Среда, 28 Септември 2016   
ХЕЛЕНИТЕ СЕ СЛОВЕНИ. ВОЛНАРИТЕ СЕ ХЕЛЕНИ, ВЕЛЕНИТЕ СЕ СЛОВЕНИ.

branko-sotirovski

Автор: Бранко Сотировски
www.zetamacedonia.com

Современите истражувачи – историчари се обидуваат именката ХEЛЕНИ да ја анализираат и толкуваат на повеќе начини. Некои пак не се ни обидуваат да помислат за нејзиното значење и по кој повод именката Хелени е употребувана во минатото и денес. Тие само слепо ги препишуваат веќе сервираните точни или неточни анализи. Но, според дешифрирањето на скриените пораки и нивната анализа на артефактите ширум светот, обработени во книгата Зета Македониа, може да се дојде до следните заклучоци.  

Кога нема ништо во еден простор, тоа значи го имаме самиот простор, а тој простор е од нешто. Просторот во кој немало ништо сепак имало во него темнина и светлина. Темнината е светла, а светлината темна. Тој простор е Мајка Мадона Господарка, која никогаш не е родена и никогаш нема да умре. Таа Мајка е Мајка Куќа во која се наоѓа светлото и темното. „Мајката Куќа го раѓа божјиот ПОГЛЕД. Божјиот Поглед се вселува во усните на мајката Елена, која го раѓа Богот Сонце ИЛИ како дел од едно божество, составено од повеќе Сонца во вселената, а околу секое сонце се раѓа по една земја Македонка.“ (Извадок од книгата Зета Македониа од Бранко Сотировски).

Мајката куќа Земјата Македонка, оплодена од Бог Сонце ИЛИ, ќе го роди бебето (во минатото именката за бебе била ИС), нарекувано според Таткото Сонце ИЛИ Илион, а според Мајката Куќа Македонка Македон. Илион – Македон по неговото полнолетство ќе биде рамноправен на својот татко и тој ќе се именува како Господин, Господар, ГОСПОД на Земјата - наречена Мајката Куќа Македонка.

Таткото ИЛИ на ден XXII-ри март ќе го ожени својот син Илион-Македон  со невестата Лира (земјата на сончевите зраци ИЛ). Од тој ден тој ќе биде прогласен за единствениот кој комуницира со својот татко ИЛИ, од кого го прима вкупното знаење и од тој ден ќе биде Зет Господ владетел на државата Зета Македониа.

Македонскиот народ, како единствен бел човек на Земјата, преку Зетот го прима словото божјо, (што претставува јазикот, писмото, науката и верата православна). Зетот, вкупното божјо знаење го пренесува на својот народ од родот ЛАВРОД, кој живее по теченијата на реките низ целиот свет.

Во источна Кина (според книгата „Зета Македониа“ се викала Зета Македонија Востанија), живееле Македонци по течението на реките од родот на лавот. Една од поголемите планини во централна Азија е планината Х’ЛАНШЕН 贺兰山 Hèlánshān (изговор-х’лајншен). Се смета дека зборот е монголски. Коинциденција или не, тој збор е составен од два македонски збора. Со озвучување на апострофот, ќе биде ХеЛАНШЕН. Хелан или елен е персонификација на сончевиот зрак ИЛ, што претставува дух божји Македон. Шен или шум е слово божјо кое пристига преку шумот на лисјата од дрвјата.

Името на планината кореспондира на македонското верување. Имено со благородното животно еленот, Македонците го персонифицираат сонцето, оттука произлегува дека таа планина за Македеонците е света сончева планина.

Меѓу 500 цртежи на камен, еден од нив е и цртежот на елен со скриена порака.

zeta11
Зета Македониа Востаниа централна Азија (денес наречена Кина), 132.000 – 42.000 години македонска ера пред појавата на Христијанството, планина  “贺兰山岩画”  Hèlánshān (Х’лајншен). Дешифриран текст „ИЛЕ”, предземен од книгата „Зета Македониа”, стр.264

Коинциденција или не, овој термин се среќава и на југот од Македонскиот Полуостров.

За таа цел ќе наведеме два цитати (Предземени од трибината од Наде Проева „Идентитетот и етничноста на антиката“).

Тукидит во погребната беседа за Атинскиот полис Пеликие, 499 г. македонска ера пред појавата на христијанството вели: „Нашата држава (Атина) служи како училиште на хелада-хелените“. (Предземено од трибината од Наде Проева „Идентитетот и етничноста на антиката“)

Исократ IV-ти век, пофално слово: „Нашата држава толку ги остави зад себе другите луѓе, во поглед на начинот на мислењето и на говор, што нејзините ученици станаа учители на другите, и придонесоа за тоа името на Хелените, да не изгледа повеќе како име на народ, туку како одбележје на култура. Така што Хелени се нарекуваат, поправо оние што учествуваат во нашата образованост, отколку оние што се од исто потекло“.

Овие два цитати, сомнителни по веродостојноста уште од самиот почеток на нивното создавање, поради ново – создадениот народ Хелени и ривалството со божјиот народ Македонците и нивниот јазик писмо и вера стара најмалку 400.000 г.

Еве еден пример за јазикот, писмото и верата македонска на југот од Македонија.

zeta11-2
Равенија – Беломорска Македониа 6.500 – 3.000 г. македонска ера пред појава на христијанството.

(Дешифриран текст: „Оплодена мајка природа”, предземен од книгата „Зета Македонија” на стр.105; фотографија извор: Пιεριδων Στεφανος: Πυδνα, Μεθωνη και οι αρχαιοτηιες της βορειας Πιεριας Ματθαιος Μπεσιs  Αρχαιολογος стр 460)

zeta11-3
Печат во форма на Сонце, цут, роза, пролет. На печатот пишува: „ГЛЕДАМ, ВИДЕНА Е (ОПЛОДЕНАТА) МА ТАА ВО УСНИТЕ БОЖЈИ, И САМО БОЖЈИ“.  (Извадок од книгата Зета Македониа, дешифриран текст: „Оплодена мајка природа” стр.105).Овој и многу други артефакти се доказ за постоење на македонска словарница пред таканаречената хеленска.

Според истражувачот Милош Линдро: „Буквата „X“ ( ) се чита на два различни начини, и тоа како „Х“ и како В = Вита. Од тука произлегува дека името Хелен треба да се прочита Велен, или Херодот би требело да се прочита Веродот. Именката велен е со значење ВЕЛЕНЦЕ= МАЛА ВОЛНЕНА ПРЕКРИВКА како ќилим. Зборот ВЕЛЕН означува волна, власи или коси. Означува луѓе планинци што носат облека од влакна и тоа, груби козји влакна. Може да означува и луѓе кои се влакнести по целото тело.“

Зборот ВЕЛЕН во околината на Штип го има следново значење: Во однос на луѓето, тој е ВЕЛЕН во смисла на озборуван или величан, славен. Зборот „велен” произлегува од зборот СЛОВЕН, затоа што зборот „Словен” во однос на луѓето, означува славен или луѓе кои го знаат словото божјо. Треба да се знае дека именките: Велен, Словен, Славен, Хелен не се термини за народ, тие се термини за човекова особеност изразена преку божја милост.  

Значи доаѓаме до заклучок дека, во јужниот дел на Македонскиот Полуостров луѓето кои се нарекувале ВЕЛЕНИ се всушност СЛОВЕНИ, а луѓето кои биле црни и влакнести, (безимени од семитско арапско потекло) се нарекувани ВОЛНАРИ, всушност тие се ХЕЛЕНИ.

zeta11-4

Ако се запрашаме зошто Македонците Велени – Словени и асимилираните семити Волнари – Хелени се откажуваат од македонското потекло, ќе наведеме три причини, а тие се општествените, политичките и верските вредности.

Македонското општество било најстаро и најорганизирано општество уште од пред 400.000 години. Политичката доктрина била ориентирана кон обединување и глобализација на Зета Македониа. Првиот глобализатор на светот кој со успех ја спровел бил ДОН, ДИОН, ДИОНИС.

Македонската вера била православна, со верба во единствен Бог Сонце ИЛИ и верување во реинкарнација. Тоа е вера на директна врска - татко со син, а врската била под права линија и  по најкус пат од врвовите на планините. Синот Илион-Македон на тој начин го прима вкупното божјо знаење.

Со овие три вредности не можеле да се помират Македонците одродници во Зета Македониа Европа. Тие со сета сила со илјадници години се одделуваат од централната власт на Зета Македониа, формирајќи самосоздадени племенски заедници, МЕНУВАЈЌИ ГО СВОЕТО ИМЕ И ЈАЗИК. За жал неуспешно. Македонскиот јазик, писмо, вера и култура како Македонска ера, ера на МАКЕДОНИЗМОТ, трае до денес, кај сите племенски заедници во светот. Нивната политика е Зета Македонија да се исцепка на помали држави. Се откажуваат од својот бог ИЛИ, формирајќи многубожји религии, како таа последната наречена христијанство. Македонците одродници, се откажуваат од македонското име поради грешка во проценката, мислејќи дака македонската култура нема повеќе што да понуди за присвојување.

Македонците од територијата на Македонија, како деца божји, свесни или несвесни за улогата на Земјината Топка, се преносители на божјото слово и сеуште го примаат од Бог неисцрпното Божјо ЗНАЕЊЕ-Слово. Бог ИЛИ сеуште не го кажал последниот збор.

За да биде еден народ, народ, мора да има свој јазик писмо и религија. Затоа денешните таканаречени Грци со закон се навраќаат кон исконскиот говор на нивните претци Македонците, што значи тој е дури поблизок до денешниот македонски јазик. Денешниот јазик на јужниот сосед е 80% со македонски зборови.

Нивната словарница изменета и сиромашна со одредени букви е направена по урнек на македонската словарница на ЦУТОТ - кирилицата, а македонската монотеистичка вера во Бог Сонце ИЛИ, ја менуваат во многубожја митологија.

Од ова сето погоре кажано, може да дојдеме до заклучок и тоа: Дека не постои народ Хелени. Дека самонаречените Хелени се всушност СЛОВЕНИ, измешани со Волнари, безимени луѓе од семитско арапско потекло. А според тоа што именката Словени не е термин за народ, јужниот сосед како и сите други на Македонскиот Полуостров и Зета Македониа Европа се МАКЕДОНЦИ.

(Книгата „Зета Македониа“ ја нема во продажба. Таа може да се купи од авторот на меил Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  или на телефон +389 78 264 106. Наскоро второ дополнето издание но и верзија на англиски јазик. За повеќе информации посетете ја страната www.zetamacedonia.com).

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.