Среда, 14 Септември 2016   
Нема потреба од паника

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Веќе два дена, по неделниот земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер, последователни замјотреси го тресат Скопје. По серијата од десетина помали земјотреси во понеделникот вечерта уште еден силен земјотрес со магнитуда од 4 стапени по Рихтер го потресе Скопје. Сепак, тоа не се силни земјотреси и се работи за т.н. афтершокови. Искуството, според експертите покажува, дека во скопскиот регион земјотреси со магнитуда од 4 степени се случуваат на десетина години, оние со магнитуда од 5 степени на сто години, додека оние со магнитуда од 6 степени по Рихтер на 500 години.

Во ситуација кога имаме серија од земјотреси нормално очите на јавноста да се свртени кон Европско-Медитеранскиот сеизмолошки завод кој ги забележува податоците за земјотресот, а е поврзан со Сеизмолошката обсерваторија во Скопје и Републичкиот сеизмолошки завод на Србија. На српскиот сајт последната информација која можеме да прочитаме е дека „на 11.09.2016 г. во 15:10 часот по локално време регистриран е земјотрес со магнитуда од 5 степени по Рихтерво регионот на Скопје БЈР Македонија. Интензитетот во епицентарот е проценет на VII степени по Меркалиевата скала. Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат умерени оштетувања на објектите во епицентралните област. И во оваа ситуација, кога вниманието на јавноста е насочено кон земјотресите кои тресат градот,  не може а да не им се забележи како на Европско-медитеранскот центар, особено на Сребите кои иако не имаат признаено под уставно име сеуште ја користат референцата БЈРМ.

Сепак по серијата земјотреси, во Скопје паника нема, иако постои загриженост кај постарите кои живеат на повисоките спратови и кои се сеќаваат на последиците од Скопскиот катастрофален земјотрес од 1963 година, кога повеќе од 1000 граѓани загинаа, а неколку илјади беа повредени. Некои од нив заминаа од  градот, а некои првата ноќ ја поминаа надвор од своите домови. Меѓутоа, најголем дел од населението е свесно дека тоа се афтершокови, дека такви ќе има и во идните денови, но и дека по скопскиот земјотрес најголем број од градбите се градени по стандарди кои можат да издржат и потрес од 9 степени по Рихтер.

Всушност, веднаш по Скопскиот земјотрес во 1963 година преземени се низа мерки и активности за да се изгради град кој може да поднесе и поголеми потреси без да се загрозат животите на населението и материјалните добра. Така во книгата „Скопје град на солидарноста“ (Скопје, 1975), меѓудругото можеме да го прочитаме следното:

„Новиот урбанистички план, вистинско огледало на поубава иднина на Скопје е дело на упорна, осмислена и инспиративна работа на повеќе организации и голем број на истакнати експерти од тогашна Југославија и странство, со асистенција Специјалниот фонд на Обединетите нации. Организатор и носител на работата во врска со изработка на плановите беше тогашниот Завод за урбанизам и архитектура на град Скопје.

Почетната база на урбанистичкиот план предвидувала да планерскиот период опфати 16 години, односно развој на Скопје до 1980 година, со изработка на студија за развој на градот до 2000-та година, потоа да вкупниот број на жители, според демографската студија да изнесува 350.000 (без вонградските селски населби), да територијата на градот, воглавно да ја опфаќа површината на градот од пред земјотресот, вклучувајќи ги површините на новоизградените населби, како и новите површини наменети за изградба на станови и ширење на индустриските зони. Новиот урбанистички план треба да овозможи широк маневарски простор за одредени интервенции и прилагодување на евентуално новонастанати непредвидени ситуации.

Катастрофалните последици од земјотресот во 1963 година, како најзначајни, како и компромисите направени за време на изработката и особено за време на реализацијата на урбанистичките планови на Скопје во минатото беа битни елементи кои укажуваа на следното: а) Да се стави вон сила урбанистичкиот план по кој се развивал градот пред земјотресот и б) итно да се пристапи кон припреми, а потоа и изработи нов урбанистички план на Скопје.

За да се постигнат максимални резултати во општата концепција на обновата и понатамошниот развој на градот беа утврдени и глобалните цели:

1) Обновата на Скопје да се одвива така да се овозможи понатамошен не попречен развој  на градот, а во исто време, да се обезбеди и целосна сигурност на животот, безбедноста и мирот на граѓаните, како и сигурноста на материјалните вредности,

2) Да се обезбедат со урбанистичкото планирање и проектирање современи решенија, така што во рамките на реалните економски можности, за време на проектирањето да се користи нашето и меѓународното искуство, со јасна тенденција Скопје да ги сочува националните и историските карактеристики на главниот град на Македонија.

3) Да се обноват сите објекти кои преставуваат материјална, архитектонска, историска и друга вредност, а особено да се посвети грижа за обнова на културно-историските споменици. За другите објекти, во зависност од степенот на оштетувањето и можноста за вклопување во новите урбанистички решенија, да се одлучи дали ќе бидат обновени или срушени.

4.) Во иднина да се обезбеди таква урбанизација на градот која ќе трнува од претпоставката дека материјалните можности на граѓаните, градот и целата заедница пермаментно ќе се развиваат.

На основа на утврдените глобални цели, се пристапи кон изработка на сестрана студија за дефинирање и утврдување на програмските насоки за понатамошниот развој на структурната и просторната организација на градот, како програмска основа на новиот урбанистички план.

Урбанистичката студија, во чија изработка учествувале голем број институции и поедини експерти од цела тогашна Југославија, воглавно ги содржела  следните елементи: природните услови (посебно, сеизмичка микроорганизација и хидротехничка основа), економска, студија, популациона студија, урбанистичко-архитектонска ситуација, живеење, зеленило, спорт и рекреација, јавни функции (образование и наука, култура, здраство и социјална заштита) сообраќај (железнички, патен, воздушен, воден), планерски период, димензии и организација на градот. Во октомври 1963 год., односно во периодот на припремањето на овие програмски студии, изработени се и 4 прелиминарни концепции на идниот развој и организација на градот.

...И покрај тоа што во Урбанистичката студија се преставени сосема поинакви идеи за можниот развој и организацијата на градот, нејзината вредност е во тоа што се разгледани разни аспекти на проблемот, пред се на идниот долгорочен развој и организација на градот. Истовремено таа послужи и како многу добра основа за создавање на варијанти на просторниот концепт на новиот урбанистички план на Скопје.

.. Цел на просторниот концепт се состоеше во тоа да се добие графичка престава на постигнатото согледување на проблемот и дефинирање на идеите за идниот развој и организацијата на градот и да послужи како основа за понатамошна планерска работа. Просторниот концепт во потполност одговара на целта, така да и денес во целокупната и многу богата документација за новиот урбанистички план има значајно место.

Откако е завршен урбанистичкиот програм, како и првите варијанти на просторниот концепт, почна првата фаза на изработка на урбанистичкиот план со учество на ООН. На основа на припремениот план и описот на стварите, ООН ја одреди фирмата Доксијадис од Грција, која како договорна  страна према ООН, заедно со Заводот за урбанизам и архитектура на град Скопје, кон крајот на 1964 година започна да работи на новиот урбанистички план.

Главните плански поставки на планот за развојот на Скопје биле: процена на сите подрачја оштетени во земјотресот, за да се утврди нивниот понатамошен третман; анализа на општествените објекти од сите области,  испитување на постоечките услови и предлози за потребите засновани на соодветни стандарди, студија за вистинските потреби на основа на собраните податоци и информации, како за период на обновата така и за планирање на долгорочен развој и т.н...   

.. Резултат на овие согледувања е заклучокот дека Скопје во својот развој е ограничен само на Скопската котлина, која во најголем дел е покриена со населби, индустриа и сообраќајни постројки, така да тенденциите на идниот развој во најголем дел ќе бидат насочени југо-исток, приближувајќи се на главниот сообраќајен јазил во правед север-југ, каде се концентрирани автопатот, железничката линија и аеродромот. Овој заклучок бараше навремена контрола и канализирање на веќе интензивниот развој на скопската котлина за да може да му се овозможи во одреден временски период непречен и правилен развој.

.. На основа на заклучоците на Меѓународниот консултативен одбор и заклучоците на Собранието на градот Скопје, користејќи го целокупниот материјал , изработен е дефинитивниот предлог на прелиминарниот основен урбанистички план. Неговите основни карактеристики: а) Планерскиот период е утврден до 1981 година, а градот е димензиониран на околу 350.000 жители. б) Градот во наредниот период ќе се развива воглавно на површините чии граници веќе се исцртани со новоизградените приградски населби; в) Територијата за живеење веќе изградена или предвидена за оваа намена се наоѓа во горе денираните граници на градот. Организационите структури на градот се базирани на станбени единици од 4.000 до 6.000 жители; г) За развој на индустријата се предвидени следните зони, кои веќе во помала или поголема мера веќе постоја: свероисточна, источна, југоисточна и западна. д) Што се однесува до зелените површини, како и површините за спорт и рекреација, поради неповолните климатски карактеристики и високо изразената сеизмичност на скопското подрачје, се предвидува 25 м2 јавно градско зеленило по жител или вкупно 875 хектари, и 120 м2 венградски зелени површини, или 4.200 хектари со тенденција градските и вонградските површини да се прошируваат и ѓ) Предвидено е центарот на градот да се протега на брегот на Вардар, со значително ширење на север...

Кон крајот на октомври 1964 година започна втората фаза на изработка на новиот урбанистички план ма Скопје, повтоирно со учество на ООН, преку организацијатакоја ја избра ООН – Доксијадис од Атина и Полсервис од Варшава, како и Заводот за урбанизам и архитектура на Скопје, кој го усвои Собранието на Скопје во 1964 година, како повеќе посебни стидии.

На картата на сеизмичка микрореонизацијата издвоени се зоните со интензитет од осум и девет сеизмички степен по МЦС скалата. На картата за микрореонизација се издвоени и субзони, осначени со знаците „+“ и „- “ . Занкот „+“ укажува на очекуван максимелен интензитет на означениот степен, додека „-“ означува извесно смалување на сеизмичкиот степен на максималниот интензитет.“  

Така врз основа на сите параметри и анализи се вршело планирањето, а потоа и изградбата на градот. Во врска со проширување на границите на градот Скопје каде до крајот на минатиот век се планирало да се сместат 700.000 жители, бројка која е максималниот домет на градот, а базирана на претходните анализи за проширување на градот и пропорционалните односи на населението во главниот град и Македонија, во Скопје започнаа да се градат живеалишта кои можат да издржат посилни земјотреси. По независноста на Македонија, по одреден краток период, повторно се води грижа за ваквите поставени стандарди при изградба, што укажува дека нема простор за паника, а населението може да биде спокојно и мирно да спие во своите домови, но и да ги почитува препораките во случај на земјотрес.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.