|
|
ОДГОВОР ПО ПОВОД НАПАДИТЕ ОД ВЛАДИМИР МИЛЧИН |
Македонското патриотското здружение -Тодор Александров МПЗ ТОДР АЛЕКСАНДРОВ,ОДГОВОРПО ПОВОД НАПАДИТЕОДВЛАДИМИР МИЛЧИН И НЕГОВОТО ОБЕЗЛИЧУВАЊЕ НА ЛИКОТ НА ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ ОБЈАВЕН НА ПОРТАЛОТ - „Плус инфо“ Македонското патриотското здружение Тодор Александров и неговите членови реагираат во врска со текстот објавен во порталот „Плус инфо“ од господинот Владимир Милчин насловен како “Против заборвот-Тестамен на Алексндров”. Имено ние членовите на МПЗ Тодор Александров се почуствувавме за навредени и засегнати порад тоа што г.Милчин без факти не напаѓа нас и нашиот трибун Тодор Алексадаров. Ние сме здружение кое се залага заштита на ликот и делото на Тодор Александров но, и на сите Македонци кои се бореа за Независна Македонија, поради што реагираме со овој контра аргументиран одговор: 1. Господине Владимир Милчин за борбата наречена македонска кауза - борба за создавање на автономна, независна и самостојна Македонска држава во нејзините етнички граници се бореа многу наши претци меѓу кои и Тодор Александров кој беше еден од најголемите лидери на ВМРО во борбата за Независна Македонија. 2. Посебен белег оставија: корифејот Дамјан Груев-кој е најзаслужен за формирањето на Македонската револуционерна организација (МРО), Гоце Делчев и Тодор Александров кој најдолг период беше на чело на ВМРО. 3. Во Македонија влијанието на соседните пропаганди од секогаш беше присутно, а најсилно беше грчкото, српското и бугарското. 4. Господинот Милчин сакајќи да го деградира и оцрни како и во комунизмот ликот и делото на Александров, цитира дека тој се декларирал како македонски Бугарин. Со тој став Милчин сака да предизвика конфузија кај македонската јавност, но треба да знае дека Тодор Александров, а и сите други македонски дејци од лева и десна провиненција биле воспитаници и учеле во бугарско црковни училишта на бугарската егзархија, па така во некои документи се среќава терминот македонски Бугарин кој за нив има црковно значење, а не етничко како припадници на егзархијата. Но нивната борба беше за автономија и незавсина Македонија. Во најголем дел од документите Тодор Александров и сите други македонски револуционери од плејадата на ВМРО ги користат термините макеоднски народ,македонско население и ја издигнуваат паролата Независна Македонија и Македонија на Македонците во нејзините географско етнографски граници. Точно е твредењето дека ВМРО предводена од Тодор Александров ја прифаќаше идеата за Балканска федерација,во која Македонија би влегла како рамноправна политичка целина со другите држави,но во таа Југословенска федерација Македонија да биде рамноправна и да го има правото на отцепување,таа идеа за Макеоднија како рамноправна држава во Балканската федрација ја прифаќаа и ВМРО-автономситичка и ВМРО –Обединета која се форимира една година по убистивото на Александров во 1925 година. 5.Со негирањето на Тодор Александров и ВМРО како организација господинот Милчин и таквите како него ја негираат вооружената борба на македонскиот народ која ВМРО - Александрова ја води по поделбата во Букурешт во 1913 година како единстевена Органзиација која ја продолжи вооружената борба на македонскиот наорд за слобода и обединување на разделена Македонија. Единствена респектабилна сила која ја продолжи вооружената борба по 1913 година беше ВМРО и ЦК предводен од Тодор Александров која испрати Декларација против поделбата на Македонија по Балканските војни до Големите сили и балканските држави кога Македонија беше поделена на три дела, делот кој влезе во Кралевина Југославија доби име Вардарска Македонија, а населението беше именувано како „Јужни Срби“ и ова е факт од кој не може да се избега.. Во текстoт на Милчин тој критички се осврнава и кон младите членови на Македонското патриотското здружение Тодор Александров, кои на прославата на Илинден во Крушево ја пеат песната “Нешто ќе те питам бабо”. Прво на таа илинденска пролслава присустувуваа повеќе здруженија кои допатуваа од цел Македонија со пешадиски марш или со коњи , тие патриоти се поклонуваат и секоја година, доаѓаат од цела Македонија патувајќи неколку дена. Правење споредба во поглед на сваќањето за градењето на Македонската држава помеѓу овие млади луѓе во Крушево кои пеат македонски патриотски песни од МПЗ Тодор Александров и оние на господинот Милчин од Шарената револуција претставува обична иронија и има голема разлика. Членовите на МПЗ Тодор Александров, ги слават, чествуваат, организираат трибини и панихиди за сите македонски револуционери и херои кои се бореа за македонска држава, а тие на господинот Милчин ги сквернават, обезличуваат спомениците и спомен обележјата на македонските револуционери и херои од македонската историја. Се поставува прашањето со кое морално право критикува г. Милчин ?. Дали господинот Милчин има минимум совест, доблест и морално право да ги критиковаа овие млади македонски патриоти кои ги величат и слават сите македонски дејци и македонски патриоти за создавање на Обединета, независна и самостојна Македонска држава. Милчин кој како подржувач на Шарената револуција мотивира млади луѓе да уништуаат споменици на македонски херои и немо гледаа како тие стотици изманипулирани млади за пари (платени по 20-30 евра) низ цела Македонија подолг период уништуваат спомениици кои значат идентификација на Македонецот и неговата борба за Македонска држава и поставуваме прашање дали има во светот некоја во некоја земја демостранти од еден народ кој ги уништуваат и сквернавт нивните национални херои кои се бореле и гинеле за нивна слобода,НЕ, нема таков пример,а го има само кај нас со Шарената револуција. Во Скопје беа сквернавени, Спомениците на Александар Македонски, децата бегалци од Егејска Македонија, на борците од НОБ и АСНОМ др, Општинската зграда ,во Битола споменикот на Филип Втори, киното на браќата Манаки со што е навреден Влашкиот етникум во Битола и др, и низ другите градови на Македонија. Овие платеници ги осквернавија спомен обележјето на АСНОМ со кое се круниса и постави столбот на македонската државност, со овај чин беше осквернавен еден од најсветите настани во историјата на македонскиот народ 2 август 1944 во Прохор Пчински кога се создаде Макеоднската држава. Шарената револуција на Милчин ги сквернавеа и спомен обележјата на децата беглаци од егејска Македонија кои се бора за човекови права и слобода, со тоа тие индирекно го подржаа теророт на грчката монархофашистичка власт која го тероризираше во континуитет и уништуваше македонскиот етникум во егејска Македонија. 7. Омразата на Милчин и неговите приврзаници кон ликот и делото на македонскиот патриот Тодор Александров е голема таа омраза тие ја имат и кон другите макеоднски револуционери при што најавуваат и рушење на спомениците и нивно размонтиравање но, мора да признаете без факти и докази, односно со испревртување на вистината и фактите. 8. Тодор Александров е еден од ретките македонски револуционери кој се обиде да ги помири и поврзи лево и десно ориентираните македонски борци за создавање на Македонска држава. За оваа негова идеја Александров влезе во контакт и преговори со Советскиот сојуз.Тодор Александров заедно со павел шатев го започнаа во 1923 година процесто на обединување на макеоднските револуционерни во единствен револуционерен фрон,за Независна Македонија во идната Балканска федерација.Павел Шатев уште во 1901 година имал зедничка револуционерна борба со Тодор Александров при што за него ќе напише- “Александров ми остави впечаток на еден доста рационален, трезевн ум, готов во секој момент да се жртвува пред олтарот на ослободителното дело, ние двајцата добро се разбириавме и по цели часови разговаравме, јас независно од тоа што бев одкинат од моите другари во Солун, бев полн со надеж дека повторно ќе влезам во врска со нив и го убедував и Тодор Александров да стане наш другар. Тодор Александров независно што наполно ја возприемаше и помагаше нашата борба сепак со својот трезвен ум размислуваше за многу поголема организација. Неговиот трезвен ум работеше непрекинато и тој не го губеше своето слободно време и работеше постојано сакајќи да му биде корисен на ослободителното движење. Александров бараше патишта и методи за дејство, за да се органзиариаат народните маси и да се создадат големи организации, што би биле раководени од еден центар, кој во даден момент би располагал со духот и телото на луѓето од градските и селските маси на Организацијата. Така Александров размислуваше за создавање на една моќна и еластична организација додека јас мислев само тоа како да извршам некаков атентат. Но иако патиштата ни беа различни Александров секогаш ни помагаше и ни беше од корист”. Во преговорите учествуваа: Павел Шатев во својство на посредник ( имаше добри односи со Руските комунисти) и како преговарачи: Димитар Влахов, Петар Чаулев и неговиот зет од сестра Михаил Монев. Преговорите се одржуваа во Виена. Резултат на преговорите е донесување на Мајскиот манифест. Тодор Александров и Александар Протогеров го потпишаа Мајскиот манифест но со взаемен договор со преговарачите истиот да не биде одма објавен односно да созреат политичките и воените прилики на Балканот и Европа. За жал во предвечерито пред да биде публикуван во јавноста Манифестот беше изменет без знаење на Александров. Првичните анекси на Мајскиот манфист предвидуваа дека ВМРО ја прифаќа моралната и материјлна подршка на Коминтерната и Советска Русија, но без никакво влијане и на комунистичката интернационла врз независноста на самата Организација. Во изменетиот текст на Мајски манифест кој се случил без знаење на Александров се прифаќало ВМРО да стане орудие на коминтенрата па дури и да ја наметнува комунистичката идеа во самата Организација.Од тие причини стравувајќи да не се болшевизира Организацијата Александров го откажал својот потпис. Марија Коев Александрова ќерката на Тодор Александров ќе истакне-“мојот татако се откажа од манифестот бидејќи не сакаше ВМРО да се болшевизира и да биде партија, туку да си остане татковинска патриотска организација се додека Македонија не стане држава”. По повлекувањето на потписот од Манифиестот Александров бил во нов отворен судир во текот на 1924 година и со новиот бугарски премиер Цанков, на кој му исратил писмо во кое пишувало дека, ако и новата бугарска влада на чело со Цанков ја напаѓа ВМРО и се обидува да ја спречи во нејзината борба за Незавсна Македонија, ВМРО ќе се бори и протв неа, а на премиeрот Цанков, дека “ќе му се скрши главата” и ќе го снајде истото што и Стамболиски. Во таква констелација на односите и отворен судир со двете бугарски влади, а уште поголем судир со комунистичките партии беше убиен Тодор Александров и тој беше подло на спиење егзекутиран на 31 август 1924 година, во близина на селото Сугарево. 9. Во повеќето спомени на макеоднските дејци современиц на тој период потенцирани се организаторите на атентатот на Александров: Војводата Алеко Паша и бившо воено лице во бугарската војска Георги Атанасов и неговите платени убици војводите Штерју Влахов и Динчо Вртенаров. Штерју Влахов и Вретенаров биле познати како зулумџии и плачкаши на македонскиот народ во Петрич и Банска Македонија.Сепак убиството на Тодор Александров и неговите наредбодавци ќе остане мистерија која уште долго ќе се полемизира во историските кругови. Што се однесува на територијата во која живееше македонското население во Банско и Пиринска Македонија таа во времето на Тодор Александров, функционираше како „држава во држава“ во самата Бугарска држава. 10. Доколку не дојдеше до предвремено објавување на Мајскиот манифест вероватно и ќе се реализираше соработката на ВМРО со Советскиот Сојуз, а во тој случај историските настани за Македонското прашање ќе имаа друг тек. Имено, ако се има во предвид влијанието и улогата која ја одигра Русија во Втората светска војна, едно е сигурно со нејзина дипломатска помош и Македонија ќе беше територијално обединета, многу поголема и помоќна. 11. Сите средби на Тодор Александров во Виена со советските престсвници и изработените документи, со знаење на Димитар Влахов биле препраќани со тајна шифра до владата на Александар Цанков во Софија и до Министрот за надворешни работи Христо Калфов. (ДАРМ, Фонд Благој Видов, „Некои моменти“ 55.) Така да уште пред да се врати Александров во Софија,бугарските политички фактори и ЦК на Бугарската комунситичка партија биле информирани за постигнатите договори помеѓу ЦК на ВМРО предводен од Тодор Александров со Советскиот Сојуз и коминтерната(види спомени Петар Ацев, и научен труд Тодор Александров од проф д-р Зоран Тодорвски, Дражавен архив на Р.Македонија,стр.253(Откажување на Тодор Александров од Мајскиот Манифест). 12. Тодор Александров е еден од оние македонски патриоти кој кога се работеше за македонското прашање, имаше храброст да му контрира, да му прети, да ги омаловажува и да наредува нивни ликвидации: на кралеви на странски држави, премиери на Бугарската влада, на министри за одбрана, за безбедност, за надворешни работи и други непријатели на македонското ослободително дело. Со кое право овај македонски патриот, Милчин го критикува и го нарекува дека е Бугарин без да ги согледа времето и условите во кои делувале тогашните протагонисти кога Тодор Александров за создавањето на македонска држава се залагаше, контрираше и влегуваше во судир со премиерите на Бугарија,кралството СХС и Грција: Станболиски,, Цанков и на министерите на Бугарската влада: за одбрана Русев, за надворешни работи Калфов, за безбедност Даскалов со стие Александров Тодор беше во судир а дел беа и ликвидирани од ВМРО бидејќи не ја подржуваа нејзината борба за Независна Македонија др. Заради Ваше сознание: Неговиот лут политички непријател преговарачот Димитар Влахов ќе изјави: „Тодор Александров пројавуваше диктаторски манири, дури и кон некои бугарски фашистички министри и генерали. Тој се опитуваше да им диктира, тој ги навредуваше меѓу нив беа Цанков генералите Русев, Калфов“,кои во Александров гледаа опасен сепаратист, (Види Д. Влахов, Одбрани статии – 1924-1947, Скопје, 1948, 172.) 13. Во Егејска Македонија македонското првославно население беше третирано как Грци тие кои се спротиставува беа тепани, измачувани и убивани, тоа се факти и од нив исто така, нема бегање но факт е дека и таму Тодор Александров повремено испраќаше чети кои се бореа против грчките војски и жандарми,со потпишувањето на Нејскиот договор за размена на населеине помеѓу Бугарија и Грција со кој 86 000 до 100 000 Македонци беа протерани,Тодор Александров и ЦК на ВМРО реагирале против протерувањето на македонското население од Егејска Македонија. 14.Зошто господинот Милчин во неговата колумна не напиша за тоа дека по 1920 година Тодор Александров ја издигнува паролата Независна Македонаија и велегува во отворен воен судир со бугарската влада на Александар Стамболиски и во овие воени судири помеѓу ВМРО на Тодор Александров и бугарската власт ВМРО ја ликвидирала целата бугарска влада, министерот за внатрешни работи Александар Димитров и премиерот Стамболиски. Во овај период 1922 година бугарската влада на Стамболиски ќе влезе во коалиција и сојуз со српаската валст на кралството СХС и заеднички ќе се борат против ВМРО на Тодор Александров со цел да се уништи ВМРО и македонското прашање да се затвори врз одлуките донесени со Букурешкиот договор,тој сојуз помеѓу Српската власт и Бугарија е крунисан со Нишкиот договр со кој се предвидувало уништување на ВМРО и нејзините чети и ликвидација пред се на Тодор Александров.Во својата борба и програма Тодор Александров во 1920 исткнал во неколку весници дека ВМРО ја продолужува борбата на старата Гоцеделчева ВМРО и ја издигнува парполата Незавсина Македонија. Точно е тоа дека ВМРО и Тодор Александров во 1923 година постигнал договор со Бугарските комунисти БКП за соработка.Тодор Александров на Васил Коларов од БКП му рекол “во Петричко ние Македонците сме на власт”.Исто така Тодор Александров бил спремен да соработува со сите кои ќе ја подржат борбата на ВМРО за Независна Македонија,тој соработувал и со крајно десни и со крајно леви организации и сили.Во поглед на Комунситичката партија Тодор Александрпв ќе изјави-ВМРО,не ја смета комунистичката партија за свој непријател,напротив националната револуција не ја исклучува и социјалната, напротив таа е нејзина неизбежна претпоставка.Во склоп на самата соработка и зближување помеѓу ВМРО и БКП Тодор Александров побарал од бугарските комунисти да ги повлечат нивните пунктови од Принска Македонија која била под власт на ВМРО и бастион на самата Организација.Единствен услов кој побарал Тодор Александров од бугарските комуисти било за време на Септемвриското востание 1923 година бугарските комунисти да не востануваат во Петричкиот округ-Пиринска Македонија.Но БКП- бугарските комунисти го прекршиле овај договр во септември 1923 година по избувнувањето на Септемвриското востание во Бугрија тие се кренале и во Пиринска Макеоднија при што бил нарушен договорт со Тодор Александров,па така и четите на ВМРО влегуваат во судир со бугарските комунисти,при што во таа граѓанска војна ќе загинат и многу Македонци кои ќе земат учество и во четите на ВМРО,но и во бугарските комунистички чети предводени од БКП. 15. Што се однесува за Вашите критики за пеењето на песната „Ќе те питам стара бабо“, тоа е само песна во која македонскиот народен пеач го опеал овој македонски патриот. Ние како негови подржувачи имаме право да ја пееме и во тоа не гледаме ништо лошо.Во песната турскиот ага-бег ја прашува старат баба дали во нејзиното село биле војводите Гоце Делчев или Даме Груев, на што бабата му одговорила дека не биле Даме и Гоце тулу дека бил со својата чета војводата Тодор Александаров. За сознание на Милчин песната е испеана на 2 август 1992 година, на народен собир во Смилево, Битолско, пеач гајдаџија од прилепскиот дел на Мариово. (Види, Димитар Галев, Тодор Александров од Автономија до самостојна држава, Скопје, 1995, 190.) Инаку во интерес на вистината, а заради Ваше сознание од истата песна има повеќе верзии и во некои од нив се споменува името на други македонски патриот. Тоа што на господин Милчин и такви како него им смета името на Тодор Александров е нивни проблем,повеќе треба да се заложат да ги почитуваат македонските херои од колку да ги сквернават, омаловважуваат и оцрнуваат. 16. За на крај. Господине Владимир Милчин колку што ни е познато Вие по струка сте режисер по глума. Значи Вие не сте компетентни да зборувате за Историја,а уште помалку за македонските херои патриоти и револуционери кои се бореа за Независна Македонија,пред се не само што голем дел ги деградирате и оцрнувате туку и јавно учествувавте во сквернавењето на споменците на македонските херои Ви препорачуваме во иднина,намсто да ги сквернавите да ги славите и почитувате сите дејци кои се бореа за Независна Македонија и слобода на македонскиот народ. Ние МПЗ Тодор Александров апелираме,секогаш да ги согледуваме времето, условите, политичките и воени прилики во кои делувале македонските револуцинери и нашите предци низ историјата,кога сме немале ни држава ни македонска институција,пред да носиме осуди и да бидат деградирани и омаловажувани овие револционери, денес од нашите, фотељи ,плажи и кафани е грев да ги оцрнуваме. Да ги почитуваме сите Македонци кои со пушка во рака се бореа за наша слобода и македонска држава,денес кога благодарение на нив ние денешните македонски генерации имаме држава,а не знаеме да ја сочуваме.Сите овие Македонци кои се бореле за слобода и најголем дел од нив и загинеле во борните против разно разните окупатори,со сите нивни маани и доблести заслужуваат од нас денешните Македонци почит. Во иднина Македонското патриотското здружение Тодор Александров како и до сега ќе продолжи да ги слави,чествува макеоднските херои од сите периоди на македонската историја,без да ги дели на “леви” или “десни” туку да ги слави како македонски патриоти кои се бореа и своите животи за наша слобода и Гоце Делчев,и Ѓорче Петров и Даме Груев и Сарафов,и Сандански и Матов и Татарчев и Александров и Влахов и Чаулев и Ченто и Богдановски и сите кои се бореа и своите животи ги посветија на борбата за слобода и создазање на македонска држава. Во иднина МПЗ Тодор Алексндров нема намера да влегува во безпредметни расправии со такви ликови како годподинот Милчин,кои имаат намера само да навредуваат и обезличуваат,напротив нашето здужение се залага за заштита на македонскиот национален иднетитет, национално помирување и во македонската историја и денес. Македонското патриотското здружение -Тодор Александров |