Среда, 21 Септември 2016   
Зоран Заев председателот на СДСМ сака да ги наруши македонско-албанските односи

mane jakovleski 1

Манојил (Мане) Јаковлески

Социјалдемократите ја туркаат земјата во нов конфликт

Планот за дестабилизација на Македонија и преземање на власта со формирање на марионетска влада на чело со СДСМ не успеа, па сега свесни дека народот нема да им дозволи да успеат на договорените избори во ноември, свесно одат на нова дестабилизација на земјата. Сега, за да ги придобие гласовите на Албанците, лидерот на СДСМ ја турка двојазичноста на целата територија на Македонија, нешто што македонскиот народ не може да го прифати. Со оглед дека албанските партии се сите за двојазичност во цела држава, ваквите постапки на лидерот на СДСМ Зоран Заев свесно ја туркаат земјата во дестабилизација и конфликт од пошироки размери.

Македонскиот народ не посакува судири, сиромаштија и корупција, каква што му ја пружија Социјалдемократите додека беа на власт. Тој сака стабилност, вработување, редовни плати и пензии, како и прогрес на земјата, со што на младите ќе им се обезбеди подоброа иднина. Сето тоа им го понуди и им го даде владеачката партија ВМРО ДПМНЕ и затоа народот не дозволи да се спроведе планираниот пуч, а нема да дозволи промена на власта и на наредните избори.

Но, заслепени од борбата за власт и поддржани од чадорот, СДСМ продолжува со стратешки промашувања и ветувања кои можат да предизвикаат поголем конфликт не само во земјата туку и на Балканот. Со Законот за државјанства донесен по осамостојувањето, кој овозможи лица со потекло од Косово да се стекнат со македонско државјанство, Социјалдемократите придонесоа до менување на етничката слика во земјата и оспорување на македонскиот нацинален карактер на државата и територијалниот интегритет. Сето тоа, како причинско-последична врска го видовме во 2001 година, по објавувањето на прислушуваните разговори, конфликтот и Рамковниот договор, а подоцна и Законот за новата територијалната поделба.

Сега, како кулминација од кујната на СДСМ, е најавата на нивниот лидер за воведување на двојазичност на целата територија на земјата. Ваквата најава, која може да го доведе во прашање идентитетот на македонскиот народ и губење на македонската држава, преставува опасна игра на еден македонски политичар.

Заев со оваа изјава едноставно може да испровоцира радикализирање на политиките на албанските партии во државата и предизвикување до граѓанска војна.

Не случајно, откако претседателот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека нема ништо против ако се воведе двојазичност на целата територија на Македонија и по реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ дека такво нешто нема да прифати, се јави и Зијадин Села, градоначалникот на Струга и претседател на Движењето за реформи на ДПА. Тој ќе изјави дека „ако за ВМРО-ДПМНЕ албанскиот јазик не е рамноправен со македонскиот, тогаш Македонија нека се подели на две федерални единици – албанско и словенско говорно подрачје“.

Ваквото размислување на Села го споделуваат и други албански политичари, меѓу кои и од владеачката албанска партија ДУИ, кои сметаат дека тоа треба да се регулира со Уставот и Рамковниот договор. Но, токму овој пристап, со која македонскиот јазик нема да биде единствен службен јазик, се доведува во прашање македонскиот идентитет и карактерот на државата.

Всушност за каков соживот би говореле доколку албанскиот стане и втор официјален јазик на целата територија на Македонија и кога секој би си зборувал на својот мајчин јазик.?

Како тогаш ќе се разбереме, како ќе одговориме на разните предизвици ако зборуваме на различни јазици и дали така ќе го подобриме соживотот? Сигурно дека нема, тоа би бил разговор на глувите и јазот ќе стане поголем, а тоа би водело кон целосна дезинтеграција на земјата.

Многу подобро можеме да се разбереме, кога секој македонски граѓанин без разлика на својата етничка припадност го говори официјалниот македонскиот јазик. Исто како што секој кој заминал во некоја друга држава го учи и говори официјалниот јазик на земјата каде престојува, односно како што е според стандардите за сите етничките заедници во секоја нормална држава во светот и во соседна Албанија.

Инаку, употребата на албанскиот јазик е решена со Рамковниот договор од Охрид, а правата за користење на јазикот кои ги има албанската етничка заедница во земјата се многу поголеми од било кои дадени стандарди во Европа и светот.

Едноставно, праксата покажа дека овие права треба да се изедначат со европските, а не уште да се зголемуваат. Но денес, било какво укинување на веќе стекнатите права би довело до тензии.

Сепак, останува прашањето зошто Зоран Заев ова го прави, зошто води антимакедонска кампања?

Ако е свесен дека ова тешко ќе го проголта македонскиот народ, дека Албанците пак ќе гласаат за албанските партии, зошто со отварањето на ова прашање Зоран Заев председателот на СДСМ сака да ги наруши македонско-албанските односи?

Тоа не‘ носи назад кон т.н. бомби и надворешните поддржувачи кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија и да воведат марионетска влада. Односно влада која ќе ги спроведува нивните замисли и ќе ги задоволат албанските аспирации како „најголеми чувари“ на нивните интереси на Балканот.

Сите бевме сведоци како преставниците на дел од меѓународната заедница ја продолжуваа политичката агонија во земјата, очекувајќи дека нивните избраници лесно ќе дојдат во позиција да влезат во власта и ќе овозможат федарлизација на земјата, поделба, бришење на македонскиот идентитет и затворање на македонското прашање еднаш за секогаш. Но, тие беа изненадени од неочекуваниот отпор од македонскиот народ, па сега преку својот пулен се обидуваат по секоја цена и со порадикални чекори да дојдат до целта.

Меѓутоа Македонскиот народ одамна ги прочита Зоран Заев, СДСМ и нивните надворешни поддржувачи и нема никогаш повеќе да дозволи нивно доаѓање на власт.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.