Среда, 05 Октомври 2016   
А каде се парите?!

kostadin-kepricovski-22
Костадин Керпичоски

Се чудам, се двоумам, се мислам дали е грев господе ако прашам каде се потрошени моите, народните пари?!

Дали е навистина мобинг ако некој пратеник праша каде се потрошени народните пари?!

И така исфрустрирано Јаница Катева ја напушти седницата со закана дека веќе никогаш око нема да и видиме како што не ги видовме ниту парите.

Финансирана од мојот, од вашиот џеб, од народни пари, за една година постоење милионска сума потрошена, што за предмети што за по кафеани и на крај нема отчет!

Да, СЈО е формирана со потпис на четирити политички партии но како институција одговара пред собранието на Република Македонија и пратениците во него.

На прашањето каде се потрошени парите од буџетот предвиден за оваа институција Јанева Катева се прави “будала”, вели и се вршело мобинг на работно место и психички и физички сме ја малтретирале.

И навистина, таман си седнале во ресторан да направат по една шопска и ракиичка и оп некој новинар сака да фотографира-МОБИНГ!

Или таман порачале ширден со колешката и оп некој пратеник прашува од кои пари е платен ширденот-МОБИНГ!

Мобинг си е мобинг, дали е на работно место или не не е битно.

Всушност зошто Јаница да се правда пред некого кога и платата и е енормно висока, премногу висока за наши Македонски стандарди!

Мене не ме боли за неа уво, но ме боли тоа што тие живеат богато и на висока нога со парите од граѓаните, со народните пари, со пари кои преку даноци ние Македонските граѓани треба да ги исплаќаме, а за возврат што добивме?

За година дена две обвиненија “мачкина кашлица” сега пред некој ден уште едно со име слично на “титаник” а изгледа сите тие обвиненија ќе потонат како “титаник”.

Г-ѓа Јанице, каде се потрошени народните пари?

Кој тоа прислучкувал, дали се вклучени странски служби и кој ги продавал тие материјали на странците кои сега секој ден ги објавувааат со цел да рекетираат?!

Година дена, одговор нема, од Јаница и СЈО ни трага ни глас, како неми да се пред нас народот!

Да не заборавам, едно самоубиство на сведок...

Доволно зборува досегашната работа за неуставната институција СЈО!

Всушност време е навистина Уставниот суд да се прозинесе околу уставноста на СЈО!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.