закопаме во рововските политички борби и да ги парализираме институциите. СДСМ треба да свати дека не може во недоглед да ги одложува изборите, туку треба да се охрабри и конструктивно да пристапи во надминување на политичката и безбедносната криза. Македонија мора да биде спремна да одговори на предизвиците кои доаѓаат.

Поигрувањето со нациналните и со државните интереси е најголемо зло кое може да го снајде македонскиот народ и тоа најмалку му е потребно на македонската држава.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.