Среда, 07 Септември 2016   
Мајка Тереза прогласена за Светица

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск на церемонија која се одржа на 4 септември 2016 година на плоштадот „Св. Петар“ ја прогласи скопјанката Мајка Тереза за Светица. По тој повод посебно место на свеченоста имаа Република Македонија, заедно со Република Албанија и Република Индија, како земји на нејзиното раѓање, потекло и мисија.

На канонизацијата на Блажена Мајка Тереза присуствуваше македонска државна и црковна делегација, предводена од претседателот Ѓорге Иванов. Покрај претседателот Иванов, во состав на македонската делегација, беа премиерот Емил Димитриев, министрите за надворешни работи и за култура, Никола Попоски и Елизабета Канческа Милевска, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, претставници на Католичката црква во Република Македонија и на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и претставник на фамилијата на Мајка Тереза.

На канонизацијата на Мајка Тереза за Светица, присустваат многубројни верници и високи гости од целиот свет. Всушност, нема место во светот каде не слушнале за Мајка Тереза. Насекаде знаат за неа и за нејзиното дело, нејзините активности,  животот и нејзината жртва. Иако Мајка Тереза е од Скопје, сепак, таа му припаѓа на целиот свет.

Македонија е особено горда што во нејзините прегратки се изнедри светицата Мајка Тереза. Таа е гордост и светлост за цела Македонија и за целиот свет.

Мајка Тереза е родена во Скопје на 26 август 1910 година како Агнеса  Гонџа Бојаџију, во влашкото семејство. Таткото на Агнеса Бојаџиу, Никола бил по потекло Влав. Неговото семејството доаѓа во Скопје од Призрен накаде во 1821 година, во време кога Али паша Јанински го запалил Москополе, неформалната престолнина на Власите. Мајката на Гонџа, Дрона, родена Бернај, која исто така доаѓа од Косово, исто така има влашко потекло. Таа има уште една ќерка Агуша и син Лазар.  

По ненадејната смрт на таткото Никола, мајката на Гонџа со двете деца Агуша и Лазар заминале во Албанија, а Гонџа Бојаџиу уште на 12 годишна возраст одлучила да се замонаши. Преку Ирска, таа стигна во Индија каде добила индиско државјанство.

Младата Гонџа замина по Божјиот пат и во негова служба, водена од сознанието дека светот не е гладен само за леб, туку многу повеќе за љубов. Сфаќајќи дека најтешката болест не  се болестите туку осаменоста, кога некој е оставен сам и заборавен од сите, таа отиде да им помага на осамените луѓе.

Таа сметаше дека најделотворниот лек за мир и за зближување на луѓето е секогаш љубовта и помошта.Затоа, таа секогаш тргнуваше од својот едноставен и длабок мотив „ да се направи нешто убаво за Бога, добро за човека, добро за сите“. Водена од таа мисла, таа го основа редот Мисионери на милосрдието и посветено им помагаше на несреќните луѓе ширум светот.

Во текот на својот земен живот Мајка Тереза се трудеше да им надомести на сите оние кои патеа, кои беа лишувани од храна, здравје, слобода и достоинство. Сите оние кои го препознаа Господ Бог во своите души, преку Мајка Тереза уште еднаш сведочат за бескрајната добрина и милост. За својата посветена и хуманитарна дејност таа во 1879 година ја доби Нобеловата награда за мир.

Таа го посети својот роден град каде достојно беше примена, но за време на режимот на Енвер Хоџа на Мајка Тереза и бил забранет влез во Албанија.

Љубовта и милосрдието на Мајка Тереза не треба да не изненадуваат, бидејќи таа е родена во Македонија, во земјата која на светот отсекогаш му дарувала деца кои со чистотата на својата мисла и мисија ги преместувале разликите и ги поврзувале луѓето и народите. Македонија отсекогаш раѓала дејци кои останувале доследни на својата мајка, деца кои на светот му го пренесувале највредното од Македонија – топлината и отвореноста кон лиѓето.

Како што библиска Македонија се грижеше за своите чеда така и Мајка Тереза се грижеше за своите чеда: болни и заборавени. Затоа Македонија искажува скромност, но и гордост што тука во Скопје се роди блажената светица Мајка Тереза.          

По повод овој историски настан, канонизацијата на Мајка Тереза за светица, претседателот Ѓорѓи Иванов од Ватикан ќе порача дека „ние треба да сме горди што имаме сограѓанка светица, да сме горди „на незиното дело и на тоа што го направила и дека треба да продолжиме таа енергија што ја имала целиот свој живот, со истиот интензитет и намера да се шири добрина, помош и утеха“. А лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во чест на нејзиното животно дело,  објави иницијатива за меѓународен орден за заслуги за Мајка Тереза.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.