|
|
Се одбележуваат 25 години од прогласувањето независност на Македонија! |
На 8 септември 2016 година одбележуваме 25 години од независна Македонија. Тоа е ден кога Македонскиот народ и граѓаните на Македонија со апсолутно мнозинство на референдум гласаа за суверена и самостојна држава Македонија. Денот на независноста на Македонија е празник кој означува сувереност, независност и самостојност на Македонија и македонскиот народ. Тоа е денот кога е исполент вековниот сон за слободна и независна македонска држава, ден кој го праславува достојно секој Македонец каде и да е, во земјата или во странство. На 8 септември 1991 година мнозинството македонските граѓани во земјата и дијаспората се изјаснија за самостојна и суверена држава. Убедливо мнозинство од над 95 % од граѓаните кои излегоа на референдум позитивно одговорија на референдумското прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“. Сонот на македонскиот народ за своја слободна, суверена и самостојна држава беше остварен на референдум, на кој му претходеше Декларација за независност која беше усвоена од првото повеќепартиско Собраније на Република Македонија на 25 јануари 1991 година. Искажаната воља на македонскиот народот, формално беше потврдена со изјавата за прифаќање на резултатите од референдумот на 18 септември 1991 година во Собранието на Македонија. Всушност референдумот беше само афирмативен пристап на вековната борба на македонскиот народ за слободна и независна македонска држава, која некогаш се решавала со пушки и крв. Одлуката за независна Македонија беше возвишен чин и капитално вредна за сегашните и идните генерации на македонскиот народ. Иако од осамостојувањето на Македонија беа преземени низа погрешни чекори од кои некои со трајна штета, работи кои тешко се надоместуваат, сепак, до денес е многу направено. Македонија како своевиден феномен, од крајно сиромашна, ги постави темелите да стане крајно „безобразно“ богата. Ако се навратиме на минатото и ги сумираме резултатите, првото промашување по осамостојувањето беше приватизацијата. Наместо да стане двигател на развојот на земјата, таа го голтна најголем дел од дотогаш создаденото. Всушност наместо со чесна приватизација да се дојде до нови работни места, лошиот модел на трансформација на општесвениот во приватен капитал кој го спроведе тогашната влада остави илјадници луѓе без работа. Второто промашување беше Законот за државјанства, кој овозможи лица со потекло од Косово да се стекнат македонско државјанство кој потоа доведе до менување на етничката слика во земјата и оспорување на македонскиот нацинален карактер на државата и територијалниот интегритет. Трето промашување во почетокот на осамостојувањето беше неодлучноста на тогашните власти за невремена изградба на стратешката инфраструктура, особено коридорот исток-запад, што за земја која нема море, беше класична изолираност. Четврто промашивање на тогашната власт беше и лошо водената битка околу името, која ја наметна јужниот сосед. Тогашните остапувања на социјалдемократската власт околу името, знамето и прифаќањето на референцата, до ден денешен имаат тешки рефлексии по македонскиот народ. Меѓутоа, прогласувањето на независноста на македонската држава имаше и свои придобивки. Секако прво и пред се, беше прогласување на македонска независна држава, со пто се исполни вековниот сон на генерации Македонци. Потоа како второ се зациментира македонското национално чуство наспроти сите поренашни пропаганди. И најпосле чуството и свеста за коренот и припадноста на библискиот македонски народ - зошто „дрво без корен не бидува“. Сето тоа овозможи македонскиот народ во изминатите 25 години на самостојно живеење да се соочи и успешно да се справи со низа тешкотии и проблеми. Така во изминатиот период покрај грчките блокади, Македонија се соочи со трицифрената инфлација на почетокот на 90-тите години, потоа со косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година, па новата бегалско-мигрантска криза во 2015, политичка криза и Кумановските настани кои имаа за цел да ја дестабилизираат одново земјата. Сите овие настани ја забавија Македонија на нејзиниот пат кон остварувањето на стратешките цели. Тие беа вистински предизвици и закани за македонската држава, закани кои не ја одминуваат земјата ни до денес. Сепак, мора да се напомене дека по 2006 година, кога на власт дојде партијата ВМРО ДПМНЕ, до израз дојде новата прагматична политика на претседателот Никола Груевски и неговиот тим, кои согледувајќи ги поранешните погрешни стратешки промашувања, преку институциите на власта успешно почнаа да ги надминуваат проблемите и да се справуваат со сите нови предизвици. Тие ги поставија темелите за да земјата од крајно сиромашна, може да стане крајно „безобразно“ богата. Новата стратегија која ја примени ВМРО ДПМНЕ го измени амбиент во земјата која стана вистинско градилиште. Се привлекуваат инвеститори, се градат нови капацитети во кои се вработуваат млади луѓе, се градат километри нови патишта, се обновуваат болници, се гледа на секој начин да им се излезе во пресрет на потребите на граѓаните, но и на идните поколенија. Денот на независноста - 8 септември е празникот со кој се одбележува раѓањето и се слави опстојувањето на независна и суверена Република Македонија. Ова е празник кој преставува остварување на идеалите на многу генерации, идеал за кој многумина во вековната борба за самостојна и суверена држава ги жртвувале своите животи. Но, 8-ми септември е ден кога се сумираат резултатите. Изминаа 25 години од независноста на државата, години низ кои македонските граѓани покажаа мудрост, а државата зрелост. Македонија покажаа дека е способна да справува со проблемите и да чекори напред дури кога опозицијата и нејзините надворешни поддржувачи поставуваат пречки на секој чекор. Но, сите овие години покажаа дека само сплотени како на 8 септември 1991 година, можеме да ги постигнеме поставените цели и да одиме напред, да изградиеме подобра иднина за сите граѓани на Македонија. Нека ни е честит и вековит Денот на независноста - 8-ми Септември !
|