Среда, 21 Септември 2016   
Прилепчани се плашат од поплави

rubinco Јованоски

Дипл.Екк.Рубинчо Јованоски од Прилеп

По прочистувањето на Избирачкиот список, формирањето на ад-хок телото за следење на медиумите во текот на изборниот процес, поставување на Главен уредник на информативната програма на нациоиалниот сервис на МРТ и што е најважно со формирањето на Техничката Влада се чувствува развиженост во Градот под марковите кули во пресрет на вонредните парламентарни избори закажани за 11 декември оваа година.

Првичните информации говорат дека плавите момчиња уште на самиот почеток се судруваат со најгорливиот проблем, а тоа е обезбедувањето на место на Пратеничките листи кое истото ќе биде добитно за поддржувачите на т.н. шарена револуција. Во оваа прилика само да нагласам дека прилепската шарена револуција под плаштот на нерегистрираното здружение "Протестирам" и со паролата нема правда - нема мир неколку месеци маршираа по прилепските улици и направија голема штета на новата Општинска зграда каде надворешниот изглед на истата го "Нагрдија"со мрсна боја и јајца. Шарените ги предводеше не цивилизираниот адвокат кој во оваа прилика не сакам ниту името да му го спспоменам.

Сигурно нецивилизираниот адвокат чека добитно место на пратеничката листа на најголемата опозициона партија СДСМ на чело со аболицираниот лидер Зоран Заев, алијас Зоки фантомчето. Апетитите на нецивилизираниот адвокат не застануваат тука, него, истиот би сакал и да има место и во извршната власт како по 9 последователни горчини на поразите конечно зајачето и неговите поданици ја почувствуваат сласта на победата против лутиот ривал и актуелен носител на македонската политика како на внатрешен така и на надворешен план на чело со ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот ревносен лидер Никола Груевски.

Во игра за пратенички места се и универзитетскиот професор и приватен бизнисмеи и актуелен пратеник во Републичкото собрание, Хари Локвенец кој иако, со своите сопартијци протестираше и беше надвор од Законодавниот дом земаше редовно пратеничка плата. На претпоследните парламентарни избори кога лидер на СДСМ беше мецената Б.Ц. нарцисоидната личност Хари Локвенец шеташе по прилепските улици и делеше локум, кафе и наполитанки. Неговата поразителна кулминација беше убедливиот пораз на последните локални избори во 2013 година од актуелииот татко на градот над Марковите кули, Г-динот Марјан Риетески. Во таа прилика Хари ветуваше 500 акумулации, 5000 нови вработувања и 5.000.000 евра свеж странски капитал.

Во тоа време прилепскиот електорат си поставуваше прашање каде ќе ги гради нарцисоидната личност 500-ните акумулации кога Градот херој Прилеп е жеден за вода?

Па така, проциркулира во јавноста една анегдота со молба до Хари "немој' да градиш 500 акумулации оти ни е страв од поплави".

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.