Среда, 05 Октомври 2016   
Политички диверзанти

Meri-Georgievska
Д-р Мери Георгиевска

Технологијата на политичките диверзии познава цело богатство на методи и техники на изведби. Така на пример, политичкиот субјект јавно задолжен да биде task force за изведба на некој план, всушност е мајстор да го осуети истиот. Пример­: Целата европска дипломатија во почетокот на 20-от век од петни жили сакаше да ги спроведи Миртцешките реформи во Македонија, а истовремено правеше сè да се осуетат и никогаш да не се спроведат! Реформите и ден денес чекаат да се спроведат.

Другарот Тито од уста не го вадеше комунизмот сè додека под негово водство комунизмот не започна да се распаѓа...Неговиот ученик Киро Глигоров од Република Македонија направи ПРЈМ, наВодно само за два месеци и тоа го мислеше искрено зошто беше за секој случај длабоко убеден дека ПЈРМ нема да трае подолго!

Македонската социјалдемократија ја уништи работничката класа полошо од секој фашизам, воведувајки сурова првобитна акумулација на капиталот.

Сè на сè, оваа метода на политичка диверзија произведува дела со опасна фабричка мана, која може да се активира по желба на нарачателот.  Моменталниов тренд за кој овде станува збор ден из ден станува универзален, француски клуч, истовремено арамиски калауз на политиката како таква, односно како никаква. Денес дојдовме дотаму кога по желба на нарачателот, демократијата наместо со избори да се воведува со бомбардери, а политичката диверзија со која треба да се уништи државата се нарекува промена на режим. Соодветно, ако демократијата се воведува со бомбардери, тогаш на диктатурата и преостанува да се воведе со избори! Ако демократијата продолжи да се воведува со бомбардери, диктатурата ќе биде присилена да се брани со бојни отрови.

Монструмот е на дело.

А, вие шарени, делирично халуцинирајки дека ја уривате власта во државава, ја уривате самата Држава. Слепи за својата ропска иднина, додека го скрвнавите минатото, вие ја сечете гранката на која седиме сите ние заедно. Ем сакате да сте внатре во Собранието, ем го бербатите однадвор. Ако толку сте обземени од вашиот панаѓурски бес што ја мразите државата, тогаш, бидете мажи, имајте муда и признајте дека во себе и вон себе сте се одрекле од своите татковци, дедовци и прадедовци... Набргу, ќе даде Бог, ќе разберете дека и тоа откажување од нив, било бесмислено. Попусто ќе ги продавате по промотивни цени, но никој нема да сака да купи предавничко семе.

И бидејќи веќе очигледно е дека шарените се само памучето после применета инекција, и дека не треба да им се дава значење, и ова беше премногу. Тие улетуваат само кога треба да се одложат изборите, односно само кога лидерството на СДС ќе се освести од мамурлукот од преголемата доза на алкохол и останати барбитурати и ќе сфати дека нема програма и за овој трет обид на in vitro демократија.

Но, никако не можам да се начудам кој ќе гласа на следните избори за човекот кој единствената цел му е да не изложи сите нас. Во името на демократијата, веќе две години ја изложува државава кон тотален колапс на демократијата.
Другари и другарки, комунофашисти, што сакате да продуцирате после овој статус на темница во кој ја внесовте Македонија? Вашите намери се проѕирни. Темницата е моментот на инкубација. Што инкубирате сега? Во секоја темнина се инкубира некој процес кој треба да излезе на светлина. Да не случајно мислите дека инкубирате ново дете на слободата? Вашата „слобода“ е затруена од илузии. Вашиот поим за „слобода“ станува идеално место за понижување. Како не сфаќате?

Туку да се вратам на темата. За било што во природата да излезе на светлина, неопходна е темнина. Дали тоа во утробата на вашата најнова изборна програма го инкубирате вашиот конторлиран хаос, кој треба да излезе на светлина во облик на неконтролиран хаос според вашето сценарио? Дали инкубирате диверзија на изборите на 11-ти Декември? Дали инкубирате терористичка оргија врз својот народ- најголемото предавство и поделба на Македонија? Можеби инкубирате време во кое треба да се редуцира моменталната власт и изборот да се сведе на избор помеѓу поголемото и помалото зло, по примерот на вашиот лидер -„Сад му је матер“? А?

Или инкубирате општество во кое ќе биде возможно сè, за да не биде возможно ништо?!

Македонскиот народ одамна мисли со своја глава. Нема да ви поминат на ниту еден шалтер налозите за нашето уништување, искоренување, асимилирање, трансформација, пререгистрирање и преименување на нас и нашата Татковина.

Нашиот народ кој е длабоко и милениумски врзан со земјата врз која опстојува, и наспроти сите историски бури, можете да го наречете како сакате, но само во вашите соништа.

Вие инкубирате ветер на магла, другови и другарице, и што и да ви кажам повеќе ќе ве изложам.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.